Спорт
(Видео) Портланд се пласира во плејофот, Шарлот ќе игра во плејин финалето
Кошаркарите на Портланд се пласираа во плејофот на НБА лигата, откако ги победија Феникс Санс со 114:110 во директна борба за место во плејофот.
Портланд до место во Топ 8 го предводеше Дени Авдија, кој за 38 минути постигна 41 поен, со седум скока, 12 асистенции и пет изгубени топки.
Токму тој го реши натпреварот на 16 секунди пред крајот, кога погоди леј-ап со фаул за Феникс при резултат 110:109, а потоа реализираше дополнително слободно фрлање за недостижни 112:110. Портланд дојде до победата по голем пресврт, бидејќи ја надомести негативата од 11 поени во четвртата четвртина.
DENI AVDIJA 40-PIECE 😱
A bucket and the foul to put the Blazers up by 2 with 16.1 seconds remaining 🔥 pic.twitter.com/wOgjV0zTB5
— NBA on Prime (@NBAonPrime) April 15, 2026
Во тимот на Феникс, Џејлен Грин беше подобар од другите со 35 поени, Девин Букер додаде 22, Дилон Брукс 20, но сето тоа не беше доволно за да се избегне пораз од Треилблејзерс.
Портланд и Авдија ќе имаат судир со тимот на Сан Антонио во плејофот, додека Феникс ќе игра уште еден натпревар во обид да дојде до плејофот и дуел со Оклахома. Во финалето на плејофот, против подобриот тим од дуелот Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт.
Портланд се пласираше во плејофот за прв пат од 2021 година.
Шарлот Хорнетс ги победија Мајами Хит по продолжение со 127:126 на домашен терен, во плејинот од НБА лигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, прво Коби Вајт избори продолженија со тројка на крајот од регуларниот дел од натпреварот при резултат 114:111, а потоа Ламело Бол постигна кош за победа на Хорнетс во продолжението.
Ламело Бол се истакна за Хорнетс, со 30 поени, пет скока и 10 асистенции, по што следуваше Мајлс Бриџис со 28 поени и девет скока.
Брендон Милер исто така постигна двоцифрен број поени, 23 поени со пет скока и асистенции, Коби Вајт забележа 19 поени, пет скока и три асистенции.
За Мајами, Давион Мичел имаше 28 поени, по него следеше Ендру Вигинс со 27 поени и седум скока, додека Тајлер Хиро имаше 23 поени со шест асистенции.
Мајами беше без Бем Адебајо од првата четвртина, кога се повреди по бизарниот старт на Ламело Бол.
При падот за време на еден напад, тој ја повлече ногата на Адебајо, а центарот на Мајами се повреди при време на падот. По натпреварот се крена врева за тој потег.
Another angle of Bam Adebayo's hard fall after LaMelo Ball grabbed at the bottom of his leg.
Should this have been reviewed for a flagrant on Ball? 🤔pic.twitter.com/nva6Nn68p5 https://t.co/XiQhmcqUI0
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 15, 2026
Хорнетс ги очекува уште еден дуел, со цел да го обезбедат плејофот, а тој ќе биде против поразениот од дуелот помеѓу Филаделфија и Орландо Меџик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челзи ќе покрене судска постапка против Сити
Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска.
Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд Бриџ“, планира официјална жалба и потенцијална правна постапка против Сити поради начинот на кој италијанскиот тренер го напушти Челзи претходно оваа година.
Мареска ненадејно ја напушти клупата на „сините“ на почетокот на годината, а сега е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Во Челзи веруваат дека токму контактите со Сити сериозно го дестабилизирале тимот и ја уништиле сезоната на лондонскиот клуб.
Наводно, за време на престојот во Челзи, Мареска ги информирал сопствениците на клубот дека разговара со Сити, а оваа информација никогаш не била официјално демантирана.
Затоа, Челзи е подготвен да бара финансиска отштета „граѓаните“, но и да го отвори прашањето за околностите под кои Италијанецот го напуштил клубот.
Според британските медиуми, Челзи би морал официјално да поднесе жалба до Премиер лигата, која потоа би била должна да спроведе истрага. Се очекува целиот случај дополнително да ескалира во моментот кога Сити официјално ќе го објави назначувањето на Мареска.
Мареска пристигна во Челси во летото 2024 година откако ја освои Чемпионшип лигата со Лестер, а во својата прва сезона ја освои Лигата на конференции на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Сепак, односите со клупските челници брзо се влошија. Челси беше втор на табелата во Премиер лигата на почетокот на декември, но потоа имаше голем пад на формата и само една победа во седум натпревари.
Кулминацијата дојде кога Мареска ги прескокна медиумските обврски по ремито со Борнмут, по што набрзо беше отпуштен.
Оттогаш, Челси смени дури четири тренери, а во моментов е десетти на табелата. Клубот веќе го договори доаѓањето на Чаби Алонсо од следното лето.
Спорт
(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години
Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински терен кај Борнмут и со тоа остана на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.
На тимот на Пеп Гвардиола му беше потребна победа во овој натпревар за да остане во трката за титулата, но четата на Гвардиола не успеа, штп значи дека по 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија.
Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи во 39-та минута, додека Ерлинг Халанд постигна гол за 1:1 во петтата минута од судиското продолжение за израмнување и драма на крајот.
Foto/ EPA
Спорт
Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата
Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се борат на Вембли за влез во елитата бидејќи беа прогласени за виновни во сега веќе познатата шпионска афера.
Можност да игра во најскапиот меч во светот (победникот добива 200 милиони фунти), добија фудбалерите на Мидлзбро. ќе се сретне со Хал на Вембли утре.
Мидлсбро побара Саутемптон да биде исфрлен од плејофот откако објави дека бил жртва на шпионажа на тренинг, два дена пред првиот полуфинален натпревар. Клубот изјави како го фатиле аналитичарот на Саутемптон додека се криел во грмушките и го снимал нивниот тренинг.
Sky Sports News has obtained a photo that shows a man outside Middlesbrough’s training ground with a camera.
The picture has emerged after a complaint from Middlesbrough that a member of Southampton’s staff spied on one of their training sessions ahead of the play-off tie. pic.twitter.com/o0P0adAuLb
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 13, 2026
Саутемптон беше казнет и со одземање на четири бода на почетокот од следната сезона во Чемпионшип.
Финалето е сè уште закажано да се одржи оваа сабота на стадионот „Вембли“. Саутемптон има право на жалба, а комисијата има намера да одлучи за евентуалните приговори до крајот на утрешниот ден, со цел да се обезбеди непречено одвивање на финалниот натпревар.
