Контакт

Спорт

(Видео) Халанд го декласира Ливерпул

Објавено пред

Манчестер Сити го декласираше Ливерпул со 4:0 на „Етихад“ и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Натпреварот го одбележа фантастичниот Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик, додека трагичар на натпреварот беше Мохамед Салах, кој, меѓу другото, промаши пенал. Тоа беше еднонасочна игра во која Ливерпул претрпе еден од најтешките порази во сезоната, пишува „Скај Спортс“.

Откако Халанд ја најави катастрофата на гостите со два гола во првото полувреме, Сити продолжи во ист ритам и во второто полувреме. Веќе во 50-та минута, Семењо го зголеми резултатот на 3:0, а само седум минути подоцна, Халанд го комплетираше својот хет-трик за 4:0.

Додека Сити доминираше, Ливерпул ги пропушти своите ретки можности, а Мохамед Салах беше „главениот актер“.

Египќанецот пропушти одлична можност во 55-та минута кога топката му „слета“ на левата нога во шеснаесетникот, но тој ја испрати високо над голот.

Кулминацијата на неговата лоша игра се случи во 64-та минута. Откако Екитике беше соборен во шеснаесетникот, Ливерпул имаше шанса да постигне почесен гол, но ударот на Салах од пенал беше прочитан и одбранет од голманот Трафорд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Даниел Јовановски: Можно е да играм за Македонија

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон

Шест дена по историскиот настап на Лина Ѓорческа на завршниот турнир во Вимблдон, на семафорите низ игралиштата на Вимблдон повторно можеше да се прочита едно македонско име и презиме. Иако, знамето кое стоеше пред него беше на Австралија, името на нејзиниот претставник Даниел Јовановски јасно укажуваше дека станува збор за „наш човек“.

Даниел Јовановски е осумнаесет годишен тенисер од Мелбурн, кој на овој Вимблдон по прв пат настапи во јуниорска конкуренција. Повредата на рамото беше една од причините за својот настап да го заврши во втората рунда, иако резултатите кои ги има постигнато и кои го квалификувале да може да игра на Вимблдон, го правеа за еден од фаворитите во сенка. Тој и во разговорот за Макфакс тоа го истакна:

„Пред Вимблдон многу тренирав со мојот тренер и мојата желба беше да се обидам да го освојам турнирот.“

Почетоците во тенисот за овој талентиран играч се типични како и за секое дете кога почнува да го осознава спортот и да истражува кој најмногу му одговара. Како ни објаснува неговата мајка Бети, која го следи на сите подалечни патувања, како малечок Даниел подеднакво сакал да игра фудбал и тенис. И на четиринаесет годишна возраст, од Тениската федерација на Австралија му било укажано дека треба да се реши на кој спорт ќе се посвети. Даниел го избрал тенисот.

Дека одлуката била вистински избор се покажало веднаш наредната година. На 15 години тој учествувал на државен турнир за јуниори до 16 години, на кој, иако бил најмлад тенисер, победил. Со тоа се стекнал со вајлд кард за главниот жреб за Австралија опен. Оттогаш неговата кариера оди само во нагорна линија, успевајќи на 13 април 2026. да го постигне својот најдобар ренкинг во кариерата, со 25-то место на јуниорската листа, со што станува и најдобро рангиран австралиски јуниорски тенисер на ИТФ листата.

 

На овој турнир во Вимблдон, остави впечаток на комплетен млад тенисер, кој, како што вели, во иднина треба да работи на некои детали како би ја унапредил својата игра.

„Мојата игра се карактеризира со многу силен сервис, напаѓање и агресивна размена на удари, што е многу полесно на трева, каде топчето се движи многу побрзо отколку на другите подлоги. Затоа и тревата ми е најомилена подлога. Што се однесува до сервисот задоволен сум колку е силен, можеби ми недостасува малку да поработам на неговата техника. Она што ми е проблем, и што би сакал да го унапредам, е пред сè во главата, сакам да бидам ментално постабилен, да сум како Ѓоковиќ.“

Самото спомнување на Новак Ѓоковиќ неизбежно го наметна прашањето дали има идол во тенисот.

„Ноле ми е инспирација да се стремам да бидам како него бидејќи е неверојатен во неговата игра. Мислам дека неговата најголема предност е во главата, бидејќи е способен да постигне толку многу, на така едноставен начин. Изгледа како без напор речиси сè да погодува. Многу бев среќен кога на последниот Австралија опен бев одреден да му бидам спаринг-партнер на последниот негов тренинг пред полуфиналето против Јаник Синер.“

Тенисот е ексклузивен спорт, а Даниел е исклучиво семеен проект на неговите родители Тони и Бети (тие се втора генерација на македонски иселеници, по потекло од Битола). Тоа го објаснува и неговата мајка:

„Ова е прескап спорт ако треба да го финансираат само родителите. Ние ја напуштивме Австралија од 5-ти мај, прво бевме на Ролан Гарос, па сега на Вимблдон. Повеќе од два месеци сме надвор од дома, во хотели и тоа е многу скапо. Само овие два месеци не чинат околу 30.000 евра. Сè што е постигнато е исклучиво од нас родителите, бидејќи немаме никаква поддршка од австралиската тениска федерација.“
Како поткрепа на овие зборови, во разговорот се вклучува и Даниел, потсетувајќи се на своите почетоци:

„Во тоа време никој не го забележуваше мојот талент, како да бев запоставен. Секој пат одев сам да играм, никој не ме поддржуваше. Единствено татко ми и мајка ми видоа нешто во мене, видоа некаков потенцијал и целосно се посветија на мене, за што сум им многу благодарен.“

Жртвата на родителите Тони и Бети е дотолку поголема, што кога им се родил најстариот син Николас, Бети решила да ја напушти добро платената работа како менаџер во банка, за целосно да им се посвети на своите деца. После Николас, се родиле Даниел и најмала ќерка Ени.
„Кога почнаа да доаѓаат децата, јас ја напуштив работата бидејќи не сакав други да ми ги воспитуваат. Едноставно, сакав да ги гледам како растат и да знам дека сè што е добро или, можеби, лошо кај нив е наследено од нас родителите, додека сопругот, кој работи како финансиски брокер, ја презеде обврската сам да обезбедува материјална сигурност за семејството.“

На Даниел претстојниот УС опен во септември ќе му биде и последниот гренд слем турнир на кој ќе настапува како јуниор. После тоа, влегува во „светот на возрасните“, каде ќе треба да се бори за својот ренкинг со учество на турнири. Неговите идни планови се да го комбинира образованието со тенисот.

„Од август се селам во Америка, во Ноксфил, Тенеси, на колеџ, бидејќи добив стипендија за четири години. Таму ме очекува многу тренирање. Целиот живот тренирам и добро ќе биде што ќе продолжам и на колеџот со тренинзите. Желбата ми е еден ден да стигнам до врвот. Сакам да бидам број еден во светот, но тоа е доста далеку. Треба да се направат многу мали чекори за да се постигне тоа, не е само да се рече дека сакаш да бидеш број еден.“

Како и на секој друг млад и амбициозен човек, кој е на почеток на кариерата, така и на Даниел може да му се посака само небото да му биде граница во остварувањето на соништата. Сепак, предизвиците и очекувањата од идните настапи може да не бидат онакви како планирал. Оттука, и прашањето дали размислувал да игра за репрезентацијата од каде му се корените.

„Тоа секогаш ќе биде тема за дискусија. Јас ја сакам Австралија, но, исто така, ја сакам и Македонија, бидејќи од таму ми е потеклото. Засега, сè уште сум задоволен од она што ми го нудат во Австралија, но никогаш не се знае каде нè носи иднината. Ако не сум задоволен од статусот, Македонија апсолутно останува како опција во мојата тениска кариера.“

 

Во ист правец е и одговорот на неговата мајка:

„Ние имаме размислувано Даниел да игра за Македонија. Можно е да се смени репрезентацијата, бидејќи баба му и дедо му се со македонско потекло. Но, не само тоа. Даниел има многу силно чувство на Македонец, ако го праша некој што е по националност тој ќе рече Македонец. Но, и сите ние така се кажуваме. Исто така, тој е и голем верник. Кога беа мали, јас ги носев во нашата црква, и оттогаш тој многу верува во Господ, а Божиќ и Велигден секогаш се слават во нашето семејство согласно православните обичаи.“

Со оглед дека пред Даниел престои испишување на нови страници во неговата кариера, веруваме долгогодишна и успешна, можноста која се укажа од неколкудневните средби на Вимблдон, ја искористив да го изненадам со еден подарок: дресот на ракометниот клуб Вардар, кој го носеше Владо Недановски во победничкото финале во Келн во 2017. година.

„Од шампионите за идниот шампион!“ – беше мојата порака.

Даниел, свесен за вредноста и важноста на подарокот, вети дека во годините кои претстојат внимателно ќе го чува, а кога ќе дојде време и тој ќе му го подари на некој млад, талентиран македонски спортист, кој штотуку ќе зачекорува на светските борилишта.

 

Текст и фото: Ненад Живановски – Столиќ

Прикажи повеќе...

Спорт

Јамал: Франција треба да се плаши од нас

Објавено пред

Првата полуфинална двојка на Светското првенство ја формираа Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се игра на 14 јули во 21 часот во Арлингтон (Далас).

Французите го победија Мароко со 2:0, а Шпанија беше подобра од Белгија и триумфираше со 2:1.

По победата над Белгијците, најдобриот играч на натпреварот според ФИФА, шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал ​​го окарактеризира претстојниот дуел со Французите како средба на двете најдобри селекции на првенството.

„Тие треба да се плашат од нас. Веќе ги елиминиравме. Искрено, мислам дека сме двете најдобри селекции на Светското првенство, но воопшто не се плашиме од нив“, рече Јамал.

Како го коментира дуелот со Белгија?

„Многу сме среќни. Сакаве да стигнеме до крајот на Светското првенство. Среќен сум. Бевме подобриот тим, а голот ни остави чудно чувство, бидејќи падна кога игравме најдобро што можевме“, заклучи Јамал.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Куртоа: Можеби го одиграв последниот меч за Белгија

Објавено пред

Тибо Куртоа го напушти натпреварот против Шпанија поради повреда, а откако беше елиминиран од Светското првенство, зборуваше за својата иднина во репрезентацијата.

Искусниот голман мораше да му отстапи место на Сем Ламенс, во 70-та минута. Лошата реакција на Ламенс во 88-та минута му овозможи на Микел Мерино да го постигне голот за победа.

По натпреварот, Куртоа навести дека можеби ќе се повлече од репрезентацијата.

„Што се однесува до мојата иднина во репрезентацијата, ќе видиме. Би сакал да направам пауза од Лигата на нации, бидејќи тоа не е најважното натпреварување и да се вратам за квалификациите за Европското првенство. Ќе разговарам со селекторот и директорот на репрезентацијата. Но, на крајот, тоа е одлука што федерацијата мора да ја донесе. Ако не, тогаш денес веројатно го одиграв последниот натпревар за Белгија“, рече разочараниот Куртоа и потоа застана во одбрана младиот колега.

„Што се однесува до грешката на Ламенс, теренот беше многу сув, тоа е фудбалот. Не треба да го распнувате човекот, тој е одличен голман, имаше одлична сезона во Јунајтед и не го заслужува ова.“

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Фото) Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој...

Европа31 минута

ЕУ ги менува правилата за патниците во авионскиот сообраќај

По 13 години преговори, Европската унија постигна договор за промена на правилата со кои се регулираат правата на патниците во...

Македонија36 минути

(Фото) Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по...

Црна хроника56 минути

МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување...

Македонија2 часа

(Видео) Штерјова: Во Чаир законите не важат, со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина...

Свет2 часа

(Видео) Кина евакуираше над 600.000 луѓе поради тајфунот Бави

Кина евакуираше повеќе од 600.000 луѓе пред налетот на тајфунот Бави, кој во саботата се приближи кон источниот дел на...

Македонија2 часа

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски повикува на договор за Изборниот законик, Филипче: Нема да дозволиме „изборен грабеж“

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик,...

Наука3 часа

Научниците открија нов вид диносаурус во Тајланд: имaл врат долг 20 метри и живеел пред 150 милиони години

Палеонтолози од Тајланд тврдат дека откриле нов вид диносаурус по анализата на фосили пронајдени во провинцијата Каласин, во североисточниот дел...