Спорт
„Во Реал Мадрид е тешко да стекнеш пријатели“

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард, летово, за 35 милиони евра, од Реал Мадрид се пресели во редовите на лондонски Арсенал.
Од 22-годишниот фудбалер, кој во 2015 година дојде кај „кралевите“ од тимот на Стромгосет за 2,8 милиона евра, се очекуваше многу, но не ги исполни очекувањата. За овој период беше на заем во Херенвен, Витесе, Реал Сосиедад и во Арсенал пред Англичаните да го откупат неговиот договор. За првиот тим на Реал играше само на 11 меча.
„Ми беше многу тешко во првиот тим. Секој ден бев покрај најголемите светски играчи и благодарен сум што фудбалски пораснав во такво опкружување, но имаше и тешки моменти. Кога си на највисоко ниво, тешко е во Реал Мадрид да стекнеш пријатели, особено ако си толку млад и доаѓаш од сосема поинакво опкружување. Не е лесно да станеш дел од тој тим. Сам си, живееш сам, но тоа ме направи посилен и како играч и како човек. Кога тренираш и работиш со Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, многу ќе научиш и тоа засекогаш ќе го носиш во себе“, вели Одегард.
Норвежанецот досега одигра 26 меча за Арсенал, запиша 3 гола и има 3 асистенции.
„Голема е разликата меѓу Арсенал и Реал, но јас сум среќен во Арсенал. Атмосферата во соблекувалната е сјајна“, смета тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Квитова го освои Мастерсот во Мајами

Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето ја совлада Елена Рибакина.
Во моментов 12. на ВТА листата до триумфот на Флорида стигна со резултат 7:6 (14), 6:2 по еден час и 42 минути игра.
Посебно драматичен беше првиот сет, кој беше решен по маратонски тај-брејк, во кој тенисерите влегоа по размена на брејкови во финишот.
Двете имаа по пет сет-топки, но Квитова беше таа која ја искористи својата и поведе во мечот.
На почетокот на вториот сет, во вториот гем, Квитова и го одзеде сервисот на својата ривалка, а со вториот брејк во овој сет, во осмиот гем, означи крај на мечот. Во вториот сет Квитова за уште еден степен го подогна нивото на подигна својата игра, одигра речиси без грешка. Во вториот сет направи само три неизнудени грешки, а имаше 12 винери,
Квитова на тој начин ја спречи Рибакина да го освои Мајами по Индијан Велс и да ја комплетира „Саншајн дабл“ турнејата.
Во машкото финале в недела од 19 часот се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.
Спорт
Убедлив триумф на Барселона во Елче

Фудбалерите на Барселона ја оправда фаворитската улога и славеа убедлива победа на гостувањето кај последно пласираниот тим во Примера, Елче. Барса во Елче победи со 4:0 и ја зголеми предноста во однос на реал на 15 бода. Реал утре ќе го одигра својот натпревар од ова коло.
Во комбиниран состав, со Ерик Гарсија на позицијата на која незаменлив е Серхио Бускетс, Барселона отпорот на домаќинот го скриши во 20.минута. Стрелец беше Левандовски.
Повеќе од половина час се чекаше на следниот гол. По критиките што ги упати таткото Фати кон тренерот Чави, неговиот син се најде во стратната постава и постигна гол во 56.минута.
10 минути подоцна Левеновски го постигна својот втор гол, а точка на мечот стави Феран Торес во 70.минута.
Спорт
Јувентус ја победи Верона

Јувентс потешко од очекувањата ја порази Верона со 1:0, во последниот меч од саботната програма во Серија А. Стрелец на единствениот гол беше Мојс Кен.
Во 37. минута Јувентус ја погоди стативата преку Данило, а решавачкиот момент се случи во 56. минута.
Мануел Локатели одлично го одигра Кен, тој влета во вистинско време и рутински ја затресе мрежата на Верона.
До крајот на натпреварот по една добра шанса на двете страни.
Филипи Терачиано промаши за гостите во 83. минута, голманот Војичех Шченсни одлично реагираше, а четири минути подоцна не беше прецизен ниту Бремер на спротивната страна, шутираше високо над голот.
Јувентус се седми на табелата со 40 поени и со реални шанси и покрај казната да стигнат до четвртото место на табелата, додека Верона на 18. позиција има 19 поени.
Во следното коло Јувентус е домаќин на Лацио на 8 април, додека Верона истиот ден го пречекува Сасуоло.