Спорт
(Видео) Јуве не успа да ја победи Парма, Аталанта во последните 20 минути ја „скрши“ Монца
Аталанта го скокна Јувентус на табелата во Серија А, откако вечерва во 10.коло ја победи Монца со 2:0, а Јувентус ремизираше со Парма 2:2.
Како домаќин Аталанта ја победи Монца со 2:0.
Најзаслужен за триумфот на тимот од Бергамо беше српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.
Играчот од средниот ред влезе во игра на стартот од вториот дел, а потоа го реши мечот со гол во 70. минута и асистенција за Давиде Запакоста во 88. минута од натпреварот.
Аталанта на тој начин ја продолжи серијата без пораз, тимот на Гасперини седум натпревари е без пораз во сите конкуренции. За време на таа серија, избраниците на Џан Пјеро Гасперини победија пет пати.
Тимот од Бергамо го престигна Јувентус во поредокот, бидејќи Старата дама во Торино ремизираше со Парма, 2:2.
Парма на теренот на Јувентус два пати водеше, Јуве се враќаше во натпреварот но во последните 20 минути не успеа да го скрши отпорот на гостите кои извонтедно го бранеа својот гол.
Дел Прато, играчот на натпреварот, ги олади домашните навивачи во третата минута. Изедначи Мекени, а само седум минути подоцна Сохм погоди за нова предност на Парма. Бод на Јувентус му донесе Веа со голот во 49.минута.
Аталанта е трета со 19 поени, шест помалку од лидерот Наполи, Јувентус со 18 бода и четврти на табелата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серхио Рамос се договорил со Бока Јуниорс
Серхио Рамос ја напушти Севилја по завршувањето на сезоната. Не доби нов договоро од клубот во кој ја започна кариерата. Искусниот фудбалер се уште е без клуб, откако одби неколку понуди од Саудиска Арабија и САД, а шпекулациите дека би можел да се врати во Реал се покажаа како неточни.
Серхио Рамос, последниот натпревар го одигра на 26.мај во дресот на Севилја. Според медиумите во последните седум дена е во преговори со Бока Јуниорс и како што стојат работите договорил соработка со аргентинскиот великан.
„Монитор де Меркадо“, пренесува дека Серхио Рамос се согласил да игра за Бока Јуниорс и дека ќе дебитира за новиот клуб во февруари 2025 година. Споменатиот извор наведува дека стоперот ја чекал „совршената понуда“, откако одбил одредени понуди од Саудиска Арабија и САД.
„Тој одбра да чека прилика која ќе ги задоволи неговите професионални и лични цели. Поврзаноста со Фернандо Гаго е аргумент кој ќе му го олесни преселбата во Аргентина. Финансиската понуда, во комбинација со шансата да доживее нова фудбалска култура, ја задоволува желбата на Рамос да остане конкурентен но и да се обезбеди рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот“, пишува „Монитор де Меркадо“.
Откриена е и неговата плата. Во Севилја заработуваше 11 милиони евра по сезона, а во Бока неговата годишна плата ќе изнесува пет милиони евра.
Спорт
Шоу на Мурињо по триумфот над Трабзон: Играч на натпреварот е невидливиот човек
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, имаше свое шоу по драматичната победа во Трабзон (3:2), во Супер лигата на Турција. Фенербахче побед со голот на Софијан Амрабат постигнат во 102 минута.
„Играч на натпреварот беше Атила Караоглан (судијата во ВАР собата). Невидливиот човек, судијата на теренот беше дете. Атила Караоглан е играч на натпреварот, не сакаме веќе да го видиме на нашите натпревари, ниту во ВАР собата. Многу работи ми кажаа клупските челници кога преговаравме да дојдам во Турција, се уверив дека и полошо од тоа“, истакна Мурињо, а потоа продолжи да критикува.
„Игравме против добар тим, кој се бореше многу добро, но нашата вистинска борба е всушност против системот. Кога го велам тоа, зборувам за сите навивачи на Фенербахче, затоа ја прославивме победата на таков начин“.
Тренерот на Фенербахче на крајот го коментираше и недосудениот пенал за неговиот тим.
„Дали судијата во ВАР собата пиеше кафе во тој момент? Како не го виде тоа. Или можеби пиеше чај кога требаше да се досуди пеналот за нас. Мора да зборуваме за неправдата што се случува овде со години. Ние сме чисти“, подвлече тој.е Мурињо.
Прашање е како ФС на Турција ќе реагира и дали ќе го казни Португалецот.
Спорт
Норис за победата на Ферстапен: Не се работи за талент, туку за чиста среќа
Шампионските амбиции на Ландо Норис доживеаја сериозен удар, вчера на патеката Интерлагос во Сао Паоло. .
Британецот во болидот на Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но трката за Големата награда на Бразил ја заврши на шестото место.
Тој освои 20 поени помалку од лидерот Макс Ферстапен, кој сега има предност од 62 поени. Младиот Британец, смета дека во целиот хаос на патеката тимската тактика не преидонела за скромниот резултат. .
„Можете да менувате гуми кога на патеката има црвено знаме, тоа го направија другите. Немавме среќа“, рече возачот на Мекларен.
„Не направивме ништо лошо, не ми е гајле што ќе кажат луѓето. Останувањето на патеката во тој момент не беше добро. Прво, не требаше да има црвено знаме, но очигледно имаше некаков судир на крајот од колоната па поради тоа решија да го истакнат црвеното знаме. Таков е животото понекогаш. Се коцкаа и тоа им се исплатеше. Не е во прашање талентот, се работи за чиста среќа. Ние немавме среќа, тоа е се“, рече Норис.
По трката за Големата награда на Бразил, тој е втор во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот со 331 бод, додека лидерот Верстапен има 393.
До крајот на сезоната остануваат уште три трки, следната се вози во Лас Вегас за три недели.