Спорт
Вредноста на составот на Барселона е речиси преполовена за две години
Вредноста на фудбалерите на Барселона доживеа драстичен план за само една година, тврди каталонскиот „Спорт“ анализирајќи ја вредноста на играчите според „Трансфермаркт“ по заминувањето на главните ѕвезди.
Според последниот извештај, вредноста на фудбалерите на каталонскиот гигант е 696 милиони евра, дури 464 милиони евра помалку од 2019, кога вредел 1.05 милијарди евра. Секако, треба да се земе во предвид дека севкупната вредост на фудбалерите е помала од пред пандемијата на корона вирусот, но е може да се сокрие фактот дека Барселона во последните две години ги загуби Лионел Меси, Луис Суарез и Антоан Гризман, кои имаат огромна вредност – Суарез беше оценет на 18 милиони евра, Меси на 80 милиони, а Гризман на 60 милиони евра.
Покрај тоа, вредноста на ветераните како Бускетс, Пике и Алба падна со текот на времето, додека вредноста на Кутињо, Умтити и Дембеле падна поради нивната форма. Кутињо на пример, во октомври 2018 вредел 150 милиони евра, сега вреди 30 милиони евра.
И кај другите шпански клубови се чувствува пад. Реал Мадрид пандаа од 1.18 милијарди евра на 783.5 милиони евра, додека Атлетико од 829.4 милиони евра паднаа на 755.2 милиони евра во период од две години.
Највреде клуб според фудбалерите е Манчестер сити со 1.04 милијарди евра, по што следуваат ПСЖ (998.95), Манчестер јунајтед (937), Челси (881.5), Ливерпул (879.5) и Тотенхем (698).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.