Спорт
Влезници за мечот Италија – Македонија ќе можат да се купуваат до вторник

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 24. март меѓу Италија – Македонија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен и навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12:00 часот.
Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.
Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:
Треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386
Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;
Билетот го добиваат во електронска форма;
Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк: https://app.euplf.eu/#/
Навивачите на македонската репрезентација кои немаат аплицирано за кодови за купување на билети, а се заинтересирани за следење на натпреварот Италија – Македонија во Палермо може да аплицираат за влезници преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected].
Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Силекс и Македонија ЃП во битка за пехарот од Купот на Македонија

Силекс ќе се обиде да го одбрани пехарот, а Македонија ЃП по повеќе од една деценија да го врати во Ѓорче Петров. Вечерва (18 часот) на Националната арена во Скопје се игра 29. финале на фудбалскиот Куп на Македонија.
Победата е важна од спортски агол, но исто така и пласманот на европска сцена кој ќе обезбеди повеќе од половина буџет за следната сезона, 450.000 евра.
Македонија ЃП можеби ја има фаворитската улога со оглед дека е прволигаш и во последниот период имаше забележителни настапи.
„Подготвени сме за предизвикот и мислам дека сосема заслужено сме во финалето. Претходно ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи, Струга. Максимално го ресепектираме тимот на Силекс, кој е актуелен освојувач на Купот. Ги анализиравме, имаат одличен тим кој е предводен од одличниот Горазд Михајлов на клупата. Пехарот во Купот двапати го освоив како играч, се надевам на прв триумф и во улога на тренер“, вели Муарем Бајрами, тренерот на Македонија ЃП.
Силекс е бранител на трофејот и тим кој експресно се врати во елитата по одличната сезона во Втората лига Запад.
„Ние сме бранители на титулата и единствен второлигаш кој има можност да го брани трофејот. Имаме голем респект за Македонија ЃП, тим кој до последното коло беше во игра преку Првата лига да избори излез во Европа. Ќе дадеме се од себе и нека победи подобриот“, изјави Горазд Михајлов, тренерот на Силекс.
Финалниот натпревар се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ вечерва со почеток од 18 часот.
Спорт
Филип Костиќ МВП на Лига Европа, четворица од Ајнтрахт во „дрим-тимот“

Ајнтрахт Франкфурт го освои пехарот во Лигата на Европа откако на пенали го совлада Глазгов Ренџерс во финалето во Севилја. Фудбалерот на германскиот клуб, српскиот интернационалец, Филип Костиќ, кој го водеше тимот оваа сезона со одлични игри, е избран за МВП на сезоната во ова натпреварување.
Покрај најкорисниот фудбалер, УЕФА го одбра и тимот на сезоната.
Во него се најдоа четири фудбалери на Ајнтрахт, тројца од Глазгов Ренџерс и по двајца од Лајпциг и од Вест Хем.
Кевин Трап е на голот, во одбраната се Бази (Ренџерс), Хинтерегер (Ајнтрахт Франкфурт), Доусон (Вест Хем), Костиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Рајс (Вест Хем), Лајмер (Лајпциг), Таверние (Ренџерс), Кент (Ренџерс), Боре (Ајнтрахт Франкфурт) и Нкунку (Лајпциг).
Спорт
РК Вардар потврди: Жилберто Дуарте ќе биде првиот Португалец во „Јане Сандански“

Нов играч на РК Вардар за следната сезона ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак, потврди клубот. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.
Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .
Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15. титула во домашното првенство.