Контакт

Спорт

(Видео) Невиден скандал – Тенисер вербално го нападна судијата и кршеше сè пред себе

Објавено пред

Американскиот тенисер Тристан Бојер имаше сериозен инцидент на челенџерот во Италија, каде што беше дисквалификуван од теренот по испад кон судијата.

Сè се случи во финишот на мечот, против Даниеле Рапангета, кога Бојер „пулуде“, откако противникот направи брејк.

Прво, имаше вербален напад врз судијата, со тешки навреди, а потоа следуваше целосен хаос – Американецот почна да го крши рекетот и да го удира судиското столче.

Судијата реагираше со опомена, но тоа само дополнително го разбесни Бојер, кој не престана со своите испади.

Поради неговото однесување, тој беше казнет со одземање на еден гем, што автоматски значеше крај на натпреварот и дисквалификација.

Foto/ EPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Баерн, Кејн и Олисе ги урнаа сите рекорди во Бундеслигата

Објавено пред

Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови е новиот германски рекордер по број на голови во една сезона, моментално има 58 гола, а треба да го одигра и финалниот меч во Купот на Германија против Штутгарт.

Кејн за три гола го надмина достигнувањето на Роберт Левандовски (55 гола) од сезоната 2019/20.

На 50 натпревари, англискиот напаѓач постигна 58 гола и имаше седум асистенции, односно, во Бундеслигата на 31 натпревар, 36 гола и пет асистенции, на 13 натпревари во Лигата на шампионите, 14 гола и две асистенции, во Купот на Германија, на пет натпревари, седум гола и во Суперкупот на Германија, гол во финалниот натпревар.

Вкупно, откако пристигна во Минхен, постигна 143 гола на 146 натпревари со 33 асистенции. Импресивно и вредно за сите 100 милиони евра што му ги платија на Тотенхем за него.

Баварците постигнаа 122 гола во 34 кола од Бундеслигата, што е нов рекорд, и се втор најефикасен тим во некоја европска лига по Торино од сезоната 1947/48, кој постигна 125 гола на 40 натпревари.

Според просекот од 3,6 гола по натпревар, тие се најефикасниот тим во историјата на европскиот фудбал, сметајќи ги првенствата во кои се играат 30 или повеќе кола.

Баерн не само што го има најдобриот стрелец, туку го има и најдобриот асистент во Бундеслигата и најдобриот играч, а сепак тој не е Кејн.

Со 21 асистенција во 32 натпревари, Мајкл Олисе стана најдобриот додавач, а вкупно постигна 22 гола и 30 асистенции на 51 натпревар во сезоната.

Во финалето на Купот на Германија ќе може да го достигне или надмине рекордот на асистенции во една сезона. Овој рекорд е во сопственост на Лионел Меси (31 асистенција)

Инаку, Олисе ја доби и наградата за најдобар играч на Бундеслигата.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Рома фаворит за потписот на Гринвуд

Објавено пред

Иако претходно оваа недела за време на церемонијата на доделување награди на Унијата на професионални фудбалери на Франција, изјави дека сака да остане во Марсеј, иднината на Гринвуд во Франција останува неизвесна.

„Лига 1 е одлично првенство. Играме неверојатни натпревари и за мене ова е една од најдобрите лиги во кои сум играл. Се надевам дека ќе останам“, рече Гринвуд.

Сепак, сега е речиси сигурно дека Марсеј нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, што би можело значително да влијае на одлуката на англискиот напаѓач.

Јувентус и Атлетико Мадрид беа споменувани како заинтересирани клубови во претходните недели, но според „Газета дело Спорт“, Рома во моментов е најконкретна.

Наводно, тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, побарал од сопствениците на клубот, семејството Фридкин, дополнителни засилувања во нападот, а Гринвуд е идентификуван како идеален партнер за Мален.

Италијанците веруваат дека Рома има добри шанси да го реализира трансферот поради одличните односи со Марсеј, особено по трансферот на Робињо Ваз минатата зима, но и поради присуството на Меди Бенатија, поранешен играч на римскиот клуб кој треба да го напушти Велодромот ова лето.

Според „Газета“, дури и обештетување од околу 50 милиони евра не би било непремостлив проблем за Рома, бидејќи клубот очекува сериозна заработка ова лето од потенцијалната продажба на играчи како Ману Коне и Матијас Суле.

Останува да се види дали Рома ќе успее да го убеди Гринвуд да се пресели во Серија А.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Чаби Алонсо е новиот тренер на Челзи

Објавено пред

Челзи официјално го назначи Чаби Алонсо за нов тренер на клубот, а Шпанецот потпиша четиригодишен договор што стапува на сила на 1 јули.

Алонсо беше надвор од терените откако го напушти Реал Мадрид во јануари, помалку од осум месеци откако седна на клупата на „кралскиот клуб“.

Пред тоа, тој го водеше Баер Леверкузен три години и ја напиша историјата на германскиот клуб со освојувањето на првата титула во Бундеслигата во 2024 година, заедно со трофејот од Купот на Германија.

Потврдата за доаѓањето на Алонсо дојде само еден ден по поразот на Челзи во финалето на ФА Купот од Манчестер Сити.

Лондонскиот клуб се надева дека Шпанецот конечно ќе донесе стабилност, откако оваа сезона сменија двајца тренери – Енцо Мареска и Лиам Розениор, додека Калум Мекфарлан моментално по втор пат ја врши функцијата привремен шеф на стручниот штаб.

„Челзи е еден од најголемите клубови во светот и за мене е голема чест да станам тренер на овој голем клуб“, рече Алонсо.

Тој додаде дека ги дели истите амбиции со клупските челници.

„Од разговорот со сопствениците и спортскиот сектор, јасно е дека имаме иста цел. Сакаме да изградиме тим кој постојано ќе се натпреварува за најголемите трофеи.“

Алонсо истакна дека верува во потенцијалот на тимот.

„Има многу талент и голем потенцијал во тимот. Ќе ми биде чест да го водам овој клуб. Сега фокусот е на напорна работа, создавање вистинска култура и освојување трофеи“, рече Шпанецот.

За време на неговата кариера, Алонсо помина пет години во Ливерпул, со кого ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, а играше и за Реал Сосиедад, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Одигра 114 натпревари за шпанската репрезентација и го освои Светското првенство во 2010 година, како и две титули на Европското првенство.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Претседателката ја посети Македонската православна црква во Љубљана

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св....

Македонија1 час

Државата не може да личи на Лас Вегас, вели премиерот за коцкањето

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат...

Македонија2 часа

Мицкоски се пофали: Повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени...

Спорт2 часа

Баерн, Кејн и Олисе ги урнаа сите рекорди во Бундеслигата

Баерн ја затвори сезоната со „петарда“ против Келн, во победата 5:1, три гола постигна Хари Кејн. Британската машина за голови...

Спорт2 часа

Рома фаворит за потписот на Гринвуд

Иако претходно оваа недела за време на церемонијата на доделување награди на Унијата на професионални фудбалери на Франција, изјави дека...

Македонија3 часа

Скопје по 11-ти пат домаќин на глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското...

Спорт3 часа

Чаби Алонсо е новиот тренер на Челзи

Челзи официјално го назначи Чаби Алонсо за нов тренер на клубот, а Шпанецот потпиша четиригодишен договор што стапува на сила...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: И ДЗР во 2024 констатирал неправилности во набавката на мазутот, само Абази и Коларевиќ ништо не виделе

Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ,...

Свет3 часа

Кина информираше дека е постигнат напредок во трговските преговори со САД

Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни...