Студио
Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите во лекувањето на децата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Интервју) Трајанов: Османи ѝ прави штета на државата со својата политика на коленичење

Дипломатијата на коленичење не дава резултати, дециден е лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во интервју за „Макфакс“.
„Не прифаќам изјава на министер за надворешни работи, за него да не е битно што ќе каже натепаниот, а не му е битно ни што ќе кажат институциите во сопствената држава, да ги негираш институциите. Тезите на Османи се на штета на државните интереси и тоа кажува дека ова е политика на коленичење, се ставаме во подредена положба на Бугарија“, вели Трајанов коментирајќи ги последните случувања во односите со Бугарија.
На прашањето дали треба да стравуваме од ново вето од Бугарија, лидерот на ДС одговара: „Ако се сложиме да го смениме Уставот, тогаш во моментот кога ние ќе прифатиме уставни промени, наредниот ден ќе имаме ново барање со закана за вето и тоа Бугарија ќе го практикува постојано. Сè дури има негација, навреди и условувања за процесот за ЕУ, тогаш залудно ќе биде што и да направиме“.
ДУИ е во криза и треба да си ја плати цената затоа што во една ваква ситуација ја ризикува позицијата на Владата, додава Трајанов на прашањето кој треба да отстапи од министерката позиција на сметка на Алијансата за Албанците доколку влезат во власта.
Тој ја повтори тезата за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта.
Сега, оценува Трајанов, тој принцип е нарушен, а тоа во иднина ќе предизвика дополнителни проблеми и ќе дојде нарушување во внатрешната меѓуетничка кохезија.
ДУИ, како што вели Трајанов, треба да процени и да отстапи најмалку две министерства доколку Алијансата за Албанците влезе во власта.
За идејата на ДУИ за заеднички европски фронт, Трајанов дециден: Тоа е една опасна флоскула и манипулација со јавноста, божем прават сојуз за Европа. Постои некој, не сакам Албанците да ги навредам, но тоа го користат за некаков сојуз со Бугарија и да биде на штета на националните интереси на Македонија. Не верувам дека тука има некаков заговор, но така може да се прочитаат тие определби. Бугарија бара отворање на Уставот, ама сега еве и Албанците бараат да влезат“.
Ниту Ковачевски ниту Ахмети не треба да има монопол врз процесот на евроинтеграцијата, за него треба да има поширока поддршка, додава Трајанов.
За американската црна листа, за безбедносната состојба во државата, борбата со корупцијата и слично во интервјуто за „Макфакс“, Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз.
Македонија
(Интервју) Моника Зајкова: Постојат недопирливи политички моќници, одговорноста мора да има име и презиме

Свесно влегов во политичкиот предизвик. Некој ќе каже во време-невреме, меѓутоа не можеме сите да стоиме на страна и да ги гледаме работите од страна. Треба да влеземе во системот и да го поправаме она што не чини или да го пофалиме она што е добро“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Макфакс“.
Образованието и правосудството, оценува таа, се ресори каде постојат најгорливите проблеми, и таму треба да се делува.
„Ако сакате да уништите една нација, уништете ѝ го образованието. Ако сакате да има стагнација во една држава, треба да има уништен правосуден систем, бидејќи тој е темелот на сѐ она што понатаму се случува. Тука треба повеќе да работиме“, подвлекува претседателката на ЛДП, најавувајќи нови иницијативи, конкретно во судството.
„Тука ќе опфатиме дел од сите правосудни органи, од Законот за јавнообвинителска служба, Законот за јавни обвинители, Судскиот совет, кој што никој не го допрел. Но и често напоменувам и тука ќе напоменам, секоја одговорност мора да има име и презиме. И мора да престанеме со онаа генерална слика: „Не чини судството, не чини обвинителството“. Не. Мора да ја детектираме одговорноста и таа одговорност да биде санкционирана“, додава Зајкова.
Според неа никој не треба да се плаши од реформите.
„Затоа што се стекнува слика за тоа како самите политичари се плашат да се реформираат, како да имаат нешто да сокријат“, истакнува Зајкова, не негирајќи дека во државата има недопирливи политички моќници.
„Може да се сложиме да, има. И не за џабе се стекнала сликата дека има недопирливи политички моќници, затоа што де-факто, постојат такви луѓе“, вели таа.
ЛДП ќе ги поддржи уставните измени, потенцира Зајкова, појаснувајќи дека не е добро да се игра на етничката карта.
„Не е добро никогаш да играме на етничката карта и разгорување на тие емоции, затоа што тоа е само поигрување со емоциите и на долг рок, популизмот и таквата политика не носи никому добро. Ќе останеме заглавени во минатото, а треба да се движиме напред, бидејќи гледаме дека сите околу нас се движат напред. И не треба да се користат уставните измени како прашање кое што повторно ќе го дели народот, а гледам дека натаму оди реториката“, истакнува Зајкова, додавајќи дека со ЛДП не е разговарано за проширување на коалицијата.
Дали ќа има изненадувања и нови имиња во редовите на ЛДП, за новите иницијативи, за смената на Милевски, дали Европа води уценувачка политика за влез на Македонија во ЕУ и слично, во интервју за „Макфакс“, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
.
Македонија
(Интервју) Ристо Пенов: Позитивно сум изненаден од Арсовска, Владата треба да ѝ помогне

Проблеми во децентрализацијата постојат, истакна Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, во интервју за „Макфакс“.
„Ние имаме проблем што и ова ниво на децентрализација локалните самоуправи не успеваат да го менаџираат. Како навлегуваме во анализите на работењето на општините, откриваме дека се работи за тотален miss menagment. Станува збор за недостиг на капацитет кај човечките ресурси, станува збор за популизам. Тука е покажано незнаење, неумеење или несакање“, додава Пенов.
Според него, општините во 2021 година ги намалиле капиталните инвестиции, а го зголемиле долгот.
Изразува надеж дека е ставен крај на политичките пресметки и на кавгите во Град Скопје.
„Се надевам дека го допревме дното во тие расправии во Град Скопје и дека ќе почне нешто да се случува. Секогаш сум оптимист иако немам многу факти за да го потврдам мојот оптимизам“.
„Морам да кажам дека сум изненаден од нивото со кое Арсовска ги владее проектите. На маса ги владее. И не ми е јасно како со такво владеење во детали на проектите резултатите ги нема. Од владин аспект ние сакаме да ги лоцираме проблемите онаму кај што можеме да влеземе. Очигледно ова е политичка расправа и во неа нема да влеземе да го одврзуваме проблемот помеѓу ВМРО и кандидатката на ВМРО. Ние сакаме проекти. Проекти има, но тие не се реализираат“, дополни Пенов.
На прашањето дали може да се случи нова територијална поделба, Пенов вели:„ Се работи на неа, но во оваа политичка атмосфера на блокиран парламент и на запалена политичка атмосфера мислам дека една таква тема ќе ја разгори само политичката битка како што беше во 2004 година. Денес се наметнува потребата од промена на односите поради резултатите од пописот, има општини што се намалуваат. Се работи на таа т.н. асиметрична децентрализација“.
До каде е случајот со приватните превозници, дали и како менаџираат Арсовска и градоначалниците на другите општини во државата, што беше пресудно за неговото враќање во политиката, за носењето на уставните измени и слично, во интервју за „Макфакс“ министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.