Контакт

Европа

Авиокомпанија казни патничка со 94.000 евра поради опасно однесување

Објавено пред

Патничка на една авиокомпанија доби глоба од 85.000 фунти (94.000 евра) поради исклучително опасно однесување, објави „Евроњуз“.

Авиокомпанијата „Џет 2“ рече дека 25-годишната Клои Хајнс морало да биде задржана од персоналот и сопатниците на летот до Турција, а нејзиното агресивно, навредливо и опасно однесување вклучувало обид да ги отвори вратите на авионот за време на летот.

Кралското воено воздухопловство (РАФ) веднаш наредило два борбени авиона „тајфун“ да бидат испратени да го придружуваат летот назад кон аеродромот „Станстед“ доведувајќи до пробивање на звучната бариера. Локалната полиција објави дека набргу потоа добила голем број повици поради звукот што потсетувал на експлозија.

Хајнс била уапсена веднаш по пристигнувањето на „Станстед“ под сомнение за напад, криминална штета и загрозување летало, потврди полицијата во Есекс неколку дена по инцидентот на 22 јуни. Тие исто така додадоа дека Хајнс била ослободена со кауција до 30 јули.

Авиокомпанијата исто така ѝ додели доживотна забрана за летање на Хајнс.

„Се надеваме дека овој отрезнувачки инцидент со сериозни последици дава предупредување до другите што мислат дека може да се однесуваат на овој начин“, додаде тој.

Европа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Објавено пред

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска држава кои се од белгиска националност.

Децата, на возраст од седум месеци до седум години, треба да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите.

Според решението на Судот, ако владата не даде конзуларна помош и документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете.

Белгискиот министер за правда, Коен Гинс, изјави дека Владата е подготвена да ги земе децата сè додека не мора да ги врати во Белгија и нивните мајки.

Прикажи повеќе...

Европа

Хемиски напад во Парламентот на Грузија

Објавено пред

Парламентот во Грузија ја прекина работата на четири часа откако во објектот била испрскана супстанца со непријатен мирис. Претседателот на Парламентот, Арчил Талакваѕе, рекол дека се работи за хемиски напад.

Неколкумина се пожалиле дека им се слошило, но никој не е сериозно повреден, а полицијата отворила истрага.

Подоцна, учесник на граѓанското протестно движење „Шејм“ навел дека успеал да испрска антисептичка течност, која ја користат ветеринарите, за да ја наруши работата на Парламентот непосредно пред гласањето за именување на судии на Врховниот суд, кои опозицијата ги нарече провладини судии.

„Сакавме да покажеме дека нашиот парламент смрди“, рекол Нодар Рукхаџе, лидерот на движењето „Шејм“, кое соработува со демонстрантите, а кое се залага за пропорционален изборен систем.

Промената на системот е закажана за 2024 година, но опозицијата бара да се воведе порано.

Прикажи повеќе...

Европа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тунберг реагира на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“ пишувајќи дека е тинејџерка што работи на својот проблем со контрола на гневот и во моментот ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазонија.

„Грета вели дека Индијците умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.

Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени Fridays for future. Движењето смета дека светските власти не прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија во 100-ина града во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет8 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт9 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија12 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа13 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија13 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија14 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија15 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија16 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија16 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија17 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет18 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет18 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион20 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет20 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет20 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет20 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт1 ден

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие