Спорт
Зидан по катастрофата од Атлетико: Поразот боли, но не ме загрижува
Реал Мадрид доживеа дебакл од Атлетико, во натпревар одигран во САД во рамките на Меѓунардониот Куп на шампионите. Иако се работи за подготвителен натпревар, поразот од 7-3 е нешто што никогаш не им се случило на „кралевите“ кога против себе ги имале градските ривали. „Не сум загрижен, иако ваков пораз боли“, реко тренерот Зинедин Зидан по мечот.
Тренерот на Реал, со оглед на она што го покажаа неговите избраниците не бил расположен за разговор со новинарите. Атлетико имаа 5-0 на полувреме и 7-1 во 85 минута. Двата гола што во финишот ги постигнаа Бензема и Санчез не го поправија впечатокот.
„Кога ќе почне сезоната работите ќе бидат поинакви и сигурно ќе бидеме мотивирани. Не се сомневам дека ќе имаме добра сезона. Денес не можеме да бидеме среќни, но сигурен сум дека имаме екипа која ќе им биде конкурент на сите тимови во светот“, рекол Зидан и дополнил.
„Она што се случи сега не ме загрижува, но ваков пораз боли. Се случи и не можеме да избегаме од тоа. Лошо влеговме во мечот, по девет минути губевме 2-0. Тешко ни беше да се вратиме и тие го искористија тоа. Немојте да си мислите дека играчите не се свесни што се случи, разочарани се, јас верувам во нив и знам дека нема да ме изневерат. Мораме да бидеме мирни, ова е само подготвителен натпревар“, рекол Зидан.
foto/epa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…