Контакт

Спорт

Вориорс се проколнати, Кари ја пропушта сезоната

Објавено пред

Најдобриот играч на Голден стејт Вориорс Стеф Кари најверојатно ќе ја пропушти целата сезона поради повреда на дланката. Двократниот МВП во лигата доживеа фрактура на раката на натпреварот со Финикс Санс пред две недели.

Прогнозите беа дека Кари ќе паузира околу три месеци, меѓутоа американските медиуми објавија дека за него оваа сезона е завршена. Доколку тоа е така тоа значи дека тој нема да биде ниту во репрезентацијата на САД за Олимписките игри во Токио.

Вориорс имаат голем проблем со повредите на своите најдобри играчи, Томсон нема да игра оваа сезона која веројатно заврши и за Кари, а подолг период ќе отсуствува и Грин. Исто така на последните три натпревари во тимот го немаше ниту Расел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

НБА-ѕвезда брутално тепа демонстрант (Видео)

Објавено пред

Насилните протести во повеќе американски градови, поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, продолжија и во текот на изминатата ноќ.

Скандал на протестите во Лос Анџелес предизвика НБА-ѕвездата Џеј-Ар Смит, член на шампионската генерација на Кливленд кавалирс.

Смит брутално претепал еден демонстрант бидејќи во текот на протестите тој оштетил еден од прозорците на неговиот автомобил.

На видеото се забележува дека Смит го удира демонстрантот додека тој лежи, а кога се обидува да стане, со нога го удира во главата.

Крај на инцидентот ставиле пријателите на кошаркарот. Инаку, Џеј-Ар Смит во моментов нема клуб.

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса игра на 13 јуни, Реал ден подоцна

Објавено пред

Шпанската Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни со градското дерби во Севилја. На „Санчез Писхуан“ од 22 часот 28. коло ќе го отворат Севилја и Бетис.

Шпанците планираат да се одиграат 110 натпревари за 39 дена, што значи дека секој ден во просек ќе се играат по три натпревари.

Според распоредот што го објавија на 12 јуни, ќе играат Гранада-Хетафе (19:30 часот) и градскиот дуел Валенсија-Леванте (22 часот).

Саботната програма на 13 јуни ги носи натпреварите Еспањол-Алавес (13), Селта-Вилјареал (17), Леганес-Валјадолид (19.30) и Мајорка-Барселона (22).

Колото ќе го затворат во недела, на 14 јуни, Атлетик Билбао-Атлетико Мадрид (13), Реал Мадрид-Еибар (19.30) и Реал Сосиедад-Осасуна (22).

Прикажи повеќе...

Спорт

Конте знае на кого ќе ги потроши парите од Икарди

Објавено пред

Интер и ПСЖ, во неделата, го заклучија трансферот на Мауро Икарди. Интер заработи 58 милиони евра од продажбата на аргентинскиот напаѓач.

Во Италија веќе знаат каде Интер ќе ги потроши парите што ги заработи од Икарди. „Газате дело Спорт“ тврди дека Интер на Бреша ќе и понуди 40 милиони евра за Сандро Тонали.

„Новиот Пирло“ е интересен за неколку врвни европски клубови, а самиот неодамна изјави дека е навивач на Интер.

Прашање е само дали претседателот на Бреша Масимо Челино ќе ја прифати оваа сума бидејќи минатиот месец порача дека Тонали може да замине само за 60 милиони евра.

Сандро Тонали сезонава во Серија А има одиграно 23 натпревари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Османи: Денес бројот е уште позагрижувачки!

Денес бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија35 минути

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија43 минути

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет58 минути

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет1 час

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет12 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија14 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија17 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт18 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија19 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија19 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија19 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија20 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија20 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија21 час

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет22 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија23 часа

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет23 часа

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија24 часа

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија24 часа

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Досие