Спорт
(Видео) Маеда му пресуди на Хартс во 88-та минута – Селтик ја одбрани титулата
Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска.
Великанот од Глазгов стигна до својата петта последователна шампионска титула, иако оваа сезона се чувствуваше дека Хартс ќе ја прекинат својата доминација и ќе го кренат пехарот во домашното првенство по 66 години.
Важноста на натпреварот се чувствуваше на теренот, па не видовме многу возбуда во првото полувреме, сè до финишот кога беа постигнати два гола.
Екипата од Единбург го постигна првиот гол преку најдобриот стрелц Шенкланд во 43-та.
Радоста на Хартс траеше само три минути и се чини дека пеналот што го доби Селтик, откако Кизиридис играше со рака, го одреди текот на натпреварот во корист на Селтик.
Енгелс ја презеде одговорноста и постигна гол за израмнување.
Се очекуваше гостите да играат подефанзивно во второто полувреме, бидејќи бод им ја гарантираше титулата. Мартин О’Нил правеше измени, ги внесе сите напаѓачи на теренот, но Хартс се бранеше добро.
Ихеначо имаше одлична шанса во последните 15 минути кога ја затресе стативата, Нигрен исто така имаше добар обид од слободен удар, но резултатот остана 1:1.
Сепак, Селтик успеа да најде дупка во одбраната и да постигне гол за титула. Сарачи го пронајде Османд, тој ја сврте топката во шеснаесетникот, Маеда се најде на вистинското место и им го донесе на домашните тим она што го бараа целиот натпревар.
Хартс се обидоа да постигнат гол во судиското продолжение што ќе му го донесе трофејот, но примија уште еден. Во 98-та минута кога по корнерот, сите во бордо дресови беа пред голот на селтик, заедно со голманот Шволов.
Османд ја освои топката, претрча 70 метри и ја смести во небранетата мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Повеќе црвени картони од постигнати голови
Првиот натпревар на Светското првенство во 2026, ја шокира фудбалската јавност, беа покажани три црвени картони.
Светското првенство официјално започна, а домаќинот Мексико ја победи Јужна Африка со 2:0 на отворањето на најголемото фудбалско шоу.
Овој натпревар ќе се памети по бројот на црвени картони.
На овој натпревар бројот на исклучувања речиси ја достигна вкупната статистика на целиот турнир од 2022 година, кога судиите покажаа само четири црвени картони на 64-те одиграни натпревари.
Исто така, ова е првиот натпревар на Светското првенство во кој се покажани три црвени картони од натпреварот Јужна Африка (1) – Данска (2) во 1998 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Мексико ја победи Јужна Африка
Фудбалерите на Мексико ја победија Јужна Африка на „Ацтека“ стадионот во Мексико сити, во првиот натпревар од 23-то Светско првенство во фудбал.
Во А групата, Мексико, пред околу 80.000 гледачи, победи со 2:0.
Домашниот тим го доби првиот натпревар по головите на Кинонес во деветтата минута и ветеранот Раул Хименез во 67-та минута од натпреварот.
Работата на Мексиканците им беше олесната со црвените картони за Ситоле во 49-та минута и за Цване во 84-та минута. За жал за Мексиканците, Монтес доби и непотребен црвен картон во судиското продолжение во второто полувреме.
Во вториот натпревар од групата, во петок во 4:00 часот, ќе играат Јужна Кореја и Чешка.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација во Орегон: Соборен светскиот рекорд на 110 метри со пречки
Американскиот атлетичар Џејкоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки на натпревар во Јуџин, сојузната држава Орегон.
Дваесетгодишниот Тарп истрча време од 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, подобрувајќи го за пет стотинки досегашниот светски рекорд од 12,80 секунди, кој од 2012 година го држеше Ариес Мерит.
„Знаев дека сум подготвен за добар резултат, но не очекував да се случи токму тука. Кога го видов времето, останав без зборови“, изјави Тарп.
Младиот Американец минатата година беше шести на Светското првенство во Токио, а пошироката јавност го запозна кога истрча 7,32 секунди на 60 метри со пречки – трет најдобар резултат во историјата на оваа дисциплина.
