Контакт

Спорт

(Видео) Скандал во турската репрезентација: Вирално видео ги налути навивачите

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Турција се најде во центарот на вниманието на Светското првенство откако тројца репрезентативци биле снимени на балкон додека пушеле.

Снимката брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции кај навивачите. Дополнителни контроверзии предизвикале шпекулациите на дел од корисниците дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт, иако за таквите тврдења засега нема официјална потврда.

„Веќе не заслужуваш да бидеш во репрезентацијата, а сега уште и пушиш“, гласи еден од коментарите на незадоволните навивачи.

Засега Фудбалскиот сојуз на Турција не се огласил по повод снимката, ниту е познато дали ќе биде покрената дисциплинска постапка против фудбалерите.

Турција на Мундијалот настапува во групата Д заедно со САД, Парагвај и Австралија, а останува да се види дали инцидентот ќе влијае врз атмосферата во тимот пред следните натпревари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Халанд: Не беше фаул

Објавено пред

Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале.

Норвешка беше поразена од Англија со 2:1 по продолженијата на стадионот во Мајами, а 25-годишниот напаѓач беше во центарот на контроверзиите.

Десет минути по почетокот на второто полувреме, голот на Торбјорн Лисекер Хегем беше поништен по прегледот на ВАР.

Судиите проценија дека Халанд го фаулирал својот иден соиграч Елиот Андерсон пред голот, уште пред топката да биде уфрлена во игра. По натпреварот, Халанд не ја криеше својата фрустрација.

„Искрено, се чувствувам малку празно. Мислам дека заслуживме повеќе. Според мене, не беше фаул. Голот беше поништен затоа што наводно го турнав Елиот Андерсон, а така ме туркаат во секој дуел. Ова остава горчлив вкус“, изјави Халанд за ТВ 2 и продолжи:

„Ако е фаул, тогаш треба да добијам слободен удар по речиси секој дуел, на секој натпревар. Тие постојано ме туркаат и ме влечат, и затоа мислам дека ова е лошо судење. На Светското првенство малите работи одлучуваат. Против Бразил успеавме да ги свртиме таквите ситуации во наша корист. Денес, кога одлуките беа 50-50 против нас, беше тешко“, додаде напаѓачот на Манчестер Сити.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓорческа скокна 14 позиции на ВТА листата

Објавено пред

Лина Ѓорческа напредуваше 14 позиции на најновата ВТА листа. Пласманот на 208-то место на ВТА листата и го донесе импресивниот настап во квалификациите за Вилблдон. Ѓорческа ги мина трите рунди, со што постигна историски успех за македонскиот тенис, со пласманот во главната рунда на турнир од Гренд слем серијата.

Лина Ѓоречска има 367 бодови се наоѓа на 208 место. Инаку, нејзиниот најдобра пласман на листата е 170-то место во 2027 година.

По Вимблдон, на позицијата број 1 остана Арина Сабаленка со 8.550 бодови, Елена Рибакина е втора со 8.143 поени, додека Џесика Пегула е на третата позиција со 6.301.

Коко Гоф е четвртата тенисерка во светот, а Мира Андрејева е рангирана на петтото место.

Финалистката на Вимблдон, Каролина Мухова, напредуваше за пет позиции и сега е шеста на ВТА листата, а новата шампионка на Гренд слемот во Лондон, Линда Носкова, се помести од 12-та позиција на седмата.

Меѓу првите 10 се Ига Швионтек, Аманда Анисимова и Елина Свитолина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Најдобриот дефанзивец во Евролигата потпиша за Денвер

Објавено пред

Најдобриот дефанзивец на Евролигата, Алфа Дијало, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако се согласи на едногодишен договор вреден 1,4 милиони долари со Денвер Нагетс.

Како што објави ESPN, повикувајќи се на menaxerite Џаред Муча и Џејвон Филипс од агенцијата „Excel Sports Management“, 29-годишниот кошаркар потпиша загарантиран договор со тимот од Колорадо.

Дiјало пристигнува во Денвер по извонредните сезони во Евролигата, каде што минатата сезона во Монако ја освои наградата за најдобар дефанзивец на натпреварувањето.

Американецот, кој студираше на Универзитетот Провиденс, за прв пат ќе игра во НБА, а во Денвер негов соиграч ќе биде српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Во Португалија избувна епидемија на норовирус: заразени повеќе од 120 лица

Во Португалија избувна епидемија на норовирус, во која се заразени повеќе од 120 лица, а се сомнева дека фокусот на...

Свет17 минути

„Буквално возев низ оган“: Драматични признанија на жители евакуирани во Шпанија поради шумски пожар

Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари...

Забава23 минути

(Фото/Видео) Убавицата од 90-тите се омажи на 54 години: По 25 години врска, конечно кажа „да“

Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска. Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се...

Економија31 минута

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС...

Забава31 минута

(Видео) Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска ги споија гласовите во првиот дует – „Луди и наивни“

Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму...

Македонија34 минути

Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад,...

Забава37 минути

Снимка од позната актерка циркулира на интернет, многумина пишуваат: „Кој, по ѓаволите, е овa?“

Гостувањето на Џенифер Лоренс во подкастот „Happy Sad Confused“ повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Луѓето масовно коментираат...

Македонија42 минути

(Видео) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и...

Македонија44 минути

(Видео) „За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти“, вели Димитровска

„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави...