Спорт
Волфсбург за едно полувреме го „демонтираше“ Мајнц

Волфсбург стигна до убедлива 5:0 победа над Мајнц за стави точка на црната серија во која имаа пет порази во последните шест мечеви. Мечот на „Фолскваген арената“ беше решен со раниот црвен картон за Никлас Тауер, по што домаќините беа безмилосни во првите 45 минути.
Данецот Јонас Винд ги донесе Волфсбург во водство по само осум минути, пред Тауер да направи фаул за кој доби црвен картон, а Макс Крузе го реализираше пеналот во 23. минута за 2:0. Крузе во 35. минута зголеми на 3:0, Винд во 42. минута додаде уште еден гол, за во продолжението од полувремето, Крузе да го комплетира хет-трикот.
И покрај поразот, Мајнц останува пред Волфсбург на табелата – тие се 9. со 39 поени, а Волфсбург се на 11. место со 37 поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-37166”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти го препредува Реал: Единственото финале кое го загубив беше со најдобра игра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека неговите фудбалери се целосно подготвени да му ја донесат четвртата титула од Лигата на шампоните, но предупреди дека единственото финале кое го загубил било тоа со најдобрата игра, славниот колапс на Милан против Ливерпул во 2005.
Анчелоти, кој освои трофеи од ЛШ со Милан во 2003 и 2007 и со Реал во 2014 (славната „десима“), признава дека уште го „боли“ поразот од Ливерпул во Истанбул, кога Милан имаше 3:0 предност за да примат три гола во шест минути во второто полувреме и да загубат на пенали.
„Ова е мое петто финале и имам добри сеќавања од сите тие мечеви. Ретко мислам на тоа, но единственото финале кое го загубив беше тоа со најдобра игра во 2005 година. Не сакам мојот тим да игра лошо, секако, но ги предупредив дека работите може да тргнат наопаку во финалето. Мораме да бидеме подготвени на секоја ситуација“, предупредува Анчелоти пред утрешното финале.
Анчелоти и Милан се одмаздија на Ливерпул во 2005 година со 2:1 победа во финалето во Атина.
Спорт
Ѓоковиќ понуди помош по разговорот со синот на Борис Бекер

Новак Ѓоковиќ откри дека контактирал со еден од синовите на Борис Бекер за да понуди каква било помош откако германската тениска легенда заврши во британски затвор за измама по криење на имот.
Србинот работеше со Бекер три години од 2014 до 2016, период во кој освои шест гренд слем титули и 14 Мастерс титули. 54-годишниот Бекер доби казна од две и пол години во април и му се заканува депортирање по отслужувањето на казната.
„Како човек кој го смета Борис за пријател и член на семејството, многу ми е тешко. Секогаш имавме фантастични односи, посебно кога работевме заедно и остваривме големи работи. Дури и подоцна, нашите односи беа уште подобри. Бев во контакт со еден од неговите синови, Ноа, за да прашам дали може да помогнам некако, бидејќи не можам да контактирам со Борис. Многу е тажно кога некој кој го познавам толку добро и кој е легенда во нашиот спорт, поминува низ такви работи. Помина само еден месец, не знам колку време ќе треба да биде таму. Се надевам дека ќе биде здрав и силен“, вели Ѓоковиќ.
Спорт
Клоп го посвети финалето на ЛШ на Украинците

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја поддржа одлуката на УЕФА да го пресели финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петерсбург во Париз, праќајќи порака за поддршка на Украина пред саботниот голем меч.
Финалето, во кое ќе се судрат два европски гиганти, Ливерпул и Реал Мадрид, требаше да се оддржи на „Газпром арената“ во Санкт Петерсбург, но УЕФА го пресели на „Стад де Франс“ во Париз по војнаа во Украина и Клоп вели дека тоа е вистинска одлука.
„Среќен сум што мечот е тука поради илјада причини. Војната уште трае и мораме да размисуваме за таа ситуација. Тоа што овој меч не е во Санкт Петерсбург праќа вистинска порaка до Русија. Животот продолжува и кога се обидуваш да го згаснеш. Го играме овој меч за Украинците“, вели Клоп.
Liverpool boss Jürgen Klopp appears emotional as he dedicates the Champions League final to the people of Ukraine 🇺🇦https://t.co/BVaq0TXiop pic.twitter.com/6HmrDAZppK
— ITV Granada Reports (@GranadaReports) May 27, 2022