Спорт
(Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“
На социјалните мрежи се појави видео на кое англискиот судија Дејвид Кут вулгарно зборува за Ливерпул и неодамнешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп.
На спорното видео 42-годишниот судија одговара на прашање на пријател какво мислење има за клубот од Енфилд: „Ливерпул е ср..е“, од приложеното би се рекло дека Кут не ги избирал зборовите.
Следуваше прашање за германскиот стручњак…
„Апсолутна пи..а“.
Набрзо објасни од каде е негативното мислење за Клоп.
„Ми се нафрли кога го судев нивниот натпревар против Барнли, ме обвини дека лажам, а потоа ми се нафрли. Не ме интересира да разговарам со некој што е толку еб.но арогантен. Јас лично се обидов да не разговарам со него“, додаде тој, а потоа го пофали тогашниот капитен на Ливерпул, Џејмс Милнер:
„Милнер е во коректен“, рече Кут, а потоа покажа слика со него додека ја извршуваше улогата на четврти судија.
Recorded footage of David Coote calling Liverpool “sh*t” and Jurgen Klopp a “c*nt”.
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) November 11, 2024
Следуваше коментар за мерките за пандемијата, што укажува дека снимката е стара неколку години и за крај Кут го навреди Клоп на национална основа.
„Боже. Пи..а германска“.
Заедно со оваа „протече“ и видео на кое Кут истакнува дека снимените навреди кон Клоп никогаш не треба да ја видат светлината на денот.
Кут сега тврди дека видео материјалот е монтиран со помош на вештачка интелигенција.
Здружението на професионални судии води истрага за автентичноста на видеото, а Кут е суспендиран додека процесот на заврши. Ако се покаже дека не се работи за монтажа, Кут ќе мора да бара друга работа.
Кут и претходно беше обвинет дека е фан на Манчестер јунајтед, а на неговиот Фејсбук профил беа прикачени негови фотографии од Олд Трафорд.
Наскоро се докажа дека некој му го подметнал тоа, Заедницата објави дека Кут бил навивач на Нотс Каунти, член на четвртиот степен на англискиот фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мареска: Ова е над моите очекувања
По спектакуларната победа во градското дерби против Тотенхем (3:4), Челзи се осами на второто место во Премиер лигата, што малкумина го очекуваа пред почетокот на сезоната. Вакво нешто не очекувала ниту менаџерот на тимот, Енцо Мареска.
Тимот кој минатата сезона успеа да го избори пласман во Конференциската лига само благодарение на одличниот финиш, а потоа го смени тренерот, оваа сезона не се најде во најтесниот круг на фаворити. Челси не го вбројуваа ниту меѓу фаворите за едно од првите четири места кои сигурно водат во Лигата на шампионите.
Но, по 15 кола во Премиер лигата, само Ливерпул е пред „сините“. Ниту разликата не е голема, само четири бода („рвените“ имаат натпревар помалку). Тренерот на Челси, Енцо Мареска дефинитивно може да биде задоволен.
„Ова е над моите очекувања. Кога станува збор за играта со топка и без неа и кога станува збор за резултатите“, изјави Мареска.
Сепак, тој одбива да го промовира Челзи во претендент за шампионската титула.
„Арсенал, Сити и Ливерпул веројатно не прават грешки какова што направи Кукуреља. Да бидеме сериозни, не сме подготвени. Ние сме далеку од овие тимови, но фокусирани сме да работиме секој ден напорно за да се подобриме“.
Спорт
Баерн од употреба ја повлече „петката“ на Франц Бекенбауер
Од вчера ниту еден играч на Баерн нема да може да го носи дресот со број 5, кој некогаш му припаѓаше на најголемиот германски фудбалер на сите времиња и легенда на клубот од Минхен, Франц Бекенбауер.
Во Баерн вчера се одржа клупското собрание на кое беа презентирани финансиските извештаи и плановите за во иднина. На почетокот на настанот, клубот организираше специјален настан во чест на Франц Бекенбауер, одржувајќи изложба наречена „Засекогаш наш Кајзер“, на која беа претставени уникатни експонати од неговата кариера.
За збор се јави претседателот на клубот Херберт Хајнер.
„Франц, ни недостигаш. Она што останува и не поврзува се сеќавањата за тебе“, рече Хајнер и потоа објави дека управата на клубот донела одлука да се повлече со број 5.
„Франц Бекенбауер засекогаш ќе остане недопирлив, засекогаш нашиот Кајзер. Бројот 5 ќе биде резервиран за уникатно наследство, бидејќи нашиот клуб и неговата историја се едноставно незамисливи без Франц“, рече Хајнер.
На клупско ниво, Бекенбауер освои дури 13 трофеи како играч на Баерн, вклучувајќи четири титули во германското првенство и три титули во Купот на шампионите. Како тренер, тој го предводеше Баерн до титулата во германската лига во 1994 година и Купот на УЕФА во 1996 година.
Бекенбауер е еден од само тројцата во историјата на фудбалот, заедно со Бразилецот Марио Загало, кој почина пред два дена, и Французинот Дидие Дешам, кои го освоија Светското првенство и како играчи и како тренери.
Како играч го освои Светското првенство во 1974 година на домашен терен, а како селектор на Германија во 1990 година во Италија.
Бројот 5 последен пат во Баерн го носеше Французинот Бенжаман Павар кој сега настапува за Интер.
Спорт
Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот
Хуан Сото и Њујорк Метс го потпишаа најголемиот договор во историјата на спортот.
Хуан Сото договорил 15-годишен договор вреден 765 милиони долари. Годишно ќе заработува 51 милион.
Ова е 12-ти договор во МЛБ вреден 325 милиони долари или повеќе. Со рекордниот договор, Сото го мина Шохеи Охтани, кој потпиша деветгодишен договор со ЛА Доџерс од 700 милиони долари претходно оваа година.
Интересно е што дваесет и шестгодишниот Сото одбил 440 милиони за истиот период од Вашингтон во 2022 година.
Договорот на Сото со Метс има излезна клаузула по пет години и вклучува потенцијални бонуси кои би можеле да пораснат до над 800 милиони долари.
Момчето родено во Доминиканската Република, минатата сезона настапувајќи за Њујорк Јенки, забележа рекордни во кариерата удари (166) и хоум-ранови (41) и го предводеше својот тим до првиот настап во Светската серија од 2009 година.