Спорт
„Волците“ го „гризнаа“ Челси во 95. минута!

Челси загуби втор натпревар во низа, откако Педро Нето во 95. минута им донесе 2:1 победа на за пропуштање шанса накратко да се вратат на првото место во Премиер лигата.
По првото полувреме без голови, Оливие Жиру уште еднаш постигна гол во 49. минута како најдобар стрелец на „сините“ оваа сезона и покрај тоа што честопати не добиваше шанси да биде стартер. Меѓутоа, во 66. минута, Даниел Поденсе покажа зошто го сакаат повеќе големи клубови од Англија и Европа, откако по фантастичен потег и „пореметување“ на одбраната на Челси, постигна уште поубав гол за 1:1.
Кога се веруваше дека ова ќе биде конечниот резултат, и Челси се закануваа со гол, Педро Нето имаше фантастично истрчување за да постигне гол во 95. минута за импресивна победа, прекинувајќи ја низата од два порази за „волците“.
Челси останува на петтото место на табелата со 22 поени, три зад лидерите Тотенхем и Ливерпул, додека Вулвс се 9-ти со 20 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба не потпишал ништо со Реал, ќе чека да завршат изборите во Барселона

„Марка“, доцна синоќа, објави дека Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид. Овој медиуми, тврди дека Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, со годишна плата од 11 милиони евра. Австриецот во Реал би пристигнал во јули.
На оваа бомбастична информација од Мадрид, во текот на денот стигнаа деманти од Германија.
Уредникот на „Билд“, Кристијан Флак, во врска со трансферот на Алаба го контактирал таткото на фудбалерот. Неговиот одговор го обајави на „Твитер“.
„Ништо не е договорено со Реал Мадрид, ништо не е потпишано. Има и други клубови кои се заинтересирани. Пини Захави преговара со неколку клубови, меѓу нив е и Барселона“, рекол Џорџ Алаба за „Билд“.
Новинарот на „Скај Спорт Германија“, Макс Билефелд, тврди дека во април или мај ќе биде познато каде Алаба ќе ја продолжи кариерата.
„Менацерот на Алаба, Пини Захави, сака да го види епилогот од претседателските избори во Барселона. Доколку победи неговиот пријател Џоан Лапорта, Захави би сакал да влезе во преговори со Барселона. Во овој момент е јасно дека Захави сака да почека до април или мај“, напишал Билефелд, со напомена дека Алаба вчера бил на лекарски прегледи во една клиника, но дека таму немало ниту еден лекар на Реал, како што тврди „Марка“.
Извори од Каталонија тврдат дека Барселона во овој момент нема пари за да ја покрие платата на Алаба, но дека пријателите Лапорта и Захави, би можеле некако да го решат проблемот.
Џоан Лапорта и Пини Захави не се само блиски пријатели, тие се и бизнис партнери, имаат заедничка компанија со седиште во Кипар.
Спорт
Торино со Давиде Никола ќе брка опстанок во Серија А

Фудбалскиот клуб Торино, потврди дека нов шеф на стручниот штаб е Давиде Никола. Челниците на „биковите“, во понеделникот, му врачија отказ на Марко Џампаоло. Никола минатиот месец доби отказ на тренерската функција во Џенова.
Давиде Никола како играч го носел дресот на Торино, во сезоната 2005/2006, со неговиот гол во плеј-офот, против Мантова, клубот избори пласмна во Серија А.
Торино на пола од сезоната се наоѓа на 18 место во Серија А, со само две победи и освоени 13 бодови.
🤝 | @DavideNicolaOff allenatore del Toro
👉 https://t.co/d25sahijnw#SFT pic.twitter.com/WpGQYhk8iM
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 19, 2021
Спорт
Манџукиќ е новата деветка на Милан
Марио Манџукиќ официјално се врати во Серија А. Поранешниот хрватски репрезентативец денес го стави својот потпис на договорот со Милан.
Манџукиќ беше без клуб од јули минатата година кога го напушти Ал-Духаил. Со Милан потпиша договор до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен и за наредната сезона.
До крајот на сезоната, Манџукиќ, фиксно ќе заработи 1,5 милиони евра, плус му следуваат бонуси поврзани за пласман во Лигата на шампионите и бројот на неговите настапи.
Манџукиќ во Милан ќе ја носи деветката.
За да потпише за Милан, Манџукиќ ги одбил понудите трите големи клуба од Москва (ЦСКА, Локомотив, Спартак), односно Бешикташ и Селта.
Official Statement: @MarioMandzukic9 ➡ https://t.co/g4peqjiQ7h
Comunicato Ufficiale: Mario Mandžukić ➡ https://t.co/gEHRYtZmQL #ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/NjmFT2ESVq
— AC Milan (@acmilan) January 19, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира