Контакт

Спорт

(Видео) Нгану со брутален нокаут го победи Линс

Објавено пред

Франсис Нгану, по две годишна пауза, синоча конечно се врати во кафезот и не губеше време, брутално го нокаутира Филипе Линс во првата рунда. Борбата се одржа на настанот MВП MMA 1 во Инглвуд, Калифорнија, кој беше емитуван од „Нетфликс“.

Последен пат во кафезот, Нагану беше во октомври 2024 година, кога се бореше против Ренан Фереира.

На другата страна беше поранешниот победник на ПФЛ турнирот и предизвикувач на УФЦ, Филипе Линс. Бразилецот влезе во борбата како голем аутсајдер, но беше во значајна серија победи и најави дека ќе му пружи жесток отпор на шампионот.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, вложи голем напор да ја намали важноста на повратничката борба на Нгану. Непосредно пред настанот, тој го најави враќањето на Конор Мекгрегор во октагонот на 11 јули во живо на „Инстаграм“. Сепак, тој потег не можеше да го спречи она што следеше во кафезот, брутален прекин во прата рунда.

Со оваа победа, Нгану го потврди својот статус на еден од најопасните тешкаши во светот, а сега со нетрпение се очекува објавувањето на името на неговиот следен противник.

Foto: Profimedia



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Бразил и Мароко одиграа без победник

Објавено пред

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил остана непоразен во првиот натпревар од (17 победи и, вклучувајќи го и овој четири нерешени резултати).

Навивачите на стадионот и милионскиот аудиториум, видоа одлично прво полувреме, во кое Мароко доминираше и помалку здодевно второ полувреме. Јасно е дека Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, ќе мора да одговора на тешки прашања пред домашните новинари.

Стартот на натпреварот му припадна на Мароко. Мароканците беа подобар ривал во секој можен поглед. Бразил направи серија грешки, загуби многу топки, а Мароканците се обидоа од сите страни.

Стоеја високо, константно ја притискаа последната линија на ривалот. Таквиот пристап им донесе резултата во 21-та минута.

Додавање од Брахим Дијаз, чија топка ја распара одбраната на Бразил, Габриел доцнеше, поради што Саибари излезе сам пред Алисон и потоа ја префрли топката преку бразилскиот голман.

Шансите на Монако продолжија и по голот, но на крајот Бразил, од ништо, благодарение на индивидуалниот квалитет, дојде до израмнување.

Сè направи Винисиус во 32-та минута, Бруно Гимараес успеа да му ја врати топката по двојно додавање во шеснаесетникот, а Винисиус од првиот удар кон голот на Бразил му донесе израмнување на својот тим.

Бразил се разбуди по овој гол, па тимот на Карло Анчелоти успеа да се закани неколку пати до крајот на првото полувреме, но и да го отвори второто многу подобро.

Бразил ги смири своите ривали, ја презеде контролата врз топката, но трите удари што ги упатија кон голот на Мароко, беа лесен плен за Боно. Н

Мароко се разбуди од 75-та минута и успеа да направи неколку солидни напади, но тоа не беше доволно за да го загрози Алисон и да постигне уште еден гол. Немаше конкретни напади од страна на Бразил, темпото исто така се намали во споредба со првото полувреме.

Многу помалку трчање и пресинг, многу повеќе позициска игра на двете страни, како да беа задоволни со нерешениот резултат. д

Последната шанса ја имаа Мароканците, во 99-та минута. Алисон го запре ударот на Ел Алајуни, потоа се фрли како мачка пред нозете на Амајуни и спаси бод за Бразил.

Вториот натпревар во оваа група ќе го играат Хаити и Шкотска. Во второто коло, Бразил ќе игра против Хаити (20 јуни), а Мароко ќе игра против Шкотска (20 јуни).

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија

Објавено пред

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки.

Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута.

Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, Катар прв ќе се закани, и тоа во втората минута, благодарение на големата грешка на Мануел Аканџи.

Едмилсон Жуниор, од никаде, излезе сосема сам пред Грегор Кобел, кој одлично интервенираше и спречи вистински шок за својот тим уште на самиот почеток.

Од тој момент, европската селекција почна жестоко да напаѓа, а Ден Ендоје промаши три пати пред да биде постигнат водечкиот гол.

Се играше 17-та минута кога Брил Емболо со глава ја испрати топката до Фројлер, кој беше соборен од голманот Абунада, но се чинеше дека е во офсајд.

Сепак, немаше реакција од ВАР собата, беше оценето дека сè е чисто и беше досуден пенал, кој Емболо рутински го реализираше за 1:0.

Не застанаа тука Швајцарците, сакаа да постигнат и втор гол што е можно поскоро, но Абунада на голот на Катар, со неколку извонредни интервенции не дозволи да биде совладан.

Можеше да има пенал на другата страна, Едмилсон Жуниор повторно имаше добра шанса, но повторно беше спречен од Кобел.

Во продолжението, Швајцарија излезе на теренот решена што побрзо да го реши натпреварот, но Катар ги преживеа шансите на Варгас и ударот на Џака.

Времето минуваше, и покрај очигледната квалитативна разлика, на семафорот стоеше 1:0. Тука се вовлече нервоза во играта на Швајцарија.

Иако сакаа, не успеаја да го постигнат вториот гол бидејќи избраниците на Хулен Лопетеги се бранеа навистина добро и организирано.

Дури и Катарците можеа да се заканат во неколку наврати, а најконкретниот удар насочен кон голот на Кобел го упати Алеардин од околу 15 метри, но швајцарскиот голман успеа да одбрани.

Сепак, Катар успеа да ги казни сите нереализирани шанси на Швајцарците. Ал Амин центаршутираше, а Куки со глава ја испрати топката во мрежата за 1:1 и првото големо изненадување на тековното Светско првенство.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Објавено пред

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија.

Сепак, грчката јавност е преокупирана со она што се случи по натпреварот. Хаосот што настана е многу дури и според лудите стандарди на грчката кошарка.

Тирик Џонс го чекаше Кендрик Нан адвор од тунелот што води кон соблекувалната, му се приближи и го удри со тупаница:

Играчите на Панатинаикос се обидоа да дојдат до Џонс, но припадници на Специјалната полициска единица (МАТ) застанаа пред него за да го заштитат. Потоа настана целосен хаос, бидејќи имаше физичка пресметка меѓу кошаркарите на Панатинаикос и полицијата.

„Се чини дека за Полициската управа на Пиреја, приоритет беше да се обезбеди и отстрани Џонс од местото на инцидентот, а она што следеше е тешко да се опише со зборови“, пренесе грчкиот портал „СДНА“.

Инаку, тензиите меѓу Џонс и Нан започнаа во третата четвртина. На 3:17 до крајот на периодот, Нан направи фаул врз Везенков, а Џон потоа го фати за врат играчот на панатинаикос.

Судиите реагураа, му доделија техничка на Нан, за кого тоа петти фаул, а Џонс беше исклучен бидејќи доби техничка и неспортска лична грешка.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт42 минути

(Видео) Бразил и Мароко одиграа без победник

Фудбалерите на Бразил и Мароко одиграа 1:1, на „Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. На 21-во Светско првенство по ред, Бразил...

Спорт4 часа

(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот...

Свет5 часа

Трамп на самитот на Г7 ќе се сретне со светски лидери, можна средба и со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе учествува на самитот на Г7 во Франција, каде што ќе се сретне со...

Свет6 часа

Трамп објави дека договорот за завршување на војната ќе биде потпишан утре, Иран вели нема да се случи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека првичниот договор за прекин на војната меѓу САД и Иран би можел да биде...

Спорт6 часа

(Видео) Хаос по мечот Олимпијакос-ПАО, Џонс со бокс го удри Нан

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата во Грција, со победа над Панатинаикос 89:85 во петтиот натпревар од финалната серија. Сепак,...

Свет6 часа

Германски генерал предупредува: Русија можеби развива технологија за поставување нуклеарно оружје во орбитата

Русија можеби работи на технологија која би овозможила поставување нуклеарно оружје во Земјината орбита, предупреди командантот на германските вселенски сили,...

Свет7 часа

„Никогаш нема да се откажам“ – по изборното фијаско, Орбан доби нов мандат во Фидес

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан повторно е избран за лидер на опозициската партија Фидес, и покрај тоа што на парламентарните...

Свет8 часа

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според неговите зборови,...

Свет8 часа

Виктор Орбан повторно избран за претседател на Фидес

Долгогодишниот унгарски лидер Виктор Орбан повторно е избран за претседател на владејачката партија Фидес на 32. конгрес што се одржа...