Спорт
За овие шестмина нема место во Барселона
Финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот најмногу од сите клубови ја почувствува Барселона. Клубот веќе го напуштија Артуро Видал, Иван Ракитиќ, Луис Суарез, Карлес Перез, Нелсон Семедо, а до крајот на преодниот рок планот на клубот е да продаде уште шестмина фудбалери. На овој начин Барселона ќе заработи пари и ќе го намали буџетот за плати.
„Мундо депротиво“ го објави списокот на играчите што до крајот на преодниот рок треба да ја напуштат Барселона.
Прв на листата е Жан-Клер Тодибо, кој минатата сезона беше позајмен во Шалке. Барселона за овој фудбалер бара 25.000.000 евра, што е преголема сума за заинтересираните Евертон и Фулам.
Рафиња Алкантара може да замине за 16.000.000 евра колку што изнесува неговата откупна клаузула. Минатата сезона тој беше во Селта, но прашање е дали клубот од Виго ќе ја активира клаузулата за откуп на договорот.
Мартин Брејтвај ќе го напушти клубот во моментот кога во Барселона ќе пристигне нов напаѓач. Засега најмногу се шпекулира со Мемфис Депај од Лион.
Самуел Умтити, за кого Барселона пред две години одби 50.000.000 евра, има неколку понуди, а најконкретна е онаа од неговиот поранешен клуб Лион.
Жуниор Фирпо и Карлес Алења клубот сака да ги продаде бидејќи нема да добијат доволно минути од тренерот Роналд Куман.
„Сигурно е дека нема сите да заминат, но целта на Барселона е јасна – да заработи пари и да го растовари буџетот“, пишува „Мундо депортиво“.
Преодниот рок трае до 5 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.