Контакт

Свет

Авион принудно слета во Гвајана, најмалку шест патници се повредени

Објавено пред

Најмалку шест патници се повредени рано утринава кога авион на „Флај Јамајка“ принудно слета на аеродромот во Гвајана.

Авинот требало да лета до Торонто.  Во авионот имало 120 патници и осум членови на екипажот.

Тој од полетувањето па сè до принудното слетување летал само 20 минути, по што пилотот јавил дека има проблеми со хидрауличниот систем, објавија официјални лица од Гвајана на прес-конференција, објави „Ројтерс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нетанјаху: Неодговорно би било распуштање на владата и предвремени избори

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ќе биде неодговорно да се распушти владата и да се закажат предвремени избори.

Нетанјаху рече дека во секој момент се очекува , министерот за образование, Нафтали Бенет да објави дали неговата партија, Еврејскиот дом, ќе се повлече од коалицијата, објави АП.

Ако Бенет се одлучи за повлекување, тоа ќе предизвика пад на владата и нови избори.

Бенет се закани дека ќе се повлече од коалицијата, бидејќи не се согласува со мировниот договор постигнат со екстремистите од Хамас минатата недела.

Поради договорот што Нетанјаху го постигна со Хамас, израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка.

Израелскиот премиер, исто така, рече дека ќе стори сé што може за да ја заштити земјата, без оглед на одлуката на неговиот коалициски партнер.

Прикажи повеќе...

Свет

Отворена најбрзата пруга во Африка

Објавено пред

Мароканскиот крал Мохамед шести и францускиот претседател Емануел Макрон ја отворија железничката пруга за брзи возови Тангер – Казабланка. Пругата е претставена како најбрза во Африка и е симбол на партнерството меѓу Париз и Рабат.

Возовите на новата линија, според најавите би требало да почнат првите патници да ги превезуваат на крајот на ноември, а 350-те километри меѓу двата економски центри во Мароко ќе се поминат за околу два часа.

Возот тргна од огромната реновирана железничка станица во Тангер и за нешто повеќе од еден час пристигна во Рабат, пред предвиденото време. Според најавите на медиумите, првиот марокански брз воз го пореметил сообраќајот на обичните возови.

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај побарал до Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.

Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии што граѓани не можат слободно да се движат.

„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.

Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа38 минути

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија38 минути

Анѓушев, наместо Заев на работниот појадок кај Курц

Во Виена започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион39 минути

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион, најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово...

Економија1 час

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија2 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија3 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија4 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија15 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт15 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа18 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести19 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет21 час

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија22 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Досие