Спорт
Вундеркиндот Мусиала во Баерн до 2026 година
Џамал Мусиала, вундеркиндот на Баерн Минхен, го потпиша првиот професионален договор со актуелниот европски првак.
Мусиала и Баерн договориле соработка до јуни 2026 година.
Џамал Мусиала, на 17-годишна возраст од академијата на Челси пристигнал во Минхен. За првиот тим на Баерн има одиграно 27 натпревари, постигнал четири гола. Тој е најмладиот стрелец во Лигата на шампионите, во историјата на Баерн.
Фудбалерот е роден во Германија, кога имал седум години неговите родители се преселиле во Англија. Во ноември минатата година, Мусиала, одигра два натпревари за младата репрезентација на Англија. Сепак, негова желба е да игра за сениорскиот тим на Германија.
♦ #Musiala2026 ♦#MiaSanMia @JamalMusiala pic.twitter.com/76kE7BwibA
— ???FC Bayern English??? (@FCBayernEN) March 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гранада го отпушти тренерот Медина
Челниците на шпанскиот прволигаш Гранада му врачи отказ на тренерот на првиот тим, Уругваецот Александар Медина (45), кој на таа позиција ја презеде пред четири месеци.
На 27 ноември минатата година, клубот од Андалузија го донесе Медина како замена за Пако Лопез, под чие водство Гранада оствари само една победа во првите 14 кола и се најде на претпоследното место во Ла Лига.
Медина не успеа да ги раздвижи работите , Гранада се уште се наоѓа на претпоследното место и во однос на Селта, првиот клуб кој е надвор од зоната за испаѓање, заостанува 13 бода на десет натпревари пред крајот на сезоната.
Гранада во своето соопштение не го именуваше тренерот кој треба да го замени Медина, но во шпанските медиуми како наследник на Уругваецот се споменува Хозе Рамон Сандовал, тренерот кој веќе беше на клупата на овој андалузиски клуб од мај 2015 до февруари 2016 година.
Спорт
Ракитиќ стана легенда на Барселона
Иван Ракитиќ, фудбалер на Ал Шабаб кој се натпреварува во фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија, го најде своето место меѓу легендите на Барселона. Заедно со поранешниот хрватски репрезентативец, во списокот на играчи кои ја обликуваа историјата на клубот се најде и Нејмар.
„Откако дојде во клубот во летото 2014 година, Ракитиќ беше редовен стартер во средниот ред во текот на целата кариера во Барселона и е петти странец по бројот на настапи за клубот“, објави Барселона.
Пред да се врати во Севилја, во сезоната 2020/2021, Ракитиќ одигра 333 натпревари за Барселона, со учинок од 40 гола и 42 асистенции.
Клубот особено го истакнува неговиот фантастичен гол во победата од 3:1 против Јувентус во финалето на Лигата на шампионите во 2015 година. Ракитиќ со Барселона освои 13 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и четири шпански првенства.
Спорт
„Повеќе би сакал да го откријам новиот Мбапе отколку за успех да потрошам богатство“
Се уште не се знае каде во кој клуб ќе ја продолжи кариерата Килијан Мбапе. Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Според медиумите тој како слободен играч ќе замине во Реал Мадрид.
Доколку Мбапе (25) си замине од ПСЖ, сигурно ќе ја напушти и Франција, каде за клубот од Париз и Монако на 357 натпревари постигна 277 гола со 122 асистенции.
Додека Мбапе не објави каде ќе ја продолжи кариерата, медиумите ќе шпекулираат за неговата иднина. Од богатите клубови интерес за францускиот напаѓач не покажува само Манчестер јунајтед.
Ова го потврди еден од косопствениците на клубот, Сер Џим Ретклиф.
„Мбапе во Манчестер Јунајтед? Повеќе би сакал да го најдам новиот Мбапе отколку да потрошам богатство за да купам успех. Не е многу мудро. Многу е поголем предизвик да се најде новиот Мбапе, следниот Џуд Белингем или Рој Кин”, изјави Ретклиф.