Спорт
Жорж Жесус повеќе не е тренер на Бенфика
Жорж Жесус повеќе не е тренер на фудбалерите на Бенфика, тврдат португалските медиуми. Клубот се уште не се огласил по ова прашање.
„Мојата позиција е слободна, заминувам“, му изјавил 67-годишниот тренер на новинарот, Вене Касагранде.
Жесус неславно го заврши вториот мандат на клупата на Бенфика. Првиот мандат од 2009 до 2015 година беше исклучително успешен за искусниот тренер, кога освои три шампионски титули во Португалија, четири во Купот и Лига купот, а два пти играше во финалето, во Лига Европа.
Жесус, во Бенфика се врати во 202о година, по две исклучително успешни сезони во Фламенго.
Сезонава, успеа да избори место во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, меѓутоа клубот лошо игра во домашните натпреварувања. Во првенството се на третото место, со четири бода помалку од Порто и Спортинг.
До именувањето на новиот тренер, Бенфика ќе ја предводи тренерот на вториот тим, Нелсон Верисимо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.