Спорт
Вулверхемптон донесе уште еден Португалец

Вулверхемптон ќе ја зголеми португалската колонија. „Рекорд“, пишува дека нов играч на „волците“, за сума од 50.000.000 евра е Матеус Нунес. Лисабонските лавови имаат право на фиксно обештетување од 45.000.000 евра, плус 5.000.000 евра бонуси, кои се поврзани со одреден број на постигнати голови од офанзивниот играч за врска.
Нунес долго беше на радарот на Вулверхемптон, но на почетокот не му се допадна можноста за преселба во Премиер лигата. Сепак, победи упорноста на менаџерот на Вулверхемптон Бруно Лаж, кој добро ги знае квалитетите на овој фудбалер уште од времето кога ја тренираше Бенфика.
„Волците“ во трката за потписот на Нунез го победија Вест Хем, 35.000.000 евра.
Нунес е Португалец, роден во Рио де Жанеиро, со оглед на тоа дека неговата мајка е Бразилка. Сепак, кариерата ја започна во малку познат клуб од областа Лисабон, Ерисеираенсе, а неговите квалитети прв ги препозна Есторил, кој пред три години го продаде во Спортинг за 950.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година.
Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен.
Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик.
Германците се домаќини на претстојното ЕУРО 2024, но долго време се мачат, особено откако беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот, влегоа во серија лоши резултати.
Нагелсман ќе влезе во историјата како најмладиот селектор на Германија. Своето деби на клупата ќе го има на 14. октомври на пријателскиот натпревар против селекцијата на САД во Конектикат.
Фото/ EPA
Спорт
Винисисус ќе го пропушти градското дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ги очекува големо градско дерби, на „Метрополитено“ ќе му гостуваат на Атлетико Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карло Анчелоти има проблеми во составувањето на тимот.
„Релево“, пишува дека бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор нема да игра поради повредата на грбот.
Тренерот Анчелоти се надеваше дека Бразлецот ќе игра, но како што сега стојат работите покрај дербито, тој ќе го пропушти и натпреварот во среда, против Лас Палмас.
„Мадрилењо“ ќе се игра во недела од 21:00 часот по средноевропско време. Реал оствари максимални пет победи на стартот на сезоната, додека избраниците на Диего Симеоне на четири натпревари освоија седум бода.
Спорт
Едегард доби нов договор и највисока плата во Арсенал

Норвешкиот фудбалер Мартин Едегард го продолжи договорот со Арсенал до 2028 година.
Едегард пристигна во Арсенал од Реал Мадрид за 35.000.000 евра. За „тобџиите“ има одиграно 112 натпревари, постигна 27 голови и забележа 15 асистенции.
Играчот од средниот ред на Арсенал е финансиски награден и со тоа што неговата плата сега ќе биде значително поголема, досега добиваше 120.000 фунти неделно (околу 7.200.000 евра годишно). Едегард би требало да стане најплатен фудбалер на „топчиите“.
Тоа значи дека сега ќе зема поголема плата од Каи Хаверц кој е најплатен во тимот со 20.000.000 евра годишно.