Контакт

Спорт

(Видео) Тросар и ВАР-от го доближија Арсенал до титулата

Објавено пред

Фудбалерите на Арсенал „на мускули“ го победија Вест Хем со 1:0 во 36-то коло од Премиер лигата. Арсенал сега се на чекор до титулата, а Вест Хем ди преселба во Чемпионшип.

Вест Хем се држеше одлично против „топџиите“ во текот на целиот натпревар, а во 79-тата минута сè можеше да биде повеќе или помалку готово, но играчот од средниот ред на Вест Хем, Матеуш Фернандес, пропушти 100% шанса. Дави Раја веројатно ја забележа одбраната на сезоната во Премиер лигата.

Шпанскиот голман се истакна и во 45-та минута кога го одбрани ударот на Тати Кастељанос.

Во второто полувреме, Играчите на Вест Хем беа тие кои веројатно повеќе заслужија да постигнат гол. Немаа посед на топката на своја страна, но беа поконкретни.

Сепак, следеше казна – Арсенал го прави она по што е познат и успева некако да постигне гол. Овој пат, по ударот на Тросар, топката се одби од Соучек и го измами Хермансон, кој немаше време да реагира.

До крајот на натпреварот, четата на Артета почна да го затвора натпреварот, односно се обидуваше да ја оструира играта, и се чинеше дека ќе успее.

Сепак…

Во 95-та минута, Раја реагира катастрофално на корнерот, топката му „легна“ на Калум Вилсон кој од волеј постигна гол.
Сепак…

Следеше ВАР проверка, околу три минути. Откако во ВАР собата немаа решение, го повикаа судијата Крис Кавана да ја прегледа ситуацијата. Главниот арбитар го понишшти голот.

Арсенал сепак успеа да освои три бода, а сега имаат дуели со Барнли дома и Кристал Палас на гости, и ако ги добијат двата, без оглед на резултатите на Сити, ќе станат шампиони на Англија за прв пат од 2004 година.

Foto/ EPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пике: Кукуреља не може да очекува поддршка за она што го направи

Објавено пред

Левиот бек и поранешен член на Челзи, Марк Кукуреља (27), потпиша за Реал Мадрид, што предизвика многу реакции со оглед на тоа што фудбалски растеше во школата на Барселона, познатата Ла Масија. Ваков трансфер е реткост во шпанскиот фудбал.

Реал Мадрид издвои 55 милиони евра за него. Според извештаите, по овој трансфер, Барселона повеќе не го смета Кукуреља за производ на нејзината младинска школа. Неговото име и детали наводно се избришани од евиденцијата на Ла Масија.

Поранешниот играч на Барселона, Џерар Пике, остро го критикуваше 27-годишниот дефанзивец.

„Тој помина низ Ла Масија, го носеше грбот на Барселона како дете, научи за вредностите на клубот и многу добро знае што значи Барселона за милиони фанови низ целиот свет“, рече Пике и продолжи: „Затоа ова боли уште повеќе. Играч кој доаѓа од Ла Масија многу подобро го разбира соперништвото. Ако пораснете во академијата на Барселона, а потоа го изберете Реал Мадрид, не можете да очекувате поддршка.“

Пике ја нагласи важноста на идентитетот на клубот: „Ла Масија е повеќе од училиште, тоа е идентитет. Можете да ја напуштите Барселона, но да потпишете за Реал Мадрид откако ќе пораснете во Ла Масија? За многу фанови, тоа е преминување на црвената линија. Луѓето можат да изберат што сакаат, но вистинскиот „Кулер“ не заборава од каде доаѓа“, заклучи тој.

Кукуреља не доби вистинска можност во првиот тим на Барселона, за која играше само седум минути. Играше како позајмен во Еибар и Хетафе, тој ја продолжи кариерата во Англија. Најпрвин Хетафе за 10 милиони евра го откупи неговиот договор од Барселона, а потоа за 20 милиони евра го продаде во Брајтон. Две години подоцна од Брајтон замина во Челзи, во трансфер вреден од 65 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Тунис го отпушти селектор по дебаклот од Шведска

Објавено пред

Фудбалскиот сојуз на Тунис, му врачи отказ на селекторот на селекторот Сабри Ламуши. 54-годишникот е отпуштен поради тешкиот пораз од Шведска (5:1), во 1. коло од Светското првенство,

Одлуката да му биде врачен отказ на селекторот била донесена неколку часа по првиот меч на Мундијалот. На состанокот е решено, помошникот Вахби Хазри да го води тимот до крајот на Светското првенство, а Мондер Кебајер се споменува како нов селектор по Светското првенство.

Медиумите во Тунис ја опишуваат оваа одлука како преседан и очаен потег на националниот сојуз, кој е под огромен притисок од јавноста. Критиките кон Ламуши се засилија пред Светското првенство поради слабите настапи во подготвителните натпревари, но малкумина очекуваа дека тој ќе биде заменет по првото коло од групната фаза, без оглед на убедливиот поразот од Шведска.

Се очекува Фудбалскиот сојуз на Тунис дополнително да ги разјасни причините за толку брзата одлука во наредните денови. Се шпекулира дека постоеле нарушени односи меѓу Ламуши и дел од соблекувалната, како и дека некои искусни репрезентативци отворено го изразиле своето незадоволство од неговиот избор на тактика и персонал за натпреварот против Шведска. Ламуши беше назначен за селектор во јануари оваа година. Тој одигра пет натпревари како селектор и има една победа, едно реми и дури три порази.

До крајот на групната фаза на Светското првенство, Тунис ќе има дуели против Јапонија (21 јуни) и Холандија (26 јуни), но по поразот од Шведска со 5:1, тешко дека можат да направат изненадувања.

Сабри Ламуши не е првиот селектор кој е отпуштен среде Светското првенство. Тоа се случило и претходно.

Нигерија го смени селекторот Филип Трусие за време на првенството во Франција во 1998 година, а Саудиска Арабија го замени Насер Ал-Џохар по поразот од Германија во 2002 година со огромни 8:0.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Рубен Аморим го презема Милан

Објавено пред

Милан постигна договор со Рубен Аморим, кој треба да ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на италијанскиот клуб, објавија португалските медиуми.

Според овие извори, португалскиот тренер се согласил на двегодишен договор, до летото 2028 година, со можност за продолжување за уште една сезона.

Откако го напушти Манчестер Јунајтед во јануари, Аморим (41) планираше да не преземе нов клуб оваа сезона, но понудата на Милан ги промени неговите планови. Португалскиот стручњак претходно истакна дека италијанскиот гигант е меѓу клубовите што отсекогаш сакал да ги води.

Аморим ќе заработува 3.500.000 евра нето по сезона во Милан, со дополнителни бонуси поврзани со освојување трофеи и пласман во Лигата на шампионите.

Милан не успеа да се квалификува во елитното европско натпреварување во претходните две сезони, бидејќи го освоија осмото место во Серија А во сезоната 2024/25, односно петтата позиција една година подоцна.

Се вели дека останува само конечно одобрение од сопственикот на клубот Џери Кардинале и компанијата „РедБирд“, по што Аморим треба да отпатува во Италија и да го потпише договорот.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Естрада5 минути

Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома

Велшката пејачка Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев застој што го...

Економија26 минути

Цената на нафтата нагло падна по договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и...

Забава43 минути

Три хороскопски знаци до крајот на месецот ќе мора да се соочат со вистината од која бегаат

Според астролошките толкувања, до крајот на месецот три хороскопски знаци би можеле да се соочат со вистини што долго време...

Свет46 минути

И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно пловат низ Ормускиот Теснец

По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на...

Свет50 минути

Иран бара договорот со САД да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност на ОН

Иран ќе бара конечниот договор со САД, вклучително и делот што се однесува на нуклеарната програма, да биде поддржан со...

Регион53 минути

Еден од загинатите управувал со едрилицата во моментот на судирот, јавуваат хрватските медиум

Во истрагата за тешката поморска несреќа кај Сплит, во која загинаа четворица чешки државјани, се појавија нови неофицијални информации според...

Регион57 минути

Вучиќ: Нема да владеам ниту еден ден без легитимитет

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли шпекулациите во дел од медиумите дека по евентуално поднесување оставка планира да ја...

Македонија59 минути

Мисајловски од Париз: инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (15 јуни) престојува во Париз, Франција каде присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за...

Македонија1 час

Осуда за инцидентот со возилата на бугарската амбасада, Муцунски најави целосно расчистување на случајот

Осуда за инцидентот во кој денеска беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје изразил министерот...