Спорт
(Видео) Јамал доминираше во градското дерби – Барселона го победи Еспањол
Фудбалерите на Барселона го победија Еспањол на стадионот „Камп Ноу“ (4:1), во натпреварот од 31-то коло на Ла Лига.
Во каталонското дерби, Блауграна го искористи неуспехот на Реал, кој одигра само 1:1 со Џирона во петокот навечер.
Натпреварот го одбележа Ламин Јамал.
Во 100-от натпревар во Ла Лига во својата кариера, тој забележа две асистенции во првото полувреме. Стрелец во деветтата и 25-та минута беше Феран Торес.
Гостите го намалија водството преку Пол Лозано во 56-та минута, а потоа имаа уште неколку можности да го изедначат резулатот.
Не успеаја, а казната дојде во 87-та минута. Голамнот на Еспањол, со лоша рекација му подари гол на Јамал. Две минути подцна, со шестиот гол во првенството, точка на натреварот стави Рашфорд.
Барса е прва на табелата со 79 бода, девет повеќе од Реал, додека Еспањол е 10-ти со 38 бода.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Маеда му пресуди на Хартс во 88-та минута – Селтик ја одбрани титулата
Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска.
Великанот од Глазгов стигна до својата петта последователна шампионска титула, иако оваа сезона се чувствуваше дека Хартс ќе ја прекинат својата доминација и ќе го кренат пехарот во домашното првенство по 66 години.
Важноста на натпреварот се чувствуваше на теренот, па не видовме многу возбуда во првото полувреме, сè до финишот кога беа постигнати два гола.
Екипата од Единбург го постигна првиот гол преку најдобриот стрелц Шенкланд во 43-та.
Радоста на Хартс траеше само три минути и се чини дека пеналот што го доби Селтик, откако Кизиридис играше со рака, го одреди текот на натпреварот во корист на Селтик.
Енгелс ја презеде одговорноста и постигна гол за израмнување.
Се очекуваше гостите да играат подефанзивно во второто полувреме, бидејќи бод им ја гарантираше титулата. Мартин О’Нил правеше измени, ги внесе сите напаѓачи на теренот, но Хартс се бранеше добро.
Ихеначо имаше одлична шанса во последните 15 минути кога ја затресе стативата, Нигрен исто така имаше добар обид од слободен удар, но резултатот остана 1:1.
Сепак, Селтик успеа да најде дупка во одбраната и да постигне гол за титула. Сарачи го пронајде Османд, тој ја сврте топката во шеснаесетникот, Маеда се најде на вистинското место и им го донесе на домашните тим она што го бараа целиот натпревар.
Хартс се обидоа да постигнат гол во судиското продолжение што ќе му го донесе трофејот, но примија уште еден. Во 98-та минута кога по корнерот, сите во бордо дресови беа пред голот на селтик, заедно со голманот Шволов.
Османд ја освои топката, претрча 70 метри и ја смести во небранетата мрежа.
Спорт
Спринтот во Каталуња за Алекс Маркез, Мартин повотрно падна
Алекс Маркез, на Гресини Дукати, победи во спринтот пред Големата награда на Каталуња.
Помладиод од браќата Маркез, го искористи лошото издание на возачите на Априлија, Хорхе Мартин и Марко Бецеки, ја доби трката пред Педро Акоста (КТМ), кој стартуваше од пол-позицијата и возачот на ВР46 тимот, Фабио Диџанантонио.
Хорхе Мартин падна по четврти пат за 24 часа на патеката Каталуња, што лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, не успеа да го искористи.

Бец заврши деветти во спринтот од 12 круга оваа сабота попладне, па разликата помеѓу возачите на Априлија останува иста пред утрешната трка за Големата награда на Каталуња: 129-127.
Спорт
Фенербахче подготвиле астрономска понуда за Салах
Мохамед Салах наскоро официјално ќе го напушти Ливерпул, а неговата следна дестинација сè уште не е позната.
Познато е дека саудиските клубови се заинтересирани за Египќанецот, а одличниот фудбалер евентуално би можел да остане во Европа.
Според информациите на турскиот медиум „А Спор“, Фенербахче е подготвен да тргне што е можно поагресивно за да го потпише египетскиот напаѓач. Наводно, контактите со неговите претставници веќе се започнати, а планот е договор на три години.
„А Спорт“, тврди дека Фенербахче му нуди на алах три годишен договор, вреден 60 милиони евра. Оваа сума се опишува како исклучително силна и тешка за отфрлање.
Се очекува преговорите да продолжат во наредниот период, а Фенербахче сака по секоја цена да ја прекине доминацијата на Галатасарај.
Foto/ Depositphotos
