Спорт
Жељко Бабиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер и тренерот Жељко Бабиќ потпишаа нов договор со важност до јуни 2024 година.
48-годишниот Бабиќ дојде во Битола во првите денови од 2020 година и ја водеше екипата во прекинатата сезона заради коронавирусот и во првиот дел од тековната сезона, во која битолскиот клуб одигра шест официјални натпревари.
Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Метковиќ, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација. Бабиќ е трет хрватски тренер во Битола, по Костелиќ и Мунетиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пике на нова пауза

Џерар Пике, поради повредата на десното колено, повторно ќе оди на пауза. Пике, се повреди, во второто продолжение на натпреварот со Севилја. Барселона, во драматичен натпревар ја елиминираше Севилја, а продолженијата ги избори Пике со голот што го постигна во 94.минута.
Пике, поради повредата на десното колено, паузираше три месци. Во тимот се врати пред десет дена, а сега ќе мора да отсуствува три недели. Денешните прегледи покажале истегнување на лигаментите во десното колено.
Пике, поради оваа повреда, ќе го пропушти осмина-финалниот реванш со ПСЖ, во Лигата на шампионите и тешкото гостување во Сан Себастијан, против Реал Сосиедад.
Спорт
Португалците експресно ги решија „британските“ проблеми

Фудбалскиот сојуз на Португалија експресно го реши проблемот поврзан со фудбалерите кои играат во англиските клубови. Поради „црвената листа“ на британската влада, а на која се наоѓа и Португалија, сите кои во Велика Британија влегуваат од овие земји, задолжителен е 10-дневен карантин.
Бруно Фернандеш, Рубен Дијаз, Бернанрдо Силва, Диого Жота, Рубен Дијаз, Жоао Мутињо, Педро Нето, Руи Патрисо и Жоао Кансело се стандардни во португалската репрезентација.
Португалците за дуелите со Азербејџан и Србија ќе се соберат во Торино. Во овој град на 24.март ќе го пречекаат Азербејџан, а три дена подоцна ќе гостуваат во Србија.
Кога наведените фудбалери ќе се вратат во Велика Британија нема да мора да одат во карантин, бидејќи Италија и Србија не се наоѓаат на „црвената листа“.
Спорт
„Ако се вакцинира Роналдо, навивачите ќе го следат неговиот пример“

Докторот на Клиниката за инфективни болести во Џенова, Матео Басети, рекол дека сите фудбалери во Серија А би требалод а се вакцинираат против коронавирусот. Во Серија А играат околу 600 фудбалери.
Басети смета дека масовната вакцинација меѓу фудбалерите, би го спречила ширењето на вирусот меѓу спортистите и во исто време на навивачите би им била испратена силна порака и тие да ја прифатат имунизацијата.
„Замислите да се вакцинира Крстијано Роналдо, знаете ли колку навивачи потоа би го следеле неговиот пример“, рекол докторот Басини.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер