Контакт

Спорт

(Видео) ПСЖ лесно се справи со Ливерпул

Објавено пред

Фудбалерите Пари Сен Жермен го победија Ливерпул со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

ПСЖ доминираше против Ливерпул и повеќе од заслужено победи пред реваншот на „Енфилд“. Според се она што се случуваше на теренот, играчите на Ливерпул можат да бидатзадоволни со поразот од два гола.

Првиот гол дојде во 11-та минута преку Дезире Дуе, која го совлада Мамардашвили со феноменален удар од далечина. Интересно е што во првото полувреме „Црвените“ не создадоа ниту една сериозна шанса, едвај поминаа на полвината на ПСЖ, имаа 25 отсто од поседот на топката и ниту еден удар кон противничкиот гол.

Во второто полувреме „Црвените“ беа уште полоши.

Во 65-та минута, Хвича Кварацхелија направи одличен соло пробив по брилијантното додавање од Невеш и практично се прошета до голот на гостите за 2:0.

Парижаните продолжија да напаѓаат, а во 72-та минута добија пенал. Сепак, по гледањето на ВАР, одлуката беше поништена, но големото прашање е дали тоа беше правилна одлука.

На крајот, Усман Дембеле ја погоди стативата во 87-та минута, помалку од две минути подоцна, Хакими и Дембеле речиси имаа два на нула, но не ја искористија предноста, а во судиското продолжение, ПСЖ лесно можеше да добие уште еден пенал, но ништо не се случи…

Реваншот во Ливерпул се игра во вторник.

foto/ EPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Објавено пред

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок.

Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат.

Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во средината на првото полувреме. По тој гол, домашните се одлучија за дисциплинирана игра и чување на предноста, додека Лацио се обидуваше да израмни, но без некоја конкретна закана кон голот на „Виолетовите“.

Фиорентина сега има 35 поени, осум повеќе од тимовите во опсната зона, додека Лацио остана на 44 и се наоѓа на деветотот место.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Објавено пред

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата.

Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок.

Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута.

Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се зголемија на почетокот на вториот дел, кога Лисандро Мартинез, поради неспортски потег доби црвен картон.

Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, во 69-та минута, Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандес.

Иако имаа играч помалку, „црвените ѓаволи“ нападнаа, но Лидс успеа да се одбрани и да го задржи водството до самиот крај.

Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 55 бода, додека Лидс е на 15-то место со 36.

Во следната рунда, Лидс ќе го пречека Вулверхемптон, а Јунајтед ќе гостува кај Челзи.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Објавено пред

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар.

Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар.

„Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел од моето детство, тој е мој идол и засекогаш ќе бидам благодарен за сè што му даде на фудбалот. Нè инспирираше сите. Луѓето плаќаа билети за да го гледаат Нејмар, а по два или три дена, ги гледаа снимите од натпреварот за да видат што направил и какви движења имал. Сакам да му се заблагодарам за придонесот што го имаше во фудбалот и се надевам дека ќе игра на Светското првенство“, рече Јамал.

Тој додаде дека еден од идоелите му е и кошаркарот Леброн Џејмс, кој во 2016 година со Кливленд направи голем пресврт во финалето на НБА против Голден Стејт и од 0:2 и 1:3 стигна до 4:3 во победи.

„Леброн е исто така еден од оние што ме инспирираат пред утрешниот натпревар. Размислувам како го водеше тимот до пресврт и се надевам дека ќе можам да го направам истото. Но, не сум сам, имаме многу играчи, јас сум само дел од тимот. Важно е сите да веруваме и да размислуваме позитивно, што сме го покажале многу пати. Мора да се бориме за грбот што го носиме и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа.“

На крајот, младиот фудбалер рече:

„Важно е да играме како што знаеме, со многу интензитет. Не смееме да мислиме дека пресвртот е чудо. Влегуваме во натпреварот со 2:0, но мора да веруваме во пресвртот“, заклучи Јамал.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт3 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион4 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт5 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника5 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија5 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт5 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт5 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет5 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....