Спорт
Во Реал им се брза: Или ќе завршиме со Мбапе викендов, или пропаѓа договорот!
Делуваше дека се е завршено. Реал Мадрид испрати порака во Париз, до ПСЖ од 170 милиони евра за Килијан Мбапе да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Покрај тоа „Кралевите“ се согласија и за бонуси од 10 милиони евра во зависност од настапите на Французинот. Меѓутоа, се чини дојде до застој на преговорите и тоа во завршна фаза.
Од Мадрид испратија ултиматум до „Светците“ – Или ќе завршиме со Мбапе викендов, или пропаѓа договорот!
Знаат во Реал дека секое пролонгирање би можело клубот да го доведе во проблеми.
Во понеделник Мбапе треба да му се јави на францускиот селектор за мечевите против БиХ, Украина и Финска.
Кај ПСЖ, пак, чекаат на сметка да им стигнат 200 милиони евра и не отстапуваат од тоа.
„Ништо не се промени во последните два дена. Ситуацијата е идентична“ вели спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
Свесни се во францускиот клуб дека Реал може да ја плати таа сума затоа што изминативе години добро заработија од продажбата на Рафаел Варан, Ашраф Хакими, Мартин Одегард, Серхио Регуилон и Оскар Родригез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион
Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.
Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.
Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.
Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.
Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.
Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.