Спорт
„Зборнаја“ пресилна за македонската репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација беше поразена од Русија со 94:77, а по шокантниот триумф на Естонија над Италија (105:101 по продолженија), пред нив останува огромната пречка да стигнат до две победи во последните два меча за пласман на Европското првенство во 2022 година.
По фантастичната партија против Италија вчера, кога ни избега победата, против „зборнаја“ веќе на полувреме беше јасно дека нема да има шанси за подвиг, губевме со 51:33.
Војдан Стојановски со 18 поени беше најдобар кај македонската репрезентација, а Џејкоб Вајли имаше 16 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЛШ: Сити сега имаат 19 победи во низа, Менди со голчиште за победа на Реал во Бергамо

Манчестер сити ја забележа и 19-тата победа едноподруго (во сите натпреварувања), откако славеше на гости кај Борусија Менхенгладбах во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите со 0:2, додека толку очекуваниот „напаѓачки“ меч меѓу Аталанта и Реал Мадрид беше „расипан“ откако домаќините по само 17 минути игра останаа со играч помалку, пред Ферлан Менди да го реши во 86. минута со фантастичен гол од далечина.
На „Пушкаш арената“ во Будимпешта, каде што Гладбах го пречека лидерот во Премиер лигата поради забраната за пристигнување од Велика Британија во Германија, Сити од почетокот имаше доминација на топката и дојде во водство во 29. минута со убавиот гол со глава на Бернардо Силва.
Во 65. минута од мечот Габриел Жесус го удвои водството откако од близина даде гол по уште една убаво изработена акција на Рахим Стерлинг, Жоао Кансело и Бернардо Силва.
Мечот во Бергамо, каде што хероите Аталанта беа пречекани со факли пред влезот на стадионот, доби поинаков ритам откако германскиот судија Тобијас Штилер во 17. минута можеби малку престрого му покажа директен црвен картон на Ремо Фројлер по стартот над Ферлан Менди.
Лошите вести за Аталанта се зголемија кога по половина час, колумбискиот напаѓач Дуван Запата побара замена поради повреда, но во првите 45 минути најдобрата шанса ја имаа домаќините преку Луис Муриел. Во второто полувреме, секако, Реал ја имаа иницијативата, но упорната одбрана на Аталанта изддржа до 86. минута, кога по додавањето од Лука Модриќ, Менди имаше фантастичен удар за 0:1 и голема предност пред реваншот во Мадрид.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Аталанта – Реал Мадрид 0:1
Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити 0:2
Спорт
Сака да стане претседател на Барса, а би облекол дрес на Реал Мадрид!

Шансите на Виктор Фонт да стане нов претседател на Барселона страшно се намалија последните денови, откако за разлика од неговите противкандидати Жоан Лапорта и Тони Фреича, тој реши да одговори на хипотетичкото прашање дали би облекол дрес на лутите ривали Реал Мадрид ако то значи дека Барса ќе ја освои Лигата на шампиони и уште понатаму реши да го држи дресот на омразениот клуб.
Додека Фреича и Лапорта (кој е фаворит за враќање на претседателското место), секако, одговорија дипломатски и политички и одбија да го држат дресот, Фонт се реши за поинаков пристап и сигурно не доби дополнителни гласови.
Дека кампањата за претседател на Блауграна се сфаќа сериозно се гледа со тоа што се оддржуваат и ТВ дебати (каде што Фонт не блесна и го спореди Лапорта со нацист), каде што од нив беше побарано да го нацртаат логото на Барселона, нешто што Фонт не успеа да го направи. Кампањата не му оди најдобро…
Yesterday, Joan Laporta, Toni Freixa and Victor Font were asked whether they would wear a Real Madrid jersey if that meant Barça would win the Champions League.
Result:
🔸Laporta and Friexa refused.
🔹Victor Font agreed. pic.twitter.com/xOvPJBOQPZ— infosfcb (@infosfcb) February 24, 2021
Barca Presidential Candidates @victor_font @JoanLaportaFCB and @tonifreixa when being asked to Draw the Barcelona Logo in a Presidential test, one of them drew a Fox who looks like he got hit by a car in the face.
There is 1 Impostor Among us pic.twitter.com/R7ZMnnnm3k— 🇵🇹CR7 Uncensored & Honest (@CR7Uncensored) February 24, 2021
Спорт
Ѓоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Бен Ротенберг, еден од најпознатите тениски новинари и колумнист на „Њујорк тајмс“ по победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен оваа година, вели дека неговите фанови, посебно на социјалните мрежи, предизвикуваат другите тениски фанови да го „мразат“ светскиот број 1.
„Најгласните фанови на Новак Ѓоковиќ се посебно агресивни и полни со омраза, но мислам дека и самиот Новак не е свесен за тоа. Тоа што може да се види на социјалните мрежи го докажува тоа. Фановите не сфаќаат дека така го рушат имиџот на тенисерот, кој секогаш е добар и се однесува добро. Сите спортисти имаат вакви фанови, но тие на Ноле секогаш давале лош впечаток“, вели Ротенберг.
По 18-тата гренд слем титула уште еднаш стана јасно дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот во моментов, но тој често предизвикува поделби меѓу фановите – на тие кои го обожаваат и на тие кои речиси го мразат. Дел од нив, секако, се фановите на Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ниту во лудило не би признале дека Ѓоковиќ е подобар тенисер.
Неодамна, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ призна дека има група на онлајн фанови кои се решени да го напаѓаат Србинот без разлика на тоа што се случува. Ѓоковиќ, останува (релативно) смирен и продолжува со ловот на тениските терени – сега има 18 гренд слем титули, само две помалку од Федерер и Надал.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер