Спорт
(Видео) Италијанка во солзи по борбата со „маж“

Италијанската боксерка Анџела Карини и го предаде мечот на Иман Хелиф од Алжир во осминафиналето на Олимпискиот турнир во Париз. Овој меч привлече големо внимание, Карини реши да се повлече по само 46 секунди.
На Има Хелиф, минатата година не и беше дозволемо да учествува на Светското првенство во Њу Делхи будејќи не го мина „тестот за соодветноста на полот“, без проблем боксува во Париз. Од иста причина забрана за настап на СП доби Јутинг Лин (57 кг) од кинески Тајпеј.
„ДНК тестот покажа дека тие имаат „XY хромозоми“, поради што беа исфрлени“, изјави тогаш за ТАСС Умар Кремљев, претседател на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).
Итаф против Италијанката Карини делуваше надмоќно, и зададе неколку силни удари во главата, по што борбата беше прекината, а Карини заврши на колена и во во солзи.
„Влегов во рингот да се борам. Не се откажав, но ударот премногу ме повреди, па реков доста е. Си заминувам со крената глава”, изјави Карини, која од рингот замина без да се ракува со противничката.
Angela Carini (blue, female) abandons fight against Imane Khelif (red, male) a few minutes into fight /1 pic.twitter.com/yOIvZkDaow
— FairPlayForWomen (@fairplaywomen) August 1, 2024
Algeria‘s biological man Imane Khelif has beat Italy’s Angela Carini after only 45 sec in 66 kg boxing preliminaries at the #Olympics.
What a disgrace!
What about the rights of biological female athletes?
Where are all the feminists when you need them?pic.twitter.com/KOV9rLKZ2K— Velina Tchakarova (@vtchakarova) August 1, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц откри зошто го одбрал Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул вчера официјално го претстави своето големо засилување Флоријан Вирц и го урна рекордот на Премиер лигата.
Германскиот офанзивен играч за врска е играч кој би можел да биде клучен во воспоставувањето на доминацијата на „Црвените“ во Премиер лигата.
Со него во тимот, гигантот од „Енфилд“ сигурно ќе го нападне трофејот од Лигата на шампионите.
Интересно е што Вирц рече одлуката да се пресели во Ливерпул, односно да го одбие Баерн Минхен, бил разговорот со менаџерот Арне Слот.
„Се сеќавам на нашиот прв разговор. Ми покажа каков фудбал сака да игра и како би се вклопил во тимот. Веднаш можев да се замислам себеси во Ливерпул, кој ќе се обидам да го подобрам од следната сезона“, рече Вирц и со тоа му оддаде голема заслуга на холандскиот стручњак, кој во својата прва сезона на клупата на Ливерпул го освои англиското првенство.
Спорт
Јубилејната 100.пол-позиција Маркез ја прослави со победа во спринтот во Муџело

Марк Маркез ја забележа својата осма победа во спринт трките оваа сезона.
Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтот на култната патека во Муџело.
Покрај возачот на Дукати, место на подиумот изборија неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати и колегата од Дукати, Франческо Бањаја.
На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Банњаја, кој беше во водство откако Марк имаше бавен старт, но сè беше решено веќе во четвртиот круг кога Марк успеа да се пробие напред и потоа без проблеми ја заврши трката.
Банњаја успеа во последните два круга да им одолее на обидите на Маверик Вињалес да го загрози и да го задржи третото место.
Марко Бецеки возеше со оштетен мотор добар дел од трката по контактот со Педро Акоста, а на крајот сепак успеа да го задржи шестото место.
Од третото до десеттото место се пласираа:
Маверик Вињалес беше четврти пред Фабио ди Џанантонио, Марко Бецеки, Франко Морбидели, Раул Фернандез, Фермин Алдегер и Фабио Куартараро.
Трката во недела е закажана од 14 часот.
Спорт
Џабари Паркер две години во Партизан

Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра.
Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони.
Откако за наредната сезона Барселона потпиша договор со Торнике Шенгелија, Паркер и Каталонците спогодбено се разделија.
Минатата сезона, во дресот на каталонскиот тим, имаше 13,8 поени и четири скока по натпревар во Евролигата. Паркер беше прогласен и за член на втората најдобра петорка на АЦБ лигата оваа сезона.