Контакт

Свет

Авганистанскиот напаѓач со нож во Виена доби доживотна казна затвор

Објавено пред

Момчето што прободе четири лица во нападот со два ножа во австрискиот главен град Виена на 7 март беше осуден на доживотен затвор во четвртокот, пренесува „Локал“. Дваесет и тригодишниот авганистански државјанин беше прогласен за виновен по четири точки за обид за убиство. Напаѓачот не се повика на никаква политичка мотивација за своите постапки.

Една брачна двојка и нивната 17-годишна ќерка претрпеа тешки повреди во првиот напад во близина на метростаницата „Нестројплац“ преживувајќи благодарение на брзата реакција на службите за итна медицинска помош. Напаѓачот потоа се упатил кон областа Пратерштерн и го пробол својот дилер на дрога кого го обвинил за својата тажна животна ситуација, посочија обвинителите.

Напаѓачот помеѓу нападите се соочил со еден минувач кој останал неповреден. Осомничениот за оваа средба бил осуден дополнително за принуда.

За време на судењето одбраната се обиде да ги прикаже настаните како резултат на психоза предизвикана од дрога зашто напаѓачот консумирал три грама кокаин и неколку таблети „екстази“ пред нападите. Медицински експерт сведочеше дека во крвта на обвинетиот била пронајдена и мала количина ТХЦ, психоактивна состојка во канабисот.

Психијатарот Петар Хофман изјави пред судот дека нема причина да го прими напаѓачот на лекување и дека нападите биле „дивеење, кое, за жал, сè повеќе и почесто се случува во денешно време“.

Напаѓачот и неговиот одбранбен тим рекоа дека планираат да поднесат жалба на казната.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Објавено пред

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата.

Канадската медиумска мрежа Си-би-ес јави дека станува збор за семејство на сириски бегалци и дека децата биле на возраст од три месеци до 17 години.

Еден маж и жена се повредени во пожарот и се префрлени во болница.Полицијата и пожарникарите ја немаат соопштено причината за пожарот.

Очевидците велат дека слушнале бучава од куќата каде што избувнал пожарот, а потоа виделе една жена и еден човек како трчаат во дворот.

„Мајката беше во тревникот, се молеше и ги кршеше рацете и го молеше својот сопруг да побара помош“, рече соседот Даниел Барт.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Објавено пред

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според првичните информации, не се поврзува со тероризам.

Напаѓачот се обидел со пиштол да пука кон полицијата, но бил смртно застрелан.

Човекот ранил двајца во трамвај и две лица на улица, од кои еден има сериозни повреди.
Нападот од нож се случил во попладневните часови на прометна улица во центарот на пристанишниот град, втор по големина во Франција.

Полицијата соопшти дека отвориле оган врз напаѓачот кога им се заканувал со оружје.

Причината за нападот не е позната.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија најави нова флота во регионот на Арктикот

Објавено пред

Во наредната декада армијата на Велика Британија ќе ангажира поголем број војници на Арктикот со цел да ги одврати руските закани, соопшти секретарот за безбедност на Британија, Гевин Вилијамсон.

Според Вилијамсон, новата флота авиони „П8 посејдон“ ќе лета преку Арктикот со цел да спречува активности од страна на руските подморници.

„Без оглед на тоа дали ќе ги зајакнуваме нашите способности на температури под нулата, ќе учиме од нашиот долгогодишен сојузник Норвешка или, пак, ќе надгледуваме активности на подморниците, во секој случај држиме будно око за новите предизвици“, изјави Вилијамсон.

Вилијамсон вели дека активностите на Русија со подморници се зголемиле за десетпати во последните неколку години и дека во 2017 Кралската воена морнарица морала да пресече дури 33 руски бродови кои се приближувале кон водената територија на Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа2 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија3 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток6 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија6 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија6 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија7 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија8 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија9 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија9 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија10 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток10 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток11 час

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ11 час

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет12 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија12 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет12 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет13 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие