Спорт
Жиру сака да остане на „Сан Сиро“

Договорот на Оливие Жиру со Милан истекува на крајот од сезоната. Ветеранот не ја крие жалбата да остане на „Сан Сиро“ најмалку уште една сезона.
„Сакам да останам во Милан. Сепак, сè уште не сме разговарале за мојата иднина“, рече Жиру.
Французинот на 30 септември наполни 37 години, но верува дека се уште може да игра на врвно ниво.
„Мислам дека сè уште можам да му помогнам на тимот. Не сакам да поставувам никакви граници кога е во прашање мојата кариера“.
Жиру пристигна во Милан во 2021 година и досега има постигнато 31 гол на 73 натпревари.
Со Милан го освои Скудетото во 2022 година. Со француската репрезентација беше светски шампион во 2018 година и вицешампион на планетата во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вечерва и третиот син на Зизу би можел да дебитира за Реал

Реал Мадрид, вечерва ќе го пречека Наполи во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ во минатото коло обезбеди пласман во осминафиналето, додека Наполи тоа треба да го направи во наредните две средби. Едно е јасно доколку Наполи победи ќе обезбеди нокаут фаза.
Добра вест за Карло Анчелоти е што Реал не му гори под нозе, бидејќи има многу повредени играчи. Критична е ситуацијата во редот за врска, бидејќи Анчелоти не може да смета на Французите Камавинга и Чуамени,а веројатно ќе отсуствува и Модриќ.
Проблемите со повредите го принудија Анчелоти за вечерашниот дуел да повика неколку фудбалери од вториот тим, Реал Кастиља.
Меѓу 21 играч кои се во составот за настап има и неколку интересни имиња. Трет голман ќе биде 21-годишниот Лукас Кањизарес, синот на славниот Сантијаго, а за мечот е пријавен и Тео Зидан, синот на легендата на Реал Зинендин Зидан.
Тео е третиот син на Зизу поранешен играч и тренер на Реал. Тео е висок 196 сантиметри, информациите од Шпанија говорат дека игра добро сезонава за Реал Кастиља под водство на поранешниот соиграч на Зизу, Раул.
Доколку дебитира тој ќе биде четвртиот од семејстовот Зидан кој одиграл официјалн меч за Реал. Покрај славниот Зинедин, можност да настапат за првиот тим на реал во минатото добија браќата на Тео, Лука и Енцо.
Спорт
УЕФА индиректно призна дека Њукасл е оштетен, го тргна од листата ВАР-судијата

ПСЖ од непостоечки пенал досуден во 96., а реализиран во 98.минута, успеа да остане непоразен на домашен терен од Њукасл во Лигата на шампионите. Овој бод го приближи ПСЖ, а го оддалечи Њукасл во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Голем прашина“ во англиската јавност веднаш по завршувањето на натпреварот.
„Како е можно дека ова е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Линекер на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), додека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор се огласи со оваа порака: „ВАР, умри, те молам“. Во сличен тон е и пораката на на Ширер: „Какво ср..е“.
Пенал за францускиот шампион беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливраменто и го погоди во лактот. Според правилата на ФИФА и УЕФА тоа не е пенал, но сепак главниот судија Полјакот Шимон Марчинијак, според многумина најдобриот судија на светот, ја прифати сугестијата на сонародникот од ВАР-собата Томаш Квјатковски и помошникот на ВАР, Иван Бебек, судија од Хрватска.
Марчинијак ја гледаше снимката и на општо изненадување ја смени својата прва одлука и досуди пенал за ПСЖ.
УЕФА, официјално се уште не се огласила за спорната одлука. Сепак, одлуката која ја донесоа луѓето од УЕФА укажува дека во Нион се свесни за големата грешка што ја направија судиите.
Судијата Квјатковски вечерва требаше да биде во ВАР-собата на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Сосиедад и Салцбург, но тој е отстранет и на неговоот место ќе биде Германецот Марко Фриц.
Од друга страна, Иван Бебек не е казнет и тој вечерва ќе биде ВАР судија на натпреварот помеѓу Бенфика и Интер.
Причината поради која Бебек не беше казнет бидејќи тој беше асистент во ВАР-собата (АВАР). Главниот ВАР судија секогаш е одговорен да го повика судијата да прегледа спрона ситуација.
Во овој случај, предлогот Марчинијак да ја погледне спорната ситуација го даде Квјатковски, па тој беше казнет со изоставување на денешниот натпревар.
Спорт
Со еден гол Халанд постави два нови рекорда

Ерлинг Халанд, постигна еден гол во победата на Манчестер сити над Лајпциг (3:2) и урна два голгетерски рекорди во Лигата на шампионите.
На возраст од 23 години и четири месеци, тој стана најмладиот играч во историјата на најсилното натпреварување кој постигнал 40 гола и кој го направил тоа најбрзо досега.
За овие 40 гола на Халанд му беа потребни само 35 натпревари во Лигата на шампионите.
За споредба, на претходниот рекордер Руд ван Нистелрој му беа потребни десет натпревари повеќе за да стигне до 40 гола во Лигата на шампионите.
За генијалниот норвешки голгетер ова е трет рекорд во најсилните натпреварувања што го собори во последните четири дена, бидејќи во саботата стана фудбалер кој најбргу стигнал до 50 голови во англиската Премиер лига.