Спорт
(Видео) Ритас со историски пресврт ја освои Лигата на шампионите на ФИБА
Кошаркарите на Ритас ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, по спектакуларен пресврт и победа над АЕК (92:86) по продолженија, во финале кое долго ќе се памети.
Најефикасен во победничкиот тим беше Арнас Лукосиус со 23 поени, додека Кевариус Хардинг додаде 16 и даде голем придонес на крајот.
Џејмс Нунели беше најдобар во редовите на АЕК со 23 поени, но дури ни неговата игра не беше доволна за да се избегне поразот.
АЕК имаше сè во свои раце, предност од дури 20 поени на 12 минути до крајот на натпреварот, но целосно падна во финишот.
Последната четвртина донесе голем пад на концентрацијата и низа грешки, кои Ритас ги искористи, а со серија тројки се врати во натпреварот.
SIMONAS LUKOSIUS WITH ICE IN HIS VEINS#BasketballCLpic.twitter.com/G8VN5oYdsK
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 9, 2026
Во продолжението Ритас го комплетираше пресвртот. Литванскиот тим, влезе во уште една серија тројки, со што ја забележа историска победа и првата титула во ова натпреварување.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан доби нестварна сума за да игра за Катар
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на таа земја.
Според Харис Ставру од грчкиот „Спорт24“, кошаркарот на Панатинаикос ќе потпише петгодишен договор вреден 30 милиони долари и ќе стане натурализиран играч на репрезентацијата на Катар.
„SDNA“ наведува дека на Нан му е понуден договор вреден 10 милиони долари, но според тој извор, МВП-то на Евролигата за сезоната 2024/25 сè уште не ја прифатил понудата.
Катар има голем број играчи со потекло од други земји, а тие биле „асимилирани“ рано во своите кариери.
Нан би бил централна фигура на таа репрезентација, која ќе биде домаќин на Светското првенство на ФИБА во 2027 година.
Во текот на 2025 година, медиумите објавија дека Нан би можел да игра за Грција, но дека тој го одбил тоа, за потоа се поврзуваше и со Турција, што беше демантирано од тренерот на Панатинаикос и селектор на Турција, Ергин Атаман.
Нан оваа сезона во Евролигата имаше просек од 18,3 поени, 2,7 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Тој беше во втората најдобра петорка на Евролигата, а Панатинаикос доживеа сензационална елиминација од Валенсија во четвртфиналето.
„Зелените“ се борат за титулата во грчкото првенство со Олимпијакос. Кој го брани тронот.Олимпијакос води 2-1 во финалната серија, до три победи.
Четвртиот натпревар е закажан за среда во 20 часот.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез.
„Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на клупските челници, била испратена понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена.
Флорентино Перез победи на неодамна одржаните избори и остана на чело на Реал и веднаш се обиде да го оставри своето предизборно ветување.
Тој претходно нагласи дека, доколку остане претседател, Реал ќе испрати понуда вредна точно 150 милиони во вторник за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Атлетико ја отфрли понудата, со порака до Реал дека откупната клаузула на Алварез изнесува 500.000.000 евра.
Алварез пристигна меѓу „Јорганџиите“ во летото 2024 година, во трансфер вреден 75 милиони од Манчестер Сити. Доколку бидат остварени сите бонуси, трансферот може максимално да изнесува 95 милиони евра.
Оттогаш, аргентинскиот репрезентативец е клучен дел од тимот предводен од Диего Симеоне. Тој одигра 106 натпревари за Атлетико со учинок од 49 гола и 17 асистенции.
Минатата сезона, Алварез одигра 49 натпревари, постигна 20 гола и запиша 9 асистенции.
Неговиот договор со Атлетико истекува во летото 2030 година.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Со специјални покани од ИХФ, Турција и Саудиска Арабија ќе настапат на Светското првенство
Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.
Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.
Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.
Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи утре во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.
Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.
Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место во Германија за да се избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.
