Спорт
(Видео) Нула во Лондон – Арсенал е полуфиналист во ЛШ
Арсенал го елиминираше Спортинг и за прв пат во својата историја се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, две сезони по ред.
„Топџиите“ се уште се во трка за освојување на шампионската титула во Премиер лигата и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Оваа априлска вечер во Лондон одиграа нерешено против Спортинг со најнепопуларниот резултат, 0:0. Првиот натпревар во Лисабон речиси заврши со овој резултат, но во 91-та минута, Каи Хаверц го реши прашањето за победникот.
Натпреварот на „Емирејтс“ беше под сите очекувања, двата тима упатија само по еден удар во рамките на голот на противникот.
Во првата фаза од првото полувреме (13-та минута), Спортинг веќе побара пенал кога Инкапије беше во дуел со Катаме.
На спротивната страна, Ѓекереш шутираше моќно, но над голот.
Немаше многу опасни моменти, па десет минути подоцна беше забележана уште една шанса, која Швеѓанецот ја промаши. Најдобрата шанса за Спортинг, во финишот на првиот дел ја имаше Катама, неговиот удар заврши во стативата.
И во второто полувреме се играше во ист ритам. Арсенал ја имаше најдобрата шанса, воопшто на натпреварот дури во 84-та минута, кога Тросар ја погоди стативата.
И за крај опасен удар на Гонсалвеш во 94-та минута, но неговиот удар заврши крај стативата.
Арсенал во полуфиналето ќе игра против Атлетико Мадрид. Првиот натпревар во Мадрид се игра на 29 април.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Маеда му пресуди на Хартс во 88-та минута – Селтик ја одбрани титулата
Фудбалерите на Селтик го победија Хартс со 3:1 во последното коло и ја освоија титулата во Шкотска.
Великанот од Глазгов стигна до својата петта последователна шампионска титула, иако оваа сезона се чувствуваше дека Хартс ќе ја прекинат својата доминација и ќе го кренат пехарот во домашното првенство по 66 години.
Важноста на натпреварот се чувствуваше на теренот, па не видовме многу возбуда во првото полувреме, сè до финишот кога беа постигнати два гола.
Екипата од Единбург го постигна првиот гол преку најдобриот стрелц Шенкланд во 43-та.
Радоста на Хартс траеше само три минути и се чини дека пеналот што го доби Селтик, откако Кизиридис играше со рака, го одреди текот на натпреварот во корист на Селтик.
Енгелс ја презеде одговорноста и постигна гол за израмнување.
Се очекуваше гостите да играат подефанзивно во второто полувреме, бидејќи бод им ја гарантираше титулата. Мартин О’Нил правеше измени, ги внесе сите напаѓачи на теренот, но Хартс се бранеше добро.
Ихеначо имаше одлична шанса во последните 15 минути кога ја затресе стативата, Нигрен исто така имаше добар обид од слободен удар, но резултатот остана 1:1.
Сепак, Селтик успеа да најде дупка во одбраната и да постигне гол за титула. Сарачи го пронајде Османд, тој ја сврте топката во шеснаесетникот, Маеда се најде на вистинското место и им го донесе на домашните тим она што го бараа целиот натпревар.
Хартс се обидоа да постигнат гол во судиското продолжение што ќе му го донесе трофејот, но примија уште еден. Во 98-та минута кога по корнерот, сите во бордо дресови беа пред голот на селтик, заедно со голманот Шволов.
Османд ја освои топката, претрча 70 метри и ја смести во небранетата мрежа.
Спорт
Спринтот во Каталуња за Алекс Маркез, Мартин повотрно падна
Алекс Маркез, на Гресини Дукати, победи во спринтот пред Големата награда на Каталуња.
Помладиод од браќата Маркез, го искористи лошото издание на возачите на Априлија, Хорхе Мартин и Марко Бецеки, ја доби трката пред Педро Акоста (КТМ), кој стартуваше од пол-позицијата и возачот на ВР46 тимот, Фабио Диџанантонио.
Хорхе Мартин падна по четврти пат за 24 часа на патеката Каталуња, што лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, не успеа да го искористи.

Бец заврши деветти во спринтот од 12 круга оваа сабота попладне, па разликата помеѓу возачите на Априлија останува иста пред утрешната трка за Големата награда на Каталуња: 129-127.
Спорт
Фенербахче подготвиле астрономска понуда за Салах
Мохамед Салах наскоро официјално ќе го напушти Ливерпул, а неговата следна дестинација сè уште не е позната.
Познато е дека саудиските клубови се заинтересирани за Египќанецот, а одличниот фудбалер евентуално би можел да остане во Европа.
Според информациите на турскиот медиум „А Спор“, Фенербахче е подготвен да тргне што е можно поагресивно за да го потпише египетскиот напаѓач. Наводно, контактите со неговите претставници веќе се започнати, а планот е договор на три години.
„А Спорт“, тврди дека Фенербахче му нуди на алах три годишен договор, вреден 60 милиони евра. Оваа сума се опишува како исклучително силна и тешка за отфрлање.
Се очекува преговорите да продолжат во наредниот период, а Фенербахче сака по секоја цена да ја прекине доминацијата на Галатасарај.
Foto/ Depositphotos
