Спорт
Зидан: На вистинскиот колосек сме!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен по синоќешната победа против Селта Виго со 2-0 во меч од 17 коло во Ла Лига. „Кралевите“ до триумфот стигнаа со головите на резервистите Лукас Васкез и Марко Асенсио.
„Целиот меч го одигравме како што треба, од првата до последната минута. Знаеме дека мора да победиме на секој нареден меч, тоа воопшто не е лесно, но играчите се трудат да успеат, одушевен сум од нив. На вистинскиот колосек сме, вршиме одлична работа и потребно е да продолжиме така. Бевме многу дисциплинирани, со и без топка. Сите сме среќни и задоволни, но пред нас е уште долг пат“ рече Зидан.
На синоќешниот меч во финишот шанса за настап доби и Еден Азар.
„Мора полека да го враќаме Азар, без било каков притисок. Неопходно е време да се врати на своето најдобро ниво“ рече Зизу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Во Милан издржа седум меча, во Торино 18 – „Биковите“ го отпуштија Џампаоло

Торино потврдија дека го отпуштија тренерот Марко Џампаоло по катастрофалниот старт на сезоната за „биковите“ со само 2 победи во 18 меча, и негова замена најверојатно ќе биде Давиде Никола.
Одлуката била направена по саботното очајно 0:0 реми со Специја, тим кој над 80 минути играше со 10 играчи. Под Џампаоло, Торино имаше 2 победи, 7 нерешени мечеви и 9 порази, постигнувајќи 26 гола и примајќи дури 35. Тие исто така испаднаа и од осминафиналето на Копа Италија, губејќи од Милан на пенали.
Џампаоло на претходното работно место траеше уште помалку – Милан го отпуштија по само седум меча во 2019/20, во кои загуби четири пати и го именуваа Стефано Пиоли, кој оваа сезона засега ги држи на првото место.
📄 | Il Torino Football Club comunica di aver esonerato Marco Giampaolo dall’incarico di allenatore della Prima Squadra. La Società ringrazia Giampaolo e il suo staff per la professionalità e per l’impegno dimostrati in questi mesi in granata pic.twitter.com/1GynlHVoHX
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 18, 2021
Спорт
Обамејанг се „поправи“, Арсенал лесно со Њукасл!

Пјер-Емерик Обамејанг во првото полувреме го имаше можеби своето најголемо промашување на празен гол во кариерата, но одговори со два гола во вторите 45 минути за да ги предводи Арсенал до 3:0 победа над Њукасл, четврт триумф во последните пет премиерлигашки дуели на тимот на Микел Артета.
На стартот на мечот, Обамејанг, успеа да промаши буквално празен гол од одлична ситуација, разочарувајќи ги навивачите на Арсенал, но по полувремето се врати освежен на теренот и капитенски во 50-тата минута го донесе очекуваното водство на домаќините.
Младиот Букајо Сака ја продолжи одличната сезона со гол во 60-тата минута, а Обамејанг во 77. минута стави точка на натпреварот со својот втор гол. Арсенал сега е на 10. место со 27 поени, но само на седум поени од топ 4 пласман, додека Њукасл се 15. со 19 поени.
Кога не оди, не оди! Обамејанг промаши (буквално) празен гол
Спорт
Златан-шоу на Сардинија – два гола, неверојатна атракција и Милан на +3

Златан Ибрахимовиќ има 39 години. Тоа е факт што никако не ни оди во глава, откако шведскиот ветеран го одигра својот прв цел меч по повредата и беше првата ѕвезда на Милан при 2:0 победата на гостувањето кај Каљари, покажувајќи колку е бесценет за тимот на Стефано Пиоли во неочекуваната битка за скудетото.
Ибрахимовиќ уште во седмата минута го направи своето, откако беше фаулиран во шестнаесетникот на домаќините, и сигурно го реализираше пеналот. Дека е расположен за игра, покажа во 16-тата минута, кога ја имаше следната неверојатна асистенција, како што само тој умее.
Just Ibrahimovic doing Ibrahimovic stuff at 39 👑pic.twitter.com/tmem7IK3XS
— 𝗔𝗵𝗺𝗲𝗱 (@Ahmed94_) January 18, 2021
Ако тоа не беше доволно, во 51. минута, тој ја наттрча одбраната на противникот (да потсетиме – 39 години), и постигна уште еден убав гол за да го осигура триумфот на Милан, кој со победата повторно е на +3 од градскиот ривал Интер по 17 кола во италијанската Серија А. Каљари, пак, има лоша серија од пет порази во низа и е на 17. место со 14 поени, само еден поен од зоната за испаѓање.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира