Спорт
Зидан: Не ја почитуваа мојата работа
Зинедин Зидан во отворено писно до јавноста објаснил зошто решил да замине од Реал Мадрид. Зидан реши спогодбено да се раздели од клубот, иако имаше договор и за наредната сезона.
Зинедин Зидан, во два мандата, го предводел Реал на 263 натпревари, забележал 217, освоил три трофеи во Лигата на шампиони, два во Ла Лига.
„Заминувам, но не го напуштатм бродот и не сум уморен од тренинзите. Во мај 2018 година решив да заминам бидејќи за две и пол години имавме толку победи и трофеи поради што чувствував дека е потребно нешто ново за клубот да остане на врвот. Денес работите се поинакви. Заминувам бидејќи не ја добивам од клубот потребната доверба. Немаат доверба во мене да работат на подолг период. Го познавам фудбалот, знам какви се барањата на Реал, знам дека мора да заминеш доколку не победуваш. Но тука заборавија една важна работа, заборавија сè што градев секојдневно. Сè што направив е поврзано со односите помеѓу играчите и 150 луѓе кои беа околу тимот со кој работев. Јас сум роден победник и тука сум да освојувам трофеи, но над сè јас сум човек, имам емоции, имам свој живот. Чувствував дека тие работи не беа доволни“, напишал Зидан.
„Болно беше кога по секој пораз читав дека ќе ми врачат отказ доколку не победам на наредниот натпревар. Ме болеше тоа бидејќи медиумите креираа негативна атмосфера со цел. Добро е што со себе имав извонредни момци, кои до смрт беа со мене. Кога работите не беа добри, тиа ме спасуваа со фантастични победи. Веруваа во мене, како што јас верував во нив. Јас не сум најдобриот тренер во светот, но способен сум да им дам сила и самодоверба на фудбалерите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.
Спорт
Баерн преговара и со селекторот на Австрија
Фудбалскиот клуб Баерн веќе два месеци го бара наследникот на Томас Тухел, а сега почнале преговори со Ралф Рангник, пренесува германскиот новинар на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг.
Баварците се во потрага по нов шеф на стручниот штаб кој би го тимот од Тухел по завршувањето на сезоната. Затоа почнале преговори со Рагник, кој е селектор на Австрија со која ќе настапи на ЕУРО 2024. Новинарот потенцира дека многу работи би треабло да се поклопат за Рангник да дојде во Минхен.
Плетенберг пренесува дека е воспоставен контакт со Рагник откако станало јасно дека преговорите за враќање на Јулијан Нагелсман пропаднале кога тој потпиша нов договор со Германскиот фудбалски сојуз, а Баерн сака што поскоро да го претстави новиот тренер.
Договорот на Рагник со Австрискиот фудбалски сојуз е до Светското првенство во фудбал во 2026 година, но може да биде раскинат со соодветна отштета. Доколку челниците на Баерн успеат да се договорат со 65-годишниот стручњак, парите не би требало да бидат проблем.
Дополнително, Де Зерби и Зинедин Зидан се уште се кандидати за клупата на Баерн.
Спорт
Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година
Новак Ѓоковиќ го искористи петтото прогласување за најдобар спортист на планетата за да ги открие своите идни планови.
Српскиот тенисер, на новинарите во Мадрид им откри дека се ште не размислува за пензионирање.
„Мојата најважна цел годинава е златен медал на Олимписките игри во Париз. Верувам дека е можно, да не верувам, немаше ни да играм. Секогаш мора да верувате дека се е можно во животот. Којзнае дали повторно ќе имам таква шанса. Сакам да учествувам на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година, но никогаш не се знае што ќе се случи.
Тој објасни и зошто решил да не игра на Мастерсот во Мадрид.
„Го подготвувам своето тело за Ролан Гарос, Вимблдон, Игрите и Ју-ес Опен и овој период е исклучително важен за мене. Планирам за две недели да учествувам на Мастерсот во Рим. Се надевам дека следната година ќе играм во Мадрид. Сè уште сум млад, ми останува уште многу време за игра“, се пошегува Ѓоковиќ, кој за околу еден месец полни 37 години.