Спорт
Златан го советувал Мбапе: Не му ја мисли оди во Реал

Златан Ибрахимовиќ, открил дека му дал совет на Килијан Мбапе каде треба да ја продолжи кариерата. Ибрахимовиќ нема дилема дека Мбапе треба да се пресели во Реал Мадрид.
Според она што го пишуваат медиумите, Мбапе има голема желба да го облече дресот на Реал. Ибрахимовиќ го советува да си го оствари сонот.
„Мбапе ме праша за мислење околу неговата иднина и што треба да направи. Му реков дека да сум на неговото место би се пресели во Реал. Лесно е кога играш во својата земја, дури кога ќе заминеш во странство можеш да почувствуваш авантура и да созрееш како фудбалер“, рекол Ибрахимовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е за свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.