Спорт
Влаховиќ стана најскапиот играч од просторите на поранешна СФРЈ

Душан Влаховиќ, ги мина успешно лекарските прегледи во Јувентус. Викендов, ќе ја има официјалната промоција во новиот клуб.
Трансферот на Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус е тежок 75.000.000 евра. Влаховиќ стана најскапиот фудбалер од просторите на поранешна Југославија. Новиот играч на Јувентус од врвот го симна соиграчот од репрезентацијата на Србија, Лука Јовиќ.
Десет најскапи трансфери на фудбалери од поранешна Југославија:
1. Душан Влаховиќ (Србија), 2022 од Фиорентина во Јувентус за 75.000.000 евра
2. Лука Јовиќ (Србија), 2020 од Ајнтрахт во Реал за 63.000.000 евра
3. Миралем Пјаниќ (БиХ), 2019 од Јувентус во Барселона за 60.000.000 евра
4. Немања Матиќ (Србија), 2017 од Челси во Манчестер јунајтед 44.700.000 евра
5. Матео Ковачиќ (Хрватска), 2019 од Реал во Челси за 45.000.000 евра
6. Матео Ковачиќ (Хрвстска) 2015 од Интер во Реал Мадрид за 38.000.000 евра
7. Един Џеко (БиХ), 2011 од Волфсбург во Манчестер сити за 37.000.000 евра
8. Лука Модриќ (Хрватска) 2012 од Тотенхем во Реал Мадирд за 35.000.000 евра
9. Марко Пјаца (Хрватска) 2016 од Динамо Загреб во Јувентус за 29.400.000 евра
10. Немања Матиќ (Србија) 2013 од Бенфика во Челси за 25.000.000 евра
10. Лазар Марковиќ (Србија) 2014 од Бенфика во Ливерпул за 25.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борба за трофејот и за голема парична награда

Реал Мадрид и Ливерпул вечерва ќе се борат не само за титулата во Лигата на шампионите, туку и за голема парична награда.
Според многумина, двете најдобри екипи во светот се среќаваат на финалето во Париз од 21.15 часот. Мадриѓаните одат по рекорден 14. трофеј, Ливерпул по седмиот. Според обложувалниците фаворит е тимот на Јирген Клоп.
Освојувачот на трофејот ќе слави со денови, а посебен мотив се парите што ќе ги добие за победата.
Победникот од овогодинешната ЛШ ќе добие 22,6 милиони евра. Клубот кој ќе биде поразен ќе добие 17,5 милиони евра. Покрај тоа, Ливерпул ќе добие 24,4 милиони за рангирањето на УЕФА и 18,4 милиони за телевизиските права по финалето. Во случајот со Реал тие суми се 35,5 милиони односно 13,2 милиони.
Вреди да се додаде дека и двете екипи во овогодинешната ЛШ веќе заработија вкупно околу 180 милиони евра за спортските достигнувања.
Англичаните сезонава заработија 91,44 милиони евра, а Реал Мадрид 88,27 милиони евра. По финалето овие суми ќе се зголемат уште повеќе.
Во случај на победа на Ливерпул нивната вкупна заработка ќе изнесува 139,34 милиони евра, а кај Реал 142,07 милиони евра.
УЕФА издвои вкупно две милијарди евра за бонуси, кои се делат на сите учесници, но секако најмногу за оние кои стигнаа до самиот крај.
Спорт
Ливерпул ќе се обиде да ги „украде“ Гави од Барселона

Фабрицио Романо на почетокот на овој месец објави дека Барселона договорила речиси сè со големиот талент Гави и дека наскоро ќе фудбалерот ќе го продолжи договорот истекува наредното лето.
Во договорот на Гави, Барса треба да стави клаузула за откуп од 1.000.000.000 евра. Не е познато зошто договорот се уште не е потпишан. Ваквиот развој на настаните се обидува да го искористи Ливерпул.
Според сегашната клаузула, тоа може да го направи со уплата од 50.000.000 евра,
Менаџерот на Гави, поранешниот играч на Барселона Иван де ла Пења, потврдил дека се уште нема официјална понуда за продолжување на договорот.
17-годишното чудо од дете оваа сезона одигра 47 натпревари за клубот во сите натпреварувања. Тој постигна два гола во првенството и има шест асистенции, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60.000.000 евра.
Спорт
И Клоп го откри составот за големото финале
Еден час пред почетокот на финалето во Лигата на шампионите, Јирген Клоп го откри почетниот состав.
Германецот имаше само една дилема, дали да почне со Тијаго Алкантара или со Наби Кеита. Сепак Бразилецот со шпански пасош успеа да се рехабилитира од повредата и тој ќе биде во редот за врска, заедно со капитенот Џордан Хендерсон и Фабињо.
Ливерпул вечера, во Париз, се бори за седмата титула во Купот/Лигата на шампионите.
Here's how we line up for the #UCLfinal
👊🔴
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022