Спорт
Зидан бесен што мечот со Осасуна воопшто се одигра: Тоа не беше фудбал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше бесен на Ла лига што лигата реши да се одигра мечот со Осасуна и покрај катастрофалните временски услови во Памплона, велејќи дека не постоеле услови за фудбал.
Шпанија е погодена од бурата Филомена, и големи делови од земјата се покриени со снег, што предизвика одложување на мечот помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао во саботата. Реал, пак, мораа да патуваат до Памплона и покрај тоа што чекаа три часа да се качат во авионот бидејќи немаше услови за летање.
Теренот „Ел Садар“ на Осасуна беше екстремно тежок за игра и не беше изненадување што мечот заврши 0:0 и Зидан не беше задоволен, посебно бидејќи тимот остана во својот хотел по мечот, без шанси веднаш да се вратат во Мадрид.
„Го направивме тоа што можевме на теренот, но тоа не беше фудбалски меч. Условите не беа тука за игра. Работите што се случија последните два дена беа компликувани и не знаеме како и кога ќе се вратиме во Мадрид. Очигледно, мечот требаше да биде одложен бидејќи немаше услови. Не сакам да критикувам, го правиме тоа што ќе ни го кажат. Ако можеме да се вратиме во Мадрид во понеделик, тогаш во среда имаме друг натпревар“, вели Зидан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Историски неуспех на Ливерпул

Откако ги испиша најславните страници во клупската историја, Јирген Клоп со Ливерпул сега ги пишува најсрамните страници во клупската историја.
Екипата која во 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, потоа доминираше во Премиер лигата, сега не знае да победи на домашен терен.
Ливерпул имаа една нестварна серија, 68 натпревари не беа поразени на „Енфилд“, а сега не можат никого да победат на домашен терен.
„Црвените“, синоќа, во дербито беа поразени од Челси (0:1). Ова е петти пораз по ред за Ливерпул, а вкупно седми на кој немаат победа на „Енфилд“.
Последен пат Ливерпул како домаќини победиле на 16.декември, минатата година, против Тотенхем (2:1).
По Тотенхем, играа нерешено со Манчестер јунајтед (0:0) и ВБА (1:1), а потоа влегоа во серијата порази: Барнли (0:1), Брајтон (0:1), Манчестер сити (1:4), Евертон (0:2), Челси (0:1).
Катастрофалната низа Ливерпул имаат можност да ја прекинат во недела, кога ќе го пречекаат Фулам.
Спорт
Џејмс и Дурент ги избраа тимовите за Ол стар натпреварот

Капитените на тимовите за НБА Ол стар натпреварот, Леброн Џејмс и Кевин Дурент, ги избраа петорките и резервите за натпреварот кој ќе се одигра во недела, во Атланта.
Леброн Џејмс за стартери во својот тим ги избра Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, Стеф Кари од Голден стејт Вориорс, односно Лука Дончиќ и Никола Јокиќ од Далас Маверикс и Денвер Нагетс.
Резерви во тимот на леброн се Демијан Лилард (Портланд Трејлблејзерс), Бен Симонс (Филалдлефија ’76), Крис Пол (Финикс Санс), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Пол Џорџ (ЛА Клиперс), Домантас Сабонис (Индијана Пејсерс) и Руди Гобер (Јута Џез).
LA TEAM LEBRON POUR LE ALL-STAR GAME 2021 !! 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/SWELSdD2fb
— TrashTalk (@TrashTalk_fr) March 5, 2021
Дурент, поради повреда ќе го пропушти натпреварот, негова замена е Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс. Покрај Тејтум во тимот на Дурент се Кајри Ирвинг (Бруклин Нетс), Џоел Ембид (Филалдлефија ’76), Каваи Ленард (ЛА Клиперс), Бредли Бил (Вашингтон Визардс).
Резерви во овој тим се Џејмс Харден (Бруклин Нетс), Девин Букер (Финикс Санс), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс Пеликанс), Зек Лавијн (Чикаго Булс), Џулиус Рендл (Њујорк Никс), Никола Вучевиќ (Орландо Меџик), Донован Мичел (Јута Џез).
#TeamDurant is set for the 2021 #NBAAllStar Game 💥 pic.twitter.com/zyQ44ivOux
— NBA TV (@NBATV) March 5, 2021
Спорт
Билбао ги скрши срцата на навивачите на Леванте, против Барса за куп титулата

Атлетик Билбао се покажаа како специјалисти за куп-натпреварувањата, откако во реваншот од полуфиналето на Копа дел реј, со 2:1 славеа кај Леванте на Енис Барди со гол во 112. минута од продолженијата.
Марти Рохер ги донесе Леванте во водство во 17. минута од мечот, но веќе во 30. минута Атлетик израмни на 1:1 со гол од пенал на Раул Гарсија. Барди влезе во игра во второто полувреме, но домаќините не успеаја да стигнат до голот кој им носеше прво финале во историјата на клубот, пред во 112. минута преку Алехандро Беренгер стигнаа до голот вреден финале.
Атлетик го чека и финалето од Копа дел реј од минатата сезона, против баскискиот ривал Реал Сосиедад, кој лани беше одложен поради пандемијата на КОВИД-19. За потсетување во средината на јануари во еден драматичен меч, Атлетик успеа да ја совлада Барса со 3:2 по продолженијата за да ја освои титулата од Суперкупот на Шпанија.
GOOOOL CON SABOR A FINAL
Levante 1 🆚 2 Athletic Club#CopaDelRey
— Garra Sports (@GarraSportsMx) March 4, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер