Спорт
(Видео) Сити испушти предност од два гола, Челси во 95.минута се спаси од пораз против Борнмут
Манчестер сити испушти предност од два гола кај Брентфорд, Челси во 05.минута се спаси од пораз против Борнмут, а Вест Хем во малото лондонско дерби го победи Фулам со 3:2.
Манчестер сити беа блиску до трет последователен триумф, благодарение на головите на Фил Фоден во 66. и 78. минута, но „пчелите“ успеаја да дојдат до бод во судиското надополнување.
Домашниот тим намали во 82. минута преку Жоан Виса, а потоа Кристијан Норгард со глава го матираше Стефан Ортега во втората минута од судиското надополнување.
Избраниците на Пеп Гвардиола уште еднаш беа казнети за своите недостатоци и сега се седми на табелата со 35 бодови.
Челзи успеа да дојде до бод против Бурнмут во судиското надополнување со голот на капитенот Рис Џејмс.
По голот на Кол Палмер во 13. минута се чинеше дека „Сините“ лесно ќе го решат Бурнмут, но она што следуваше беше вистински хаос.
Најпрвин израмни Џастин Клајвер од пенал во 50. минута, а Антоан Семењо со „проектил“ во 68. минута направи пресврт за гостите.
Бурнемут беше блиску до изненадување, но Рис Џејмс го спаси Челзи од пораз во петтата минута од судиското надополнување од слободен удар.
Челзи е четврти на табелата со 37 бодови, додека Борнмаут е седми со 34 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата
Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс, во натпревар што заврши со резултат 1:1, беше доволен за тимот на Френк Лампард математички да обезбеди промоција воелитниот ранг на англискиот фудбал.
„Херој на историската вечер беше Боби Томас, чиј гол со глава во 84-та минута донесе неопислива прослава за навивачите на „Небесно сините“, пишува Би-Би-Си.
Се чинеше дека прославата ќе биде одложена, откако Блекбурн поведе во 54-та минута. Риоја Моришита му донесе предност на Белкбурн.
За домашниот тим, освоениот бод е исклучително важен во борбата за опстанок во лигата.
Поминаа точно 9099 дена од последниот натпревар на Ковентри Сити во Премиер лигата. Враќањето во елитата предизвика силни емоции. По последниот свиреж на судијата, навивачите на трибините беа во солзи, играчите славеа на теренот, а менаџерот Френк Лампард, познат по својата воздржаност, мирно се ракуваше со своите колеги.
Спорт
(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула
Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А.
Од самиот почеток, Интер наметна висок ритам на играта, со константен посед на топката и постојан притисок врз последната линија на Каљари. Гостите од Сардинија издржаа во првото полувреме кое заврши без голови.
На првиот гол се чекаше до 52-та минута, кога Маркус Тирам со глава ја испрати топката во мрежата по центаршут од левата страна.
Само четири минути подоцна, Николо Барела, ја дуплираше предноста на својот тим, а конечниот резултат го постави Зиелински во втората минута од судиското продолжение.
По оваа победа, Интер со натпревар повеќе има 12 поени повеќе од Наполи.
Foto/ EPA
Спорт
Почина легендарниот Оскар Шмит
Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на 69-годишна возраст.
Членот на Салата на славните, познат по прекарот „Света Рака“, страдаше од тумор на мозокот 15 години.
Членовите на неговото семејство потврдија дека Шмит си заминал со „храброст, достоинство и неуморен дух, останувајќи пример за решителност, дарежливост и љубов кон животот“.
Статистичарите евидентираа дека Шмит постигнал вкупно 49.973 поени за време на неговата професионална кариера во сите натпреварувања, што го прави најдобар стрелец во историјата на кошарката до април 2024 година, кога го престигна Леброн Џејмс.
Шмит никогаш не играл во НБА, но бил високо ценет во Бразил поради неговата посветеност на националниот тим и неговите настапи на рекордни пет последователни Олимписки игри.
Тој е рекордер на олимпискиот турнир по бројот на поени. Беше клучен играч на бразилскиот тим во антологиската победа над селекцијата на САД на Панамериканските игри во 1987 година.
Својата професионална кариера ја започна во 1974 година и поголемиот дел од неа го помина во Бразил и Италија, каде што стана идол од детството на идниот великан Коби Брајант. Во 1984 година, тој беше избран од Њу Џерси Нетс во шестата рунда од драфтот на НБА. Тренираше со тимот, но го одби договорот. Во тоа време, на играчите од НБА не им беше дозволено да играат за националните тимови.
Со висина од 205 см, тој беше исклучително прецизен шутер за тројки во 1980-тите, кога тројката не беше ни приближно толку честа како што е денес. Токму затоа го доби прекарот „Мао Санта“ („Света рака“).
