Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест
По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти.
Во првиот термин, Фрајбург повторно победи против Селта и се пласираше во полуфиналето, а на германскиот тим потоа му се придружија два англиски тима, Астон Вила и Нотингем Форест, односно португалскиот тим Брага.
Астон Вила повторно беше подобра од Болоња. Во Боримнгем убедливо славеше со 4:0 и со вкупни 7:1 избори место во полуфиналето.
Оли Воткинс ја најави убедливата победа по шест минути игра. Потоа Роџерс промаши пенал, а неколку минути подоцна Буендија зголеми на 2:0. Серијата голови до полувремето во 39-та минута ја затвори Роџерс. До крајот, во 89-та минута, гол постигна и Конса.
Астон Вила, во полуфиналето ќе игра против ривалот од Премиер лигата, Нотингем Форест.
„Шумарите“, во реваншот со 1:0 го победија Порто. На домашните работата им беше олеснета кога, поради ужасе старт, во осмата минута, Беднарек беше исклучен.
Англискиот тим ја искористи предноста и поведе само четири минути подоцна, Нико Вилијамс асистираше за голот на Гибс Вајт.
Бетис извлече добар резултат против Брага (1:1) на гостински терен, а во реваншот во Севилја, го отворија натпреварот брилијантно, се чинеше дека брзо ги решија сите дилеми.
Шпанскиот тим со головите на Антони во 13-та минута и Езалзули во 26-та минута имаше голема предност.
Португалците се вратија во натпреварот со гол во 38-та минута. Не застанаа тука, Витор Карваљо израмни на „Картуха“, но и во вкупниот резултат.
Тоа им даде крилја на гостите, кои успеаја да го свртат резултатот, веќе во 53-та минута до гол од пенал, преку Орта. Последниот удар на Бетис му го зададе Горби во 74-та минута.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Истрага ќе го одложи финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата
Според англиските медиуми, финалето од плејофот за пласман во Премиер лигата можеби нема да се одржи во сабота, 23 мај, бидејќи Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го истражува скандалот „Спајгејт“, во кој е вмешан Саутемптон.
Би-Би-Си Спорт известува дека сослушувањето, спроведено од Независниот дисциплински комитет, ќе се одржи најдоцна во вторник, 19 мај.
По нерешениот резултат во првиот натпревар (0:0), Саутемптон победи со 2:1 во реваншот на стадионот „Сент Мери“ и ќе игра против Хал Сити (го елиминира Милвол) во финалето за пласман во Премиер лигата.
Финалето е закажано за 23 мај, но доколку треба да се презакаже поради исходот од сослушувањето и евентуалните последователни жалби, ЕФЛ вели дека има „бројни планови за непредвидени ситуации“.
Финалето од плејофот во Премиер лигата често се нарекува „најскапиот натпревар во светот“, бидејќи му носи на победникот околу 200 милиони фунти (околу 230 милиони евра). Ова е сума што доаѓа од големите приходи поврзани со телевизиските права и натпреварувањето во Премиер лигата.
Директен пласман во Премиер лигата веќе обезбедија Ковентри Сити и Ипсвич Таун како два првопласирани тима на табелата во Чемпионшип.
Спорт
Анчелоти го продолжи договорот со Бразил
Бразилската фудбалска асоцијација (ЦБФ) денес потврди дека Карло Анчелоти потпиша нов договор до летото 2030 година.
Во кратко соопштение, ЦБФ нагласи дека Бразил ќе продолжи да биде под команда на еден од најдобрите тренери во историјата, истакнувајќи дека имаат апсолутна доверба во него дека ќе го направи „Селесао“ сила каков што беше некогаш.
Анчелоти го презеде Бразил минатото лето откако го напушти Реал Мадрид по четири години.
Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде неговиот прв голем тест како селектор, а притисокот е како и секогаш огромен.
Бразил е светски шампион пет пати, но чека на трофеј од 2002 година.
Бразил е во групата Ц со Шкотска, Хаити и Мароко.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Македонија победи во Словачка – Ракометарите се на чекор до пласман на Мундијалот во Германија
Ракометната репрезентација на Македонија длабоко зачекори на Светското првенство во 2027 година, во Германија. Вечерва во Прешов, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот, Македонија ја победи Словачка со 31:24 (18:13).
Избраниците на Кире Лазаров, во Словачка го демонстрираа својот квалитет и во целост ја оправдаа улогата на фаворит во овој бараж.
Првите 20 минути беа изедначени, како да сакаше Кире Лазаров да ја испитат силата на противникот. Од предноста на Словаците 10:9, Македонија го заклучи полувремето со 8:4.
Вториот дел мина во целосна контрола на се она што се случуваше на теренот од страна на македонските ракометари. На крајот победа со седум голови разлика, што прави реваншот во Скопје да биде формалност.
Македонија до победата ја ппредводеа капитенот Кузмановски со 10, Лазаревски со седум и голманот Томовски со 3 интервенции.
Реваншот во Скопје на програта е во недела, со почетокот во 19 часот.
Foto/ EPA
