Спорт
Вудворд: Јунајтед финансиски успешен, сега сака успех со Солскјер
Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед во заминување, Ед Вудворд, инсистира дека клубот е посветен да се оствари успех со Оле Гунар Солскјер и покрај низата лоши резултати на почетокот на сезоната 2021/2022.
Јунајтед гостува кај Вотфорд в сабота со серија во која освои само 4 поени од последните 6 меча вклучувајќи два засрамувачки пораза од лутите ривали Ливерпул (0:5) и Манчестер сити (0:2), што ги зголеми шпекулациите дека клубот веќе бара замена за норвешкиот тренер со Брендан Роџерс, Маврисио Почетино и Зинедин Зидан како најчесто споменувани имиња. Но, од клубот целосно застанаа зад Солскјер и при извештајот на последните финансиски резултати на клубот (во кој има зголемување од 23 отсто на платите за играчите) Вудворд даде нова поддршка.
„Овие финансиски резултати покажуваат дека сме жилави и за време на пандемијата, но главниот приоритет останува успехот на теренот. Менаџерот, фудбалерите на клубот и сите вработени се посветени кон таа цел“, вели Вудворд.
Јунајтед ги зголеми приходите 16 отсто, на 126,5 милиони фунти во трите месеци до 30 септември, поради враќањето на публиката на „Олд Трафорд“. Но, со ангажирањето на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо клубот сега плаќа 1,3 милион фунти повеќе секоја недела за плати. Јунајтед тие три месеци плати 88,5 милиони фунти само за плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…