Контакт

Свет

Авион на „Бангладеш ерлајнс“ се урна на фудбалски терен

Објавено пред

Авион од Бангладеш се урна во непосредна близина на меѓународниот аеродром во Катманду, информира „Индипендент“. Според тековните податоци, во авионот имало 67 патници.

Очевидци на аеродромот велат дека виделе огромен облак од чад над местото каде што се урнало леталото. Портпаролот на аеродромот за локалните медиуми изјавил дека авионот не успеал да слета на пистата и дека се урнал на фудбалски терен во близина на аеродромот. Тој исто така нагласил дека во несреќата има повеќе жртви.

Според податоците со кои располага „Ројтерс“, пак, во авионот имало 67 патници, плус членовите на екипажот.

Свет

Поранешен шеф на ФБИ: Трамп е руски сојузник

Објавено пред

Поранешниот шеф на ФБИ, Ендру Мекејб во емисија на Си-ен-ен изјавил дека е можно претседателот Доналд Трамп да е руски сојузник.

„Мислам дека е можно. Мислам дека тоа е причина затоа што почнавме наша истрага. Многу сум загрижен околу тоа каде ќе заврши таа истрага“, рекол Мекејб.

Како што пренесува Си-ен-ен, изјавата на Мекејб е само уште една бомба во низата, откако во неделата во интервју за Си-би-ес рекол дека заменикот министер за правда, Род Росестејн, разговараше за отстранување на претседателот Трамп од функцијата во 2017 година. Мекејб рекол дека Росестејн бил толку загрижен со одлуката на Трамп да го отпушти директорот на ФБИ – Џејмс Коми во 2017 година, поради што разговарал за поттикнување на членовите од кабинетот на Трамп, да активираат 25 уставни амандмани и да го отстранат Трамп.

Мекејб ја промовира својата книга, која штотуку излезе и веднаш стана бестселер. Во книгата е опишано како е да се работи во ФБИ, откако почнал Трамп да им шефува. Си-ен-ен додава дека описите во книгата се многу детални и живописни, а се однесуваат на неговата интеракција со високи функционери во Белата куќа и Министерството за правда.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово најави отворање амбасади во четири земји

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека планира да отвори амбасади во Тајланд, Бангладеш, Колумбија и Гана, наведуваат приштинските медиуми.

Амбасадите ќе бидат отворени годинава, поради продлабочена соработка и партнерство со овие земји, соопшти Министерството.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан ги ослободи мајките од плаќање даноци и кредити

Објавено пред

Соочен со падот на бројот на жители во Унгарија, населувањето му е последна работа на ум на премиерот Виктор Орбан. Наместо тоа, смисли план што би требало да ги поттикне Унгарките да раѓаат деца.

Тој го откри акцискиот план за заштита на семејството во седум точки, кој предвидува поттикнување на младите брачни двојки да имаат деца. Но, мислењата се поделени околу тоа дали планот ќе го има посакуваниот ефект, додека дел од критичарите, во неговиот план гледаат загрижувачки историски одек.

Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.

„Тоа е одговор на унгарскиот народ, а не на миграцијата“, рекол Орбан, кој е татко на пет деца, во неговиот говор за состојбата на нацијата, поздравен со голем аплауз и воодушевување.

„Со тие пари, јас и мојот партнер конечно можеме да размислуваме за купување стан“, рекла 24-годишна Унгарка, наставничка во Будимпешта и мајка на мало девојче. Таа додала дека планираат братче или сестриче, а сега може да имаат две или дури и три деца.

Дел од експертите и натаму се скептични дека владината мерка долгорочно ќе има низок степен на наталитет.

„Порастот на фертилитет е остварен и поради ставање крај на економската криза“, рекол експерт, кој сакал да остане анонимен. Според него, поголем проблем е големата миграција од над половина милион луѓе од 2010 година и што е клучно, падот на бројот на фертилни жени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ33 минути

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија2 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија2 часа

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија3 часа

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион3 часа

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија4 часа

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Македонија4 часа

Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија...

Свет5 часа

Ердоган: Турција не ќе може сама да се справи со нов бегалски бран од Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран...

Свет5 часа

Најмалку четворица повредени откако лавина зафати швајцарски скијачки центар

Четири лица беа повредени, од кои еден е во критична состојба, откако лавина ја погоди скијачката патека „Плен мор“ во...

Свет6 часа

Французин осомничен за десетици убиства, се истражува дали е поврзан со исчезнувањето на 40 лица

Француските иследници идентификувале околу 40 нерешени случаи на исчезнати лица и други нерешени случаи кои се можеби поврзани со поранешен...

Свет17 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа18 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија18 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија20 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток21 час

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија21 час

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија21 час

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија23 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Досие