Спорт
(Видео) Кандидатот за претседател на Реал го користи Халанд во кампањата
Ерлинг Халанд, против своја волја се најде во центарот на капањата за претседателските избори во Реал Мадрид.
Противкандидатот на Флорентино Перез, Енрике Рикелме, гостувајќи на една шпанска телевизија, рече дека ќе го донесе Халанд и неговиот соиграч Родри во Реал, доколку биде избран за претседател.
Рикелме, откри дека потпишал гаранција кај нотар и дека лично ќе плати 100 отсто од годишните членарини (социос) за сите 100.000 регистрирани членови на Реал Мадрид доколку не го исполни своето ветување.
„Возбудата“ беше подигната на уште повисоко ниво кога Рикелме се појави на шпанска телевизија каде што водителот држеше дрес на Реал со презимето на Халанд, што предизвика непосредна реакција од агенцијата која ги застапува на интересите на норвешкиот голгетер.
This is the most shameless thing I’ve seen in my entire life, such a beg. pic.twitter.com/dEFF2BLcws
— ⚡️🇧🇼 (@Priceless_MCI) June 3, 2026
Менаџерката на Халанд, Рафаела Пимента и таткото на фудбалерот, Алфи, го окарактеризираа обидот на Рикелме како забавен, посакувајќи им на кандидатите среќа на изборите закажани за 7 јуни.
Foto/ Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најважните рекорди на Светските првенства на едно место
САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на 23-то Светско првенство од 11 јуни до 19 јули.
Турнирот ќе се одржи во 16 градови, во овие три земји, 78 натпревари ќе се играат во САД, додека 13 ќе бидат во Канада и Мексико. Фудбалските фанови го следат секој детаљ од Светското првенство, а рекордите се нешто за кое многу се зборува, ви ги презентираме најважните.
Најубедливите победи
Во историјата на светските првенства имало три натпревари со разлика од девет гола. Триумфот на Југославија во средбата со Заир (денешна Демократска Република Конго) од 9:0 и победите на унгарската репрезентација над Јужна Кореја (1954 во Швајцарија) од 9:0 и Ел Салвадор (1982 во Шпанија) од 10:1.
Рекорден број на голови
Најмногу голови на еден натпревар, дури 12, беа постигнати на Светското првенство во Швајцарија во 1954 година, каде Австрија ја победи домашната репрезентација со 7:5 во четвртфиналниот натпревар.
Швајцарците водеа со 3:0 во првото полувреме, но тој дел од играта заврши со водство на Австријците со 5:3. Во продолжението, двата тима постигнаа по два гола за конечен резултат од 7:5.
Најдобри стрелци
Епитетот најефикасен во историјата на Светските првенства го носи Мирослав Клозс. Германецот со полско потекло постигна 16 гола на 24 натпревари на најголемата смотра на светскиот фудбал.
Бразилецот Роналдо постигна само еден гол помалку од Клосе. Постигна 15 гола на 19 натпревари.
Французинот Жист Фонтен, рекордер по број на голови на едно Светско првенство, исто така ќе биде запаметен. На првенството во Шведска во 1958 година, тој ја затресе мрежата на противничките голмани дури 13 пати, иако „триколорите“ не стигнаа до финалниот натпревар на турнирот, бидејќи беа елиминирани во полуфиналето од Бразил, кој, со тогаш сè уште анонимниот Пеле во тимот, стигна до својот прв трофеј.
Меѓу активните фудбалери, тука се и Аргентинецот Лионел Меси, кој е четврти на листата на најдобри стрелци на сите времиња со 13 гола, и Французинот Килијан Мбапе, кој досега постигна 12 гола.
Играч со најмногу голови на еден натпревар
Подвигот на Русинот Олег Саљенко со пет гола на еден натпревар изгледа недостижен. Саљенко го направи тоа чудо на Светското првенство во САД во 1994 година, кога неговата репрезентација го победи Камерун со 6:1.
Најбрз гол и црвен картон
Турчинот Хакан Шукур го постигна најбрзиот гол во историјата на Светските првенства. Му требаа само 10,8 секунди (официјално евидентирано како 11 секунди) за да ја затресе мрежата на Јужна Кореја во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2002 година. На крајот резултатот беше 3:2 за Турција.
Најбрзиот црвен картон во историјата на турнирот му припаѓа на Уругвајецот Хозе Батиста, кој беше исклучен по само 56 секунди против Шкотска на Светското првенство во 1986 година.
Најмногу одиграни натпревари
Фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во историјата на Светските првенства е Лионел Меси (Аргентина) со 26 натпревари. Зад него се Германците Лотар Матеус (25) и Мирослав Клозс (24), додека Италијанецот Паоло Малдини запиша 23 настапи. Меѓу активните фудбалери зад Меси е Португалецот Кристијано Роналдо (22).
Најмногу учество во финалните натпревари и освоени титули
Само еден играч има три учества во финалните натпревари. Тоа е Бразилецот Кафу (1994, 1998, 2002), а само Пеле (1958, 1962, 1970) има освоено три титули.
Има дури 29 фудбалери кои имаат два настапи во натпреварите за титулата. Освен Пеле (1958 и 1970), Гаринча, Вава, Џалма Сантос, Гилмар, Зито (Бразил – 1958 и 1962), како и Џузепе Меаца и Џовани Ферари (Италија 1934 и 1938) славеа во двете финалиња.
Покрај Кафу и Пеле, во протоколите за финалните три пати беа вклучени Роналдо (Бразил) и Германците Лотар Матеус и Пјер Литбарски.
Има 20 играчи со по два трофеи. Станува збор за еден Аргентинец (Даниел Пасарела во 1978 и 1986 година), четворица Италијанци (Џузепе Меаца, Џовани Ферари, Ералдо Монцело и Ералдо Монцело, сите во 1934 и 1938 година), како и 15 бразилски фудбалери (Роналдо (1994, 2002), Кафу (1994, 2002), Гаринча, Диди, Вава, Марио Загало, Зито, Џалма Сантос, Нилтон Сантос, Гилмар, Мауро, Илдералдо Белини, Зосимо, Пепе и Карлос Хозе Кастиљо (сите 1958 и 1962 година).
Шампиони и како играчи и како селектори
Само тројца успеале да го освојат Светското првенство и како играчи и како тренери.
Марио Загало освои титули со Бразил како играч во 1958 и 1962 година, а како селектор во 1970 година.
Франк Бекенбауер ја предводеше Западна Германија до титулата на Светското првенство на домашен терен во 1974 година. Како тренер, тој го загуби финалето во 1986 година, но четири години подоцна и се одмазди на Аргентина и ја освои титулата.
Единствениот кој е жив и беше светски шампион како играч и тренер е Дидие Дешан. Тој беше капитен на големата генерација на „триколорите“ кои во 1998 година го освоија првото историско злато за Франција на домашен терен. Како тренер, тој го освои трофејот во 2018 година во Русија.
Најмладите и најстарите стрелци и играчи во еден натпревар
Најмладиот стрелец во историјата на Светските првенства е Пеле, кој постигна гол против Велс на Светското првенство во 1958 година на возраст од 17 години и 239 дена. Рекордот за најмлад играч што играл на завршниот турнир на Светското првенство му припаѓа на Норман Вајтсајд од Северна Ирска, кој играше против Југославија на Светското првенство во 1982 година на возраст од 17 години и 41 ден.
Најстариот учесник е Египќанецот Есам Ел Хадари, кој играше на Светското првенство во Русија на возраст од 45 години и 161 ден, додека најстариот стрелец е Роџер Мила од Камерун. Тој постигна пет гола на Светските првенства, а влезе во историјата како најстар стрелец на Светските првенства на 42 години и 39 дена во дуелот против Русија во 2002 година.
Најмногу титули и финалиња
Бразил го држи рекордот по бројот, вкупно пет. Германија беше светски шампион четири пати, но со најмногу учества во финалните натпревари. Дури осум пати Германците стигнаа до последниот натпревар на Светското првенство. Четири светски титули има и Италија.
Најмногу одиграни натпревари и победи
Во однос на бројот на натпревари, Бразил е лидер (114 натпревари), по него следува Германија (112), потоа Аргентина (88), Италија (83) и Англија (74).
Бразил е лидер и по победи (76), по него следува Германија (68), односно Аргентина (47), Италија (45) и Франција (74).
Најмногу и најмалку гледачи во еден натпревар
Натпреварот со најмногу гледачи беше оној на Светското првенство во Бразил во 1950 година на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Во финалето на Светското првенство помеѓу Бразил и Уругвај (1:2), официјалниот број на продадени билети бил 199.854 (некои извори велат 173.850), додека се проценува дека на трибините имало дури 210.000 гледачи.
На натпреварот помеѓу Романија и Перу на Светското првенство во 1930 година присуствувале само 300 гледачи на стадионот „Поситос“, а тој негативен рекорд сигурно нема да биде достигнат.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Челзи нуди 115 милиони евра за Арда Гулер
Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, побарал од клупските челници да се обидат да го реализираат трансферот на Арда Гулер. Наводно Челзи, до Реал Мадрид ќе испрати понуда од 115 милиони евра.
Чаби Алонсо има желба повторно да соработува со 21-годишниот турски репрезентативец.
„Челзи подготвува понуда од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за играчот од средниот ред на Реал, Арда Гулер. Тоа е експресно барање на Чаби Алонсо“, објавија англиските медиуми и додадоа: „Тие го гледаат турскиот интернационалец како приоритет на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, Реал Мадрид во моментов нема намера да го продаде Гулер во текот на летото“.
Покрај Челзи, интерес за турскиот фудбалер покажуваат Арсенал и Ливерпул.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Македонија ги дозна ривалите на Светското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија ги дозна противниците со кои ќе се соочи во првата фаза на 30-то Светско првенство во Германија, наредната година. Избраниците на Кирил Лазаров, во Х групата ќе се оочат со Исланд, Јапонија и Бахреин. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Магдебург.
Групна фаза на 30-то Светско првенство:
Група А (Минхен): Германија, Уругвај, Тунис, Србија
Група Б (Штутгарт): Италија, Саудиска Арабија, Зеленортски острови, Египет
Група Ц (Минхен): Хрватска, Турција, Чиле, Шпанија
Група Д (Штутгарт): Франција, Кувајт, Бразил, Аргентина
Група Е (Кил): Шведска, Катар, Грција, Норвешка
Група Ф (Магдебург): Португал, Алжир, Полска, Фарски острови
Група Г (Кил): Данска, Ангола, САД, Словенија,
Група Х (Магдебург): Исланд, Јапонија, Бахреин, Македонија.
На турнирот ќе учествуваат 32 национални селекции. ИХФ им додели на Турција и Саудиска Арабија посебни покани за учество на првенството.
Светското првенство ќе се одржи во шест градови – Минхен, Кил, Штутгарт, Магдебург, Хановер и Келн.
Пласман во втората фаза од Светското првенство ќе обезбедатт трите првопласирани селекции од секоја група, додека четвртопласираните национални селекции ќе продолжат со натпреварувањето во Президент Купот.
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари.
Foto/ EPA
