Спорт
Заврши регулрниот дел од сезоната, Вориорс и Бакс конференциски шампиони
Изминатата ноќ, во НБА лигата, се одиграа 11 натпревари со кои заврши регуларниот дел од сезоната. За два дена ќе започне разигрувањето за титулата, во кое влегуваат по осум тима од Источната и Западната конференција.
Последните натпревари во НБА лигата, синоќа ги одиграа Двејн Вејд и Дирк Новицки. Вејд кариерата ја заврши со трипл-дабл учинок. Мајами беа поразени во Бруклин 113:93, а Вејд забележа 25 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Новицки во својот последен натпревар во кариерата забележа 20 поени и 10 скока, а Далас беа поразени во Сан АНтонио 105:95.
Резултати:
Атланта Хокс-Индијана Пејсерс 124:135
Бруклин Нетс-Мајами Хит 113:94
Шарлот Хорнетс-Орландо Меџик 114:122
Мемфис Гризлис-Голден стејт Вориорс 132:117
Милвоки Бакс-Оклахома Тандер 116:127
Њујорк Никс-Детроит Пистонс 89:115
Филалделфија-Чикаго Булс 125:109
Сан Антонио Спарс-Далас Маверикс 105:94
Денвер Нагетс-Минесота Тимбервулвс 99:95
ЛА Клиперс-Јута Џез 143:137
Портланд Блејзерс-Сакраменто Кингс 136:131
Плејофот во НБА лигата ќе започне за два дена.
Источна конференција:
Милвоки Бакс-Детроит Пистонс
Торонто Репторс-Орландо Меџик
Филалделфија-Бруклин Нетс
Бостон Селтикс-Инсијана Пејсерс
Западна конференција:
Голден стејт Вориорс-ЛА Клиперс
Денвер Нагетс-Сан Антонио Спарс
Портланд Блејзерс-Оклахома Тандер
Хјустон Рокетс-Јута Џез
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.