Спорт
Зидан: Не сум недопирлив

Реал Мадрид, попладнево, во дербиот на колото во Ла Лига, гостува во Севилја. Шпекулациите велат, дека ова е еден од натпреварите, кој ќе ја одреди судбината на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“.
Реал не игра добро од почетокот на сезоната, а во дуелот со Севилја ќе влезат по серијата од два порази. Зидан е свесен дека неговиот тим нема право на кикс.
„Кога не победуваш, нормално е да добиваш критики. Тоа сепак нема да го смени мојот начин на размислување, за играчите и за мојата работа. Очигледно е дека имаме проблеми, но ќе продолжиме да работиме“, рекол Зидан и дополнил.
„И во минатото сме имале тешки моменти. Можеби овој пат е потешко. Против Севилја имаме шанса да покажеме дека сме добри. Овие играчи знаеле да се извлечат од вакви ситуации. Никогаш не сум чувствувал дека сум недопирлив во Реал, ни кога бев играч, а ни сега кога сум тренер“.
Натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја-Реал Мадрид ќе започне во 16.15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Живот на кредит во Барса – должи 126 милиони евра на 19 клуба за трансфери!

Финансиските проблеми на Барселона повторно се појавија во јавноста кога финансискиот извештај на каталонскиот гигант потврди дека овој клуб должи фантастични 126 милиони евра за трансфери на дури 19 клуба.
Од овој долг, огромна сума од 29 милиони евра е на Ливерпул како дел од трансферот на Филипе Кутињо пред три години, најголемиот во историјата на Блауграна. Барса плати 118 милиони евра од вкупната цена од 160 милиони евра одеднаш, а остатокот го плаќаше на рати.
Освен на Ливерпул, од поголемите суми Барселона уште им должи на францускиот Бордо 10 милиони евра за Малком, 8 милиони евра на бразилскиот Гремио за Артур Мело и 15,5 милиони евра на Ајакс за Френки де Јонг.
Финансиските проблеми на Барселона поради пандемијата на коронавирусот не се тајна откако минатата недела клубот побара од повеќе големи шпански банки да се репрограмира нивниот долг за да се избегне банкрот, а шпекулациите велат дека долгот на клубот се доближува до магичната сума од милијарда евра.
Барса во економска криза, бара одложување на плаќањето на долговите
Долгот на Барселона се доближува до магичната бројка од милијарда евра
Спорт
Катар ги „стопираше“ Аргентинците, сега има надеж и за Хрватите!

Катар го изддржа фуриозниот напад на Аргентинците во првото полувреме, за во интересна завршница да ги совлада Јужноамериканците со 26:25 и да ги заддржи надежите за пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, и во исто време да ги остави Хрватите во „живот“.
Аргентина имаше огромно водство во првото полувреме, но Катарците полека се вратија во игра до крајот на полувремето, пред потоа да ја преземат контролата на мечот. Сепак, неизвесно беше до самиот крај, кога Аргентинците имаа шанса со гол да стигнат до реми и до пласман во четврт-финалето.
Сега, последниот патник меѓу најдобрите осум репрезентации на светот ќе се одлучува на мечот Данска-Хрватска во 20.30 часот. Доколку Хрватите успеат да стигнат до победа над првопласираниот тим во групата, ќе се пласираат во четврт-финалето, каде што ќе играат со Шведска. Меѓутоа, доколку одиграат нерешено или загубат, тогаш Катар се пласира понатаму.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 27.01
Данска – Египет
Шведска – Втора група второпласиран
Шпанија – Норвешка
Франција – Унгарија
СП РАКОМЕТ 2021, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Бразил – Уругвај 37:17 (18:7)
Шпанија – Унгарија 36:28 (21:14)
Полска – Германија 20.30 ч.
Табела: 1.Шпанија 9, 2.Унгарија 7, 3.Германија 4, 4.Полска 4, 5.Бразил 3, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2
Бахреин – Јапонија 25:29 (12:19)
Аргентина – Катар 25:26 (13:12)
Данска – Хрватска 20.30 ч.
Табела: 1.Данска 8, 2.Катар 6, 3.Аргентина 6, 4.Хрватска 5, 5.Јапонија, 6.Бахреин 0
Спорт
Ексфудбалерот на Ливерпул, Агер, демантира дека е уапсен во Москва

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер, мораше да демантира дека бил уапсен во Москва на протести против претседателот Владимир Путин, како што јавија некои од руските медиуми.
Руските извори тврдеа дека Агер бил уапсен во саботата во Москва на протест за поддршка на Алексеј Навални, лидерот на опозицијата, кој беше затворен по враќањето во Русија, а дури се појавија и документи со името „Д М Агер“, кој се појавил пред судот во Москва.
Сепак, бизарната приказна стана уште побизарна кога рускиот портал „База“ потврди дека се работи за Дмитриј Кендрел, човек што го сменил своето име во чест на данскиот репрезентативец во 2009.
„Има некоја конфузија. Никогаш не сум кажал дека има само еден Даниел Агер, а сега тоа се потврди. Даниел Агер во Москва не сум јас. Јас сум добро и сум во Шпанија“, напиша Агер на „Твитер“.
“There is a bit of confusion out there. I have never said: “ There is only one Daniel Agger.” And now we know for sure. The Daniel Agger mentioned in an incident in Moscow is not me.” I’m safe and sound in Spain ☀️🇪🇸
— Daniel Agger (@DanielAgger) January 25, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот