Спорт
Затоа е најголемиот! Погледнете ја „магијата“ на Кире за победа (видео)
Кирил Лазаров има 39 години и многумина уште одамна му предвидуваа залез на кариерата, но тој уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите спортисти кои ги имала Македонија, предводејќи ја ракометната репрезентација кога е најтешко, како на отварањето на ЕП во Виена, во дуелот со Украина.
Откако Македонија имаше предност од дури пет гола во текот на мечот, лошата завршница значеше дека во последните секунди се влегува израмнето (25:25), со Македонија во напад.
Тука, Кире покажа колку вреди неговото искуство, играјќи на пет секунди пред крајот смирено и со звукот на сирената совладувајќи го украинскиот голман! Секоја чест, мајсторе!
You just got to love King Kiril! He is never done. Cold as ice. How many games has Lazarov decided for ???#handball #ehfeuro2020 pic.twitter.com/Ismr4MKsUE
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 10, 2020
Watch the Game Highlights from FYR Macedonia vs. Ukraine, 01/10/2020 pic.twitter.com/HJPz5uDfHk
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.
Спорт
Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА
Кошаркарот на Торонто Репторс, Џонтеј Портер, доживотно е суспендиран од НБА лигата поради коцкање.
Челниците на НБА одлучија дека тој повеќе не може да се натпреварува во најдобрата кошаркарска лига во светот.
Така на неславен начин ја заврши кариерата. Џонтеј е брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер Јуниор.
По аферата која изби во изминатите два месеци, пронајдени се непобитни докази дека Портер се коцкал обложувајќи се на себе.
За комесарот на лигата Адам Силвер немаше дилема, тој мораше да ја донесе оваа одлука.
Според правилата на НБА, секој играч кој ќе се обложи со пари или ќе вложи било каква вредност на натпревар или настан организиран од лигата или Развојната лига може да се соочи со казни од комесарот на лигата Адам Силвер.
Портер, кој е брат на Мајкл Портер од Денвер, во 26 натпревари имаше просек од 4,4 поени, 3,2 скока и 2,3 асистенции.
Спорт
Надал елиминиран од Де Минор
Рафаел Надал го заврши својот настап во второто коло на турнирот во Барселона. Шпанецот во два сета загуби од Алекс Де Минор (5:7, 1:6).
Надал против Де Минор се држеше до финишот на првиот сет. Австралиецот во 11.гем направи брејк, а патоа и го освои сетот. Во вториот сет немаше никава неизвесност, Де Минор го прегази својот противник.
Тој ја забележа првата победа во дуелите со Надал на земјана подлога и втора во петтата меѓсебна пресметка со еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Де Минор во третото коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Даниел Алтмаер и Артур Фис.
На крајот публиката со овации го испрати Надал. Веројатно ова беше последен пат во кариерата да настапи на турнирот кој го освоил 12 пати.