Контакт

Спорт

Во Тотенхем не им недостасува самодоверба – веќе ја закажаа парадата

Објавено пред

Навивачите на Тотенхем беа зачудени од тоа што лондонскиот клуб потврди дека веќе има план за организација на победничката парада за титулата од Лигата на шампионите, една недела пред финалето да се оддржи.

Според лондонскиот клуб, на 2 јуни ќе има парада со отворен автобус, само еден ден по финалето против Ливерпул. Како дел од своите планови, финалистите од ЛШ исто така открија дека ќе се изгради подвижна сцена пред нивниот стадион, каде што ќе се крене трофејот.

„Клубот може да потврди дека има планови за парада со отворен автобус на 2 јуни ако сме успешни во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул во Мадрид. Рутата ќе биде од стадионот преку Нортамерленд паркот во 2:30 часот попладне. Очекуваме парадата да трае еден час, по што ќе има сцена пред стадионот, каде што ќе се крене трофејот“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Малку прерано, нели?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Бергер: Сена беше подобар од Шумахер и Хамилтон

Објавено пред

Победата на Луис Хамилтон во Нинбургринг, со која се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер, покрена расправа во светот на Формула 1 околу тоа кој од нив двајца е подобар возач.

Последен кој се огласил на оваа тема е 61 годишниот Герхард Бергер. Австриецот имаше можност да биде тимски колега, во Мекларен Хонда со Аиртон Сена.

„Сена беше и остана најдобриот возач. Од блиску сум ги гледал тројцата и можам да кажам дека никој не вози како Сена. Луис е фантастичен, апсолутно ги заслужува сите комплименти. Би сакал Михаел да останеше статистички најдобар, поради несреќата која му се случи, но мислам дека не можеме да кажеме кој од нов двајца е подобар. Сена беше најдобриот“, рекол Бергер и дополнил.

„Аиртон сигурно ќе освоеше уште неколку титули, за жал прерано не напушти. Никој не го возеше како него.

Аиртон Сена освоил три титули (1998, 1990 и 1991), во кариерата победил на 41 трка. Бразилецот смртно настрада на 1 мај 1994 година, во Имола. Имаше 34 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поцрвене по завршувањето на натпреварот – Игуаин му ја украде славата на Кркиќ

Објавено пред

Гонзало Игуаин во преодниот рок го напушти Јувентус и се пресели во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Аргентинецот во првите шест натпревари не ја оправдува инвестицијата.

На дебито, Игуаин глумеше ѕвезда, промаши пенал и влезе во вербална расправија со противничките фудбалери. Пред две недели против Њујорк Ред Бул постигна убав гол од слободен удар, а синоќа против Монтреал повторно ја покажа својата „темна“ страна.

Интер Мајами доживеаја пораз во Монтреал (2:1), во натпревар во кој, со гол и асистенција, блесна поранешната голема надеж на Барселона Бојан Кркиќ. Игуаин успеа да му ај украде славата на Кркиќ со црвениот картон кој го доби откако главниот судија го означи крајот на натпреварот.

 

Прикажи повеќе...

Спорт

Марка: Состојбата во Реал е алармантна

Објавено пред

Поразот на Реал во Мадрид од Кадиз (0:1) сè уште е тема во водечките шпански медиуми. Бранителите на титулата одиграа лош натпревар, го забележаа првиот пораз во сезоната и си направија лоша увертира пред дуелот со Барселона.

„Марка“, најчитаниот спортски медиум во Шпанија, за кој се вели дека е гласило на Реал, жестоко „удри“ по тренерот Зинедин Зидан и неговите фудбалери.

„Состојбата во Реал е алармантна. Зидан и фудбалерите имаа состанок пред вчерашниот тренинг. Фудбалерите биле самокритични, не барале никакви оправдувања за лошата игра. Апелирале на заедништво и борбеност, а најмногу се разговарало за ставот со кој влегле и играле против Кадиз. Играчите биле свесни дека ова не е добро пред дуелот со Барселона и стартот на сезоната во Лигата на шампионите“, пишува денешниот текст на весникот чиј наслов е „Алармантна состојба“.

„АС“ пишува дека Реал никогаш во својата историја не бил толку лош.

„Против Кадиз играчите на Реал беа присутни со телото, но отсутни со духот. Неверојатно е колку играчите на Реал го потценија Кадиз. На крајот добро и поминаа со пораз од 1:0. Реал игра секогаш лошо во вакви натпревари, но со поддршка на навивачите на ‘Сантијаго Бернабеу’ знае да го скрши противникот. Крос не успеа да ја поврзе играта, Начо и Лукас Васкез не беа опасни, Винисусиус не можеше да го најде просторот за трка по теренот, Марсело го имаше но стоеше, а Бензема доцна почна да игра. Оваа катастрофа ги надмина сите тактички замисли и уште некои други фудбалски причини“, пишува новинарот на „АС“.

Реал в среда ќе го пречека Шахтјор во Лигата на шампионите, а в сабота ќе гостува кај Барселона во Ла Лига.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија15 минути

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодинешниот...

Топ25 минути

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија47 минути

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Регион1 час

Полициски час во Словенија

Словенија го враќа полицискиот час откако во последните неколку денови е забележан голем пораст на бројот на заболени од коронавирус....

Македонија3 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет4 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа4 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет5 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет5 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет6 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија6 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион6 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа18 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа18 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион19 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет20 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија21 час

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија23 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Досие