Спорт
Зверев го нападна АТП: Апсолутен срам
Германецот Александар Зверев беше убедливо поразен од Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Мадрид (6:3, 6:1), а за лошото издание ги обвини АТП и распоредот на натпреварите.
Третиот играч во светот имаше пет двојни сервис грешки за 64 минути игра, бројни неизнудени грешки, на вториот сервис освои само 25 отсто од поените.
Зверев, во неделата околу 1 часот по полноќ го заврши полуфиналниот дуел со Стефанос Циципас, а ноќта претходно до по полноќ траеше и дуелот со Фелискс Оже-Алијасим.
„Морам да кажам дека срамен е начинот на кој АТП работеше оваа недела. Пред два дена си легнав во 4:00, 4:30 наутро. Вчера легнав во 5:20 часот наутро“, вели Зверев.
„Ако некоја нормална личност оди да спие една вечер во 4 часот наутро, следната вечер во 5 часот наутро, ќе и биде тешко само да биде будна, а јас го играв финалето против Алкараз, кој е најдобар играч за мене во моментов. светот“.
И покрај се, Германецот признава дека можеби и во идеални услови немала да го победи 19-годишниот Шпанец, но верува дека би играч многу подобро.
„Немав координација кога сервирав, немав координација на ударите… Немав апсолутно никаква шанса. Немав апсолутно никаква шанса да играм на моето ниво. Ова не се случува прв пат. Играв во Акапулко до 5:00 часот и бев буден до 8:30 наутро. Да бидам искрен, малку сум уморен од тоа“.
На Зверев му пречи што сите зборуваат за убедлив пораз, а никој не ги спомнува пречките со кои се соочил.
„Во Мадрид ми беше одземена шанса и на крајот на денот сите забораваат на тие работи. Никој не зборува за тоа. Сите велат: „Да, тоа беше лош натпревар, направив двојни грешки, не играв добро и сето тоа.“ Но, погледнете што се случи претходните денови. Погледнете што се случува зад сцената. Мислам дека не е многу фер“, заклучи Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.