Спорт
(Видео) Политичарка со бујно деколте во центарот на вниманието по победата на Мексико
Претприемачката и поранешна градоначалничка на општината Куаутемок во Мексико Сити, Сандра Куевас, привлече големо внимание за време на прославата по победата на Мексико над Јужна Африка на отворањето на Светското првенство.
Куевас им се придружила на илјадниците навивачи собрани кај споменикот Ангел на независноста во Мексико Сити, а снимките од нејзиното присуство брзо се прошириле на социјалните мрежи.
Copa Mundial de Fútbol 2026: ¡Viva México, desde el Ángel de la Independencia en nuestra alcaldía #Cuauhtémoc! #SandraCuevasMX pic.twitter.com/1rVrSU1C8Y
— Sandra Cuevas (@SandraCuevas_) June 12, 2026
Освен прославата, голем дел од коментарите биле насочени кон нејзиниот изглед и облеката, поради што фотографиите од настанот станаа вирални.
View this post on Instagram
Сандра Куевас беше градоначалничка на општината Куаутемок од 2021 до 2024 година и е позната по контроверзните јавни настапи. Нејзиниот мандат беше обележан со повеќе афери, меѓу кои и привремена суспензија во 2022 година по обвиненија за злоупотреба на службената положба, кои таа ги отфрли како политички мотивирани.
Во изминатите години беше поврзувана и со лица од криминалното подземје, а дополнителни контроверзии предизвикаа медиумските извештаи за нејзина врска со лице кое мексиканските медиуми го поврзуваат со криминална група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд: Не беше фаул
Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале.
Норвешка беше поразена од Англија со 2:1 по продолженијата на стадионот во Мајами, а 25-годишниот напаѓач беше во центарот на контроверзиите.
Десет минути по почетокот на второто полувреме, голот на Торбјорн Лисекер Хегем беше поништен по прегледот на ВАР.
Судиите проценија дека Халанд го фаулирал својот иден соиграч Елиот Андерсон пред голот, уште пред топката да биде уфрлена во игра. По натпреварот, Халанд не ја криеше својата фрустрација.
„Искрено, се чувствувам малку празно. Мислам дека заслуживме повеќе. Според мене, не беше фаул. Голот беше поништен затоа што наводно го турнав Елиот Андерсон, а така ме туркаат во секој дуел. Ова остава горчлив вкус“, изјави Халанд за ТВ 2 и продолжи:
„Ако е фаул, тогаш треба да добијам слободен удар по речиси секој дуел, на секој натпревар. Тие постојано ме туркаат и ме влечат, и затоа мислам дека ова е лошо судење. На Светското првенство малите работи одлучуваат. Против Бразил успеавме да ги свртиме таквите ситуации во наша корист. Денес, кога одлуките беа 50-50 против нас, беше тешко“, додаде напаѓачот на Манчестер Сити.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓорческа скокна 14 позиции на ВТА листата
Лина Ѓорческа напредуваше 14 позиции на најновата ВТА листа. Пласманот на 208-то место на ВТА листата и го донесе импресивниот настап во квалификациите за Вилблдон. Ѓорческа ги мина трите рунди, со што постигна историски успех за македонскиот тенис, со пласманот во главната рунда на турнир од Гренд слем серијата.
Лина Ѓоречска има 367 бодови се наоѓа на 208 место. Инаку, нејзиниот најдобра пласман на листата е 170-то место во 2027 година.
По Вимблдон, на позицијата број 1 остана Арина Сабаленка со 8.550 бодови, Елена Рибакина е втора со 8.143 поени, додека Џесика Пегула е на третата позиција со 6.301.
Коко Гоф е четвртата тенисерка во светот, а Мира Андрејева е рангирана на петтото место.
Финалистката на Вимблдон, Каролина Мухова, напредуваше за пет позиции и сега е шеста на ВТА листата, а новата шампионка на Гренд слемот во Лондон, Линда Носкова, се помести од 12-та позиција на седмата.
Меѓу првите 10 се Ига Швионтек, Аманда Анисимова и Елина Свитолина.
Спорт
Најдобриот дефанзивец во Евролигата потпиша за Денвер
Најдобриот дефанзивец на Евролигата, Алфа Дијало, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако се согласи на едногодишен договор вреден 1,4 милиони долари со Денвер Нагетс.
Како што објави ESPN, повикувајќи се на menaxerite Џаред Муча и Џејвон Филипс од агенцијата „Excel Sports Management“, 29-годишниот кошаркар потпиша загарантиран договор со тимот од Колорадо.
Дiјало пристигнува во Денвер по извонредните сезони во Евролигата, каде што минатата сезона во Монако ја освои наградата за најдобар дефанзивец на натпреварувањето.
Американецот, кој студираше на Универзитетот Провиденс, за прв пат ќе игра во НБА, а во Денвер негов соиграч ќе биде српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.
