Спорт
(Видео) Неверојатната Линдзи Вон веќе тренира
Само 25 дена по нејзиниот тежок пад на Зимските олимписки игри, Линдзи Вон се огласи на социјалните мрежи за да покаже како веќе повторно тренира.
Видео објавено на Инстаграм покажува како 41-годишна Американка вежба во теретана.
Нејзината инвалидска количка е исто така во рамката, а во еден момент Вон дури и станува од неа и продолжува да вежба.
На 8 февруари, Вон доживеа тежок пад на олимписката патека за спуст по само 13 секунди возење.
Се заглави на капијата и заврши во снегот, а последиците беа сериозни – комплексна фрактура на тибијата (долната коска на ногата) на левата нога, за што мораше да се подложи на дури пет операции.
Foto/ depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс.
Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот.
Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот.
„Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Карик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, го кажувам сето ова од некои други причини, но што повеќе треба да се случи за да го да видат тоа? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс, и она беше нивната игра? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе го започнете натпреварот, потешко е да го подигнете тимот и да се опоравите подоцна. Јунајтед не изгледаше како тим кој знае што да прави и да одговори на тоа. И кога го кажувам гласно го кажувам тоа, луѓето велат дека сум негативен. Овој клуб бара стандарди, а тие стандарди под Мајкл Керик се далеку.“
Јунајтед е сè уште трет на табелата со 55 бода, колку што има и Астон Вила, додека Ливерпул сега има само три помалку.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Газдата на Наполи сака радикални промени во фудбалот
Аурелио Де Лаурентис, 76-годишниот контроверзен сопственик на Наполи, во интервју за „Њујорк тајмс“, презентираше радикални идеи за модернизација на фудбалот.
Според Де лаурентис, фокусот треба да биде на младите генерации.
„Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите се предолги, децата немаат концентрација за 90 минути фудбал“, рече Лаурентис и додаде:
„Замислете ја таа глупава пауза од 15 минути на полувремето! Дали мислите дека мојот шестгодишен внук, кој знае сè за фудбалот од PlayStation, ќе се врати по 15 минути? Никогаш. Ќе избега од нас. Ќе оди во својата соба да игра ФИФА.“
Неговото решение е драстично.
„Би го скратил полувремето од 45 минути на 25 минути“, рече тој, истакнувајќи дека ќе се мери само времето кога топката е во игра, што би ставило крај на „крадењето на времето“.
„Не можеш да се тркалаш по теренот како глумец. Ахххх! Нема шанси! Што друго би направил? Би ги укинал црвените и жолтите картони. Наместо тоа, излегуваш пет минути за жолт картон и 20 минути за црвен.“
Целта на сите промени е поатрактивна игра со повеќе голови.
„Има премалку голови, играта не е спектакуларна. Мора да има повеќе, а за да ги имаме, мора да ги промениме правилата. Не можеш да поништиш гол поради неколку милиметри. Тоа правило за офсајд мора да се промени, доста е. Новите генерации се наше злато. Ако не ги задоволиме – ќе умреме“, заклучи Де Лаурентис.
Спорт
Карлос Кеирош ја презеде Гана
Фудбалската асоцијација на Гана објави дека го назначила португалскиот тренер Карлос Кеирош за нов селектор на сениорската репрезентација.
Кеироз (73) ќе го замени Ото Адо на клупата на Гана, кој беше отпуштен пред две недели по лошите резултати на пријателските натпревари со Германија и Австрија.
„Го прифатив овој предизвик со големо чувство на одговорност. Фудбалот ми овозможи предизвици, лекции и незаборавни патувања низ светот во текот на целиот мој живот. Гана е талентирана нација, која има гордост и фудбалска душа. Сите ќе работиме заедно за да ги исполниме очекувањата на една голема фудбалска нација“, рече Кеироз.
За време на својата кариера, тој беше главен тренер во Реал Мадрид и помошник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.
Се чини дека Гана не можеше да избере поискусен тренер. Зборуваме за човек кој промени, верувале или не, дури 12 различни селекторски работни места во својата кариера. Во два мандати ги предводеше Португалија и Иран.
Тој работи како селектор од 1991 година, кога ја тренираше Португалија. Потоа, тој ги предводеше Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јужна Африка, повторно Португалија, Иран, Колумбија, повторно Иран, Катар, Оман и сега Гана.
На претстојното Светско првенство, Гана ќе игра во групата Л против Англија, Хрватска и Панама.
Foto/ Depositphotos
